Достапни линкови

Обраќање на Трамп за состојбата на нацијата: пофалби и поделби


Трамп со пофалби, Пелоси го скина неговиот говор
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:42 0:00

Трамп со пофалби, Пелоси го скина неговиот говор

Обраќањето за состојбата на унијата на претседателот Доналд Трамп стана шокантно прикажување на поделбите меѓу неговите републиканци и демократите во Конгресот, Спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси по обраќањето на Трамп ја искина нејзината копија од говорот.

Гестот на Пелоси на самиот крај ја потенцираатмосферата во Капитол хил по 78 минутното обраќање на Трамп.

Наместо она што традиционално е годишен момент за политичко примирје, оваа состојба на нацијата ја потенцира политичката војна во земјата пред изборите во ноември.

Трамп сè уште беше на подиумот, кога Пелоси, стоејќи веднаш зад него, ги крена документите и демонстративно ги искина на парчиња.

Запрашана зошто го направила тоа таа изјави:

„Затоа што тоа беше љубезно да се направи, со оглед на алтернативите“.

Говорот започна со онолку лутина со колку што заврши, бидејќи Трамп го игнорираше вообичаениот протокол и одби да се ракува со Пелоси, која како спикер на Претставничкиот дом го предводеше притисокот за импичмент на Трамп за злоупотреба на службената должност.

Таа подаде рака кон него, но Трамп се оддалечи.

Во основата на целата напнатост е фактот дека по неколкумесечните истраги за импичмент во Претставничкиот дом предводен од демократите, Сенатот со републиканско мнозинство сега е скоро извесено дека ќе да го ослободи Трамп.

Голем дел од говорот на Трамп беше посветен на неговата, како што рече, успешна економска политика.

„До оние што вечерва гледаат дома, сакам да знаете: Ние никогаш нема да дозволиме социјализмот да ја уништи американската здравствена заштита “.

Трамп рече дека дека неговата политика за дерегулација и намалување на даноците - критикувани од противниците како удар за животната средина и фаворизирање на богатите над сиромашните - се одговорни за „неспоредливиот“ економски успех.

Тој притоа ги наведе северноамериканскиот трговски пакт и трговскиот договор со Кина,

„Со децении, Кина имаше предност пред Соединетите држави. Сега го сменивме тоа, но во исто време, го имаме можеби најдобриот однос што некогаш сме го имале со Кина, вклучително и со претседателот Си“.

Трамп исто така ги наведе големите воени трошоци, „невидените“ мерки за запирање на нелегалната имиграција и неговиот обид да се „стави крај на војните на Америка на Блискиот исток“ како примери за исполнување на неговите обврски кон гласачите.

Тој во говорот не го спомна ниту еднаш зборот „импичмент“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG