Достапни линкови

Трамп и политичкиот ќор-сокак во Конгресот


Што има во обраќањето на Трамп за состојбата на нацијата?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:15 0:00

Што има во обраќањето на Трамп за состојбата на нацијата?

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Конгресот треба да го одржи неговиот втор говор за состојбата на нацијата. Се очекува тој да се фокусира врз имиграцијата, конфликтите на Блискиот Исток и силната американска економија.

Претседателот Трамп, исто така, ќе го повика Конгресот да му достави легислатива за финансирање на инфраструктурни проекти, ќе ги запознае конгресмените со трговските разговори меѓу Соединетите држави и Кина и ќе ги поттикне да го одобрат неговиот трговски пакт со Канада и Мексико, кој ќе го замени Северно-американскиот договор за слободна трговија, НАФТА.

Како и да е, на половина пат од неговиот прв мандат, политиката на претседателот Доналд Трамп „Америка на прво место“ се соочува со многу стресови на меѓународната и на домашната сцена.

Тој, според извадок од говорот што го објави Белата куќа, ќе му порача на американски конгрес дека републиканците и демократите можат да го „надминат деценискиот политички ќор-сокак“.

„Заедно можеме да ја скршиме децениската политичка состојба, можеме да ги надминеме старите поделби, да ги излекуваме старите рани, да градиме нови коалиции и нови решенија за иднината на Америка“, се наведува во дел од обраќањето на Трамп пред двата дома на Конгресот, до кој доаѓа во време на растечка политичка битка меѓу него и демократите.

Таа кулминираше по инсистирањето на Трамп и по одбивањето на Конгресот да одобри буџет во кој ќе бидат предвидени над 5 милијарди евра за изградба на ѕид на границата со Мексико.

Тоа пак, како последица доведе до делумна блокада на владата која траеше 35 дена и беше најдолга во американската историја.

„Ќе ти кажам нешто: Горд сум да ја затворам владата за безбедноста на границите, Чак, бидејќи луѓето од оваа земја не сакаат криминалци и луѓе кои имаат многу проблеми и дрога што ја префрлаат во нашата земја“.

Обраќањето на Трамп беше планирано неколку дена пред истекот на блокадата. Меѓутоа, спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси од Демократската партија која има мнозинство во овој дом го отфрли тоа се додека Трамп не ја прекине владината блокада.

Трамп го направи тоа, но само до половината на овој месец по што, како што се закани, може повторно делумно да ја блокира владата или пак да воведе вонредна состојба со цел да почне изградбата на ѕидот.

Трамп тоа на некој начин го сигнализираше на средба со новинарите која се одржа деновиве.

„Ќе го слушнете обраќањето за состојбата на нацијата и потоа ќе видите што ќе се случи. Ќе бараме вонредна состојба бидејќи не мислам дека нешто ќе се случи со демократите во Конгресот“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG