Достапни линкови

Средношколска мисија за статус во општеството


Илустрација - Членови на Сојуз на средношколци
Илустрација - Членови на Сојуз на средношколци

Сојузот на средношколци објави своја Политичка платформа, документ во кој наведуваат барања и цели со кои, според нив, ќе се остварат средношколските права и тие ќе бидат вклучени во идни образовани реформи.

Средношколците, организирани во Сојуз на средношколци, посочуваат дека иако припаѓаат на групата „млади“ во општеството, треба да се „покаже почит за општествениот диверзитет кои младите го претставуваат“. Па, така според нив, со дирекнта само-репрезентација средношколците нема да исчезнат во големата генерација, наречна „млади“.

„Ние сакаме одлучувачите и државните институции сериозно да ги разгледаат нашите барања и да нè вклучат во носењето на одлуки што влијаат врз нашите животи како средношколци, млади луѓе и граѓани на светот“, пишува претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи во новообјавениот документ Политичка платформа.

Во документот тие наведуваат барања со цел да се слушне нивниот глас и да бидат дел од носењето одлуки во општеството, особено во образованието.

На самиот почеток, тие бараат формирање на советодавно тело за образовни, економски и останати младински политики во кое, покрај Сојузот, би членувале и премиерот, министерот за образование и наука, директорот на Агенција за млади и спорт, Националниот младински совет, студентски претставници, како и други државни институции. Предлагаат ова тело да се состанува најмалку 10 пати годишно за да дискутира за младинските и образовни програми.

Нивната замисла ја имаат преточено во повеќе барања поделени на областите Главни политики, Благосостојба на средношколците, Младински политики и образование и Обезбедување на квалитет во образовние.

За да бидат ислушани и дел од процесот на носење одлуки тие бараат воведување на младински прашања во Собранието на крај на секој квартал, или четири пати годишно.

„За време на овие сесии, младите ќе можат да ги прашаат преставниците на релевантните институции за нивната работа и со тоа да се осигураат во нивната одговорност. Со овој пристап кон младите, институциите ќе покажат отвореност, транспарентност и одговорност пред младите, чиишто интереси тие треба да ги застапуваат“, објаснуваат од Сојузот на средношколци.

Тие истакнуваат дека секоја идна образовна реформа треба да биде спроведена во консултација со ученици, средношколци и студенти.

Документот со кој ги претставија политичките принципи на организацијата е изготвен заедно со Организациското биро на европските ученички унии (ОБЕУУ – OBESSU).

XS
SM
MD
LG