Достапни линкови

Студентите – жртви на сопствената кауза


Катерина Селамовска, Политиколог, Ко-основач и претседател на Студентска организација Магнум Опус и Активист
Катерина Селамовска, Политиколог, Ко-основач и претседател на Студентска организација Магнум Опус и Активист

Незадоволните студенти, кои ги предводеа протестите во 2016 година, рекоа дека ќе се активираат ако работите не се оддалечат од мртвата точка. Но, за разлика од пред 5 години, нивната цел овој пат нема да биде Никола Груевски, туку Зоран Заев, пишува активистката Катерина Селамовска.

Шарената револуција беше поттикната од страна на граѓаните, но некои поединци ја искористија за остварување на сопствена агенда притоа директно навредувајќи ги и анулирајќи ги напорите на чесните учесници кои се бореа да создадат подобра иднина за генерациите и за создавање на просперитетно општество засновано на демократски вредности.

На 27 април 2016, Глобал Војсес ја објавија веста за појавата на новото движење чијашто основна цел беше подигнување на политичката свест на граѓаните и создавање на општество кое ќе се базира на демократско-либерални вредности. Повеќе од две недели десетици илјади македонски граѓани од повеќе градови излегоа да протестираат заедно против државната корупција и неказнивост. Движењето беше насловено под името „Шарена револуција„ поради тоа што демонстрантите фрлаа боја на владините објекти и националните споменици.

Меѓутоа, факт е дека Шарената револуција започна пред 2016 година.

Во март 2009 храбри студенти протестираа против режимот на авторитарната влада на Никола Груевски. Меѓутоа, тензиите брзо ескалираа и протестот беше запаметен како првиот протест кој резултурал со физичка пресметка.

Новинарите, професорите, артистите, пензионерите не останаа пасивни набљудувачи. Тие ги поддржаа барањата и се присоединија кон борбата која ја започнаа студентите. Тие млади и стари демонстранти кои се сретнаа на улиците и се до тој момент немаа ништо заедничко, споделуваа еден заеднички идеал – сонот за подобра иднина.

Доста ми е од страв, сакам слобода беше слоганот на студентите за време на демонстрациите. Впечатокот дека имаме пасивна и незаинтересирана младина беше побиен од страна на студентите за време на протестите во ноември 2014 година против измените во Закон за високо образование.
Блокадите на факултетите, Студентскиот пленум, Професорскиот пленум беа знак дека се уште критичката мисла во Македонија постои.

Но, дали оние кои излегоа на улиците барајќи правда и слобода, останаа огорчени и со чувство на предавство од новата влада? Според Џорџ Орвел, „сите револуции пропаѓаат, но не сите пропаѓаат на ист начин“.

Шарената револуција беше поттикната од страна на граѓаните, но некои поединци ја искористија за остварување на сопствена агенда притоа директно навредувајќи ги и анулирајќи ги напорите на чесните учесници кои се бореа да создадат подобра иднина за генерациите и за создавање на просперитетно општество засновано на демократски вредности.
Сепак, најмногу страдаат младите. Студентите станаа жртви на сопствената кауза. Ништо не е сменето. Ситуацијата е уште полоша.

„Ќе ја нормализираме нашата земја, ќе ги вратиме институциите, ќе создадеме квалитетни работни места за да го вратиме овој моќен ресурс во земјата - младата популација и заедно ќе ја градиме иднината на нашето општество“, најави Зоран Заев во октомври 2016 година.

Но, за само три месеци по преземањето на функцијата Премиер на Република Македонија, 20.000 млади луѓе кои ја претставуваат иднината на Македонија, се иселија.

Студентскиот стандард значително се влоши. Според одлуката на администрацијата, бројот на оброци за студентите се намали за еден, што значи дека студентските трошоци ќе се зголемат. Тој оброк до сега го покриваше државата, но според новите правила тие трошоци ќе бидат покриени од џебовите на студентите.

Инаку, оброците се прилично скромни и „се состојат од парче леб, путер и мармалад за појадок и парче бифтек и чорба за ручек“, рече Б.М., студент сместен во еден од државните кампуси.

„Покрај тоа, хигиената во студентските домови е минимална. Просто кажано, условите се ужасни. Во неколку наврати, студентите кои живееја во студентскиот дом „Кузман Јосифовски“ остануваа без вода и струја. Ѓубрето се остава несобрано и по неколку месеци“, дополнува Б.М.

Понатаму, СДСМ не го поддржа Законот за издавање ваучери, кој е еден од многуте проекти на младината на ВМРО-ДПМНЕ, со што студентите останаа без можност да добијат 18,600 денари за да набават компјутер.

Младите велат дека се чувствуваат изневерно и разочарано од лагите на Зоран Заев, Шекеринска и целата структура на СДСМ. СДСМ долго време ја обвинуваа ВМРО-ДПМНЕ дека работи против студентите, но факт е дека „режимот“ на Груевски инвестираше во создавање на услови за просперитет на младите. На пример, еден од најголемите проекти беше даночно олеснување и намалување на премиите за осигурување за компаниите на вработени под 29 години.

Незадоволните студенти, кои ги предводеа протестите во 2016 година, дадоа изјави дека ќе се активираат доколку работите не се оддалечат од мртвата точка и не се подобрат. Сепак, за разлика од пред 5 години, нивната цел овој пат нема да биде Никола Груевски, туку Зоран Заев. Како и да е, само времето ќе покаже кој стори повеќе и младите ќе ја преземат улогата на поротник во овој случај.

Радио Слободна Европа не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Изнесените ставови на авторот можат, но не мораат да ја рефлектираат уредувачката политика на медиумот.

XS
SM
MD
LG