Достапни линкови

Какво е руско-кинеското партнерство по состанокот Си-Путин


Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин на состанок на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка во Самарканд, Узбекистан
Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин на состанок на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка во Самарканд, Узбекистан

Во време на зголемено непријателство со Западот, кинескиот лидер Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин се сретнаа лично за прв пат од почетокот на војната во Украина за да ги покажат своите силни врски.

Двајцата авторитарни лидери се состанаа на маргините на Самитот на Шангајската организација за соработка во античкиот град Самарканд во Узбекистан на Патот на свилата во шоу што треба да сигнализира подлабока координација и единство меѓу двете земји и да ги потврди нивните односи во услови на големи неуспеси на бојното поле за Москва во нејзината речиси седуммесечна војна во Украина.

Путин на нивната средба на 15 септември навести дека Пекинг можеби не е задоволен со инвазијата на Москва врз Украина, велејќи дека разбира оти Си има „прашања и грижи“, но го пофали кинескиот лидер за, како што рече, „урамнотежена“ позиција за војната.

Путин вели дека Кина е загрижена за Украина, но дека тој го разбира Си

„Го цениме избалансираниот став на нашите кинески пријатели кога станува збор за украинската криза. Ги разбираме вашите прашања и загрижености во врска со ова“, рече Путин за време на средбата.

Во текот на нивната дискусија, Си го нарече Путин „стар пријател“, а Путин понуди целосно поддршка на позициите на Пекинг во врска со Тајван и неговата политика „Една Кина“, која го признава островот како дел од континентална Кина. Нивниот разговор покажува дека Си не ја спомнал Украина или НАТО во разговорите.

Си Џинпинг беше пречекан од узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијоев (десно) на аеродромот во Самарканд на 14 септември.
Си Џинпинг беше пречекан од узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијоев (десно) на аеродромот во Самарканд на 14 септември.

Ова беше прва средба меѓу Путин и Кси од февруари во Пекинг, само неколку дена пред руската инвазија врз Украина, кога тие потпишаа заедничка изјава во која потврдуваат дека партнерството меѓу двете земји „нема граници“.

И покрај различните тонови, лидерите беа желни да го изразат своето противење на Соединетите држави и она што Путин го смета за „униполарен“ светски поредок предводен од Вашингтон против кој се Пекинг и Москва.

„Ние сме подготвени заедно со нашите руски колеги, да дадеме пример за одговорна светска сила и да играме водечка улога во доведувањето на светот што брзо се менува на траекторијата на одржлива и позитивна развој“, рекол Си, според соопштението на Кремљ.

Но, додека Си и Путин покажаа продлабочување на врските, патот во тешката војна во Украина, глобалните економски шокови и изменетиот геополитички пејзаж низ Евроазија е далеку од јасен.

Симболична средба

Основана во 2001 година, Шангајската организација за соработка се состоеше од Кина, Русија, Казахстан, Узбекистан, Киргистан и Таџикистан пред да се прошири во 2017 година за да ги вклучи Индија и Пакистан.

Самитот нуди симболично место за лидерите да покажат дека тие сакаат да го продлабочат своето партнерство и да го изразат противењето на Западот. Си, исто така, сака да ја истакне својата моќ во странство, откако ја зајакна контролата пред важниот конгрес на Кинеската Комунистичка партија следниот месец, каде што се очекува да добие трет мандат како лидер.

Полицаец го чува плоштадот Регистан во центарот на Самарканд додека се одржува самитот на Шангајската организација за соработка
Полицаец го чува плоштадот Регистан во центарот на Самарканд додека се одржува самитот на Шангајската организација за соработка

„Причината за оваа средба на крајот на денот е многу различна за секоја страна, но на крајот се работи за оптика“, изјави за РСЕ Рафаело Пантучи, виш соработник во лондонскиот Кралски институт, додавајќи: „Путин сака да му покаже на Западот дека не е изолиран и дека сè уште има пријатели во Азија“.

За време на војната, Пекинг се воздржуваше од осуда на руската инвазија и нудеше дипломатски спас на Москва. Кинеските нафтени компании исто така беа главен купувач на руската енергија и други суровини со попуст. Пекинг, исто така, ги задржа своите воени врски со Русија, учествувајќи во големи воени игри на Далечниот исток претходно овој месец.

И Пекинг и Москва ја гледаат Шангајската организација како средство за спротивставување на институциите предводени од Западот и го нудат она што официјалните лица од двете земји го дефинираа како алтернативен светски поредок.

Кина, исто така, се чини дека сака да одговори на Соединетите држави по посетата на Тајван во август од страна на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, за која Пекинг рече дека е „провокативна“.

Според The Wall Street Journal, одлуката да се искористи дел од првото патување на Си во странство по речиси три години за да се сретне со Путин, делумно беше реакција на посетата на Пелоси.

„И двајцата лидери се привлечени од идејата за изградба на незападен меѓународен поредок. Шангајската организација на многу начини е слаба институција, но ова покажува како тие можат повеќе да се ангажираат со неа и други институции како неа за да понудат алтернативен пат“, вели Пантучи.

Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев (десно) се состана со кинескиот водач Си Џинпинг за време на државната посета на Нур-Султан на 14 септември.
Казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев (десно) се состана со кинескиот водач Си Џинпинг за време на државната посета на Нур-Султан на 14 септември.

Сепак, Пекинг зазеде прагматичен пристап и покажа дека и покрај декларацијата за динамика „без граници“ со Русија, се чини дека Кина има свои црвени линии. Кина досега ги почитуваше санкциите против Русија поради Украина, при што некои кинески компании дури ги прекинаа врските со Москва за да избегнат кршење на мерките и оштетување на нивниот пристап до западните пазари.

И покрај состанокот во Самарканд, Кина не сигнализираше никакво отстапување од оваа линија што ја следеше откако руските тенкови првпат влегоа во Украина кон крајот на февруари.

Балансирањето на Си

Во Самарканд сите погледи беа насочени кон Си и Путин, но нивната тет-а-тет средба беше далеку од единствената на маргините на самитот. Дипломатскиот собир, заедно со централноазиската турнеја на Си оваа недела, претставува долгорочна стратегија на кинеската надворешна политика.

ОН го критикува „заплашувањето“ во Русија на оние кои се противат на инвазијата на Украина

Додека Си во многу аспекти ги удвои односите на Кина со Русија тој прави тежок чин за балансирање на неговата евроазиска дипломатија. Кина инвестираше многу во текот на годините во своите односи со земјите од Централна Азија, а Пекинг се обидува дополнително да ги негува тие врски и во Шангајската организација, откако веќе потпиша голем број трговски и инвестициски договори со земјите од регионот.

Среде последиците од војната, земјите од Централна Азија - особено Казахстан - исто така се најдоа во непријатна ситуација поради инвазијата на Москва врз Украина и зголемениот притисок од Кремљ. Пекинг се обиде да покаже чувствителност на овие нервози, при што Си го започна своето регионално патување на 14 септември во Нур-Султан, каде што се состана со неговиот колега Касим-Жомарт Токаев и рече дека Кина „ќе продолжи одлучно да го поддржува Казахстан во заштитата на неговата независност, суверенитет и територијален интегритет“.

„Од една страна, Кина ќе обезбеди дипломатска поддршка за Русија и широки заложби за сојузот меѓу Пекинг и Москва, чиј фокус е да се спротивстави на Вашингтон“, вели Еван Фајгенбаум, потпретседател на фондацијата Карнеги за меѓународен мир и поранешен заменик помошник државен секретар на САД.

„Од друга страна, Кина ќе продолжи де факто да се придржува кон западните санкции за да избегне санкции на свој грб и ќе употреби јазик за „мир“ и „стабилност“ со цел да ги смири нациите од Централна Азија и партнерите во „глобалниот југ“ кои се во непријатна ситуација поради војната на Москва во Украина“, додаде тој.

Долгорочна промена

Шангајската организација првично беше замислена како форум преку кој Кина и Русија би можеле да управуваат со нивниот заеднички авторитет над Евроазија и да ги подобрат односите со своите соседи. Но, војната во Украина ја исфрли таа стратегија од рамнотежа.

Руски, кинески и монголски трупи и воена опрема парадираат на крајот од воените вежби „Восток-2018“ недалеку од кинеско-монголската граница во Сибир во септември 2018 година.
Руски, кинески и монголски трупи и воена опрема парадираат на крајот од воените вежби „Восток-2018“ недалеку од кинеско-монголската граница во Сибир во септември 2018 година.

Последиците од инвазијата доведоа до намалување на руската економија, оштетени се руските односи со соседите и ослабено е нејзиното влијание, додека Москва стана се повеќе зависна од Кина, и економски и политички.

Путин и Си ќе присуствуваат на самитот на Г20 во Индонезија

За време на нивниот состанок во Самарканд, Путин го пофали Си велејќи дека го почитува неговиот „урамнотежен став“ за војната во Украина, ја поддржува политиката на Пекинг „Една Кина“ и се спротивставува на „провокациите“ од Соединетите држави во Тајванскиот теснец.

Со години, аналитичарите предупредуваат дека односите меѓу Пекинг и Москва би можеле да станат сè понеурамнотежени во корист на Кина, што ќе доведе до тоа Русија да стане помал партнер во секоја идна динамика.

„Нема сомнеж дека рамнотежата на моќта се менува меѓу нив. Порано работите беа многу поеднакви меѓу Си и Путин. Ова е тренд кој е во тек веќе некое време и оваа средба е дополнителна негова афирмација“, заклучува Пантучи.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG