Достапни линкови

Си Џинпинг кај Путин во Москва - силен сигнал за САД


Илустрација - Архивска фотографија на Владимир Путин и Си Џинпинг
Илустрација - Архивска фотографија на Владимир Путин и Си Џинпинг

Неколку дена откако беше обвинет од меѓународниот трибунал за воени злосторства во Украина, рускиот претседател Владимир Путин ќе бара повеќе од кога било да покаже солидарност од неговиот кинески колега Си Џинпинг при посетата во Москва, анализира Ројтерс

Само три дена откако беше издаден налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин од Меѓународниот кривичен суд, кинескиот лидер Си Џинпинг го посетува во Москва. Тој ќе биде првиот шеф на држава што ќе му подаде рака на Путин по налогот.

Путин е обвинет од Хашкиот суд за воени злосторства поради депортацијата на украинските деца во Русија од почетокот на војната.

Ниту Москва ниту Пекинг не се земји-членки на Судот, чија акција Кремљ рече дека е срамота, но и правно неважечка.

Предизвик за САД и Западот: Кинескиот претседател во Кремљ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Силен сигнал од Си

Андреа Кендал-Тејлор, виш соработник во Центарот за нова американска безбедност, вели дека кинескиот претседател со посетата на Москва дава сигнал за поддршка на Путин.

„Тој [Кси Џинпинг] оди во Москва во овој момент и дава навистина важен сигнал за неговата континуирана поддршка за Путин. И, се разбира, тоа е дизајнирано да им покаже на САД особено дека овие две земји се усогласени, дека имаат толку длабоко партнерство и дека тие стојат на спротивна страна од Соединетите Држави, дека се обединети против влијанието на САД и Западот што го гледаат како ограничување на нивната моќ на меѓународната сцена и е дизајнирано да ги задржи двете нивни земји“, Кендал-Тејлор.

САД, исто така, не го признаваат МКС, но претседателот Џо Бајден во петокот рече дека верува оти обвиненијата против Путин се „оправдани“.

„Тој очигледно изврши воени злосторства“, рече Бајден минатата недела.

Вашингтон скептичен за Кина

Вашингтон е скептичен за подготвеноста на Кина да посредува во војната во Украина, со оглед на нејзиното одбивање да ја осуди руската инвазија. Кина минатиот месец објави документ од 12 точки во кој повикува на дијалог и решение за војната во Украина.

Но, според Кендал-Тејлор, постојат и стравувања дека Пекинг се подготвува да и обезбеди оружје на Русија.

„Мислам дека клучната точка на пресврт ќе биде ако Кина ѝ обезбеди оружје на Русија, тоа би било, мислам, голема промена на играта за Европејците. И мислам дека затоа Пекинг можеби паузира за преземање на тој дополнителен чекор. Но, ако тоа се случи, за што предупредуваат САД, американската администрација, мислам дека тоа ќе биде уште еден катализатор за навистина да ја турне Европа многу поблиску до позицијата на САД во однос на Кина“, вели Кендал-Тејлор во изјава за Ројтерс.

И Чарлс Капчан, виш соработник во американскиот Совет за надворешни односи, е скептичен за кинеското вклучување во мирното решевање на војната во Украина.

„Мислам дека Си Џинпинг навистина има поттик да се гледа како моќен посредник и да се вклучи повеќе во војната во Украина како миротворец. Барем во овој момент останувам скептичен“, вели Капчан.

Изолиран на глобалната сцена, Путин повеќе од кога било ќе бара знак на солидарност од Си, кого во текст објавен во кинески весник го опиша како „стар добар пријател“.

Минатата година двајцата лидери потпишаа таканаречено стратешко партнерство „без граници“.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG