Достапни линкови

„Скопје трча 10К“ годинава со 1900 учесници


Трката Skopje Run 10K ќе се одржи в недела, 6 октомври, а пријавени се 1.900 учесници. Тие ќе се натпреваруваат во трка од 10 километри и штафетната трка од 5 километри х 2, кои ќе почнат во 9 часот пред фонтана „Лотус“ во Градскиот парк во Скопје.

Трката ја организира Сојузот на спортовите на Скопје, Атлетската федерација и Атлетскиот клуб „Работнички“, кои велат дека се целосно подготвени за одличната атмосфера што му претстои на Скопје.

„Ако во минатото беше реткост да се трча, денес е сосема нормално, а спортувањето станува култура на живеење во нашата држава, особено во нашиот град. Трката на 10 километри има рекреативен, но и натпреварувачки карактер, и дава јасна порака до сите граѓани за потребата од физичка активност“, изјави Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.

Кире Синадиновски, директор на „Визер – Скопски маратон“, информира дека оваа година околу 1.900 учесници се пријавија да излезат на булеварот Илинден и дека има учесници од Кенија.

Skopje Run 10K годинава се одржува трет пат.

XS
SM
MD
LG