Достапни линкови

„Сега џабе зборате“ - вие коментирате


Делегација од Бугарија, предводена од премиерот Петков во посета на Битола. 16.04.2022
Делегација од Бугарија, предводена од премиерот Петков во посета на Битола. 16.04.2022

„Ако Европа сака може да ја прекине оваа пародија. Ако не, не ни треба таква Европа!!!“ - се наведува во еден од коментарите на посетителите на ФБ страната на РСЕ. Вие, исто така, коментиравте и за штрајкот на образовниот кадар организан од СОНК

Бура од незадоволство на домашната јавност изразено по социјалните мрежи откако во Битола, во присуство на бугарскиот премиер Кирил Петков и потпретседателката на државата Илијана Јотова, е отворен бугарскиот културен центар со името на Ванчо Михајлов, кој бил соработник на хитлеровиот нацистички режим и замислувал Македонија обединета со Бугарија. На ФБ страницата на РСЕ исто така огромен број ваши коментари.

Претседателот на државата Стево Пендаровски изрази жалење што, како што рече, „беше направен обид еден докажан соработник на хитлеровиот нацистички режим да биде претставен како мост на зближување меѓу двете држави“.

Александар Трајчов со порака до претседателот Пендаровски: „Биди претседател и сопри го овој фашизам што ѝ се наметнува на Македонија...“, Блаже Павловиќ прашува: „Има ли опозиција оваа држава или во иста лејка сите“, а Соња Пановска му одговара: „Има, ама сега ќе се јават за предвремени избори зашто само фотелјата им фали“.

Неџати Џељо го обвинува македонскиот државен врв: „Вие сте криви што дозволивте да се регистрира такво здружение и што дозволивте државниот врв на Бугарија да дојде да го отвори... сега џабе зборате!“

Костадин Диралов смета дека „Најгнасната политика на Балканот ја води Бугарија спрема Македонија“, па се обраќа до соседите: „Ама да знаете дека повторно вие ќе излезете губитници како и секогаш низ историјата“. Бранко Трајчевски во постот вели дека „не беше обид туку навистина го направија устоличувањето на неофашизмот, кој незапирливо доаѓа од членка на НАТО и ЕУ, жалосно но вистинито“.

Весна Стојановиќ коментирала: „Ако Европа сака, може да ја прекине оваа пародија. Ако не, не ни треба таква Европа!!!“ Изјавата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова која рече дека во Бугарија нема малцинства на нашата ФБ страница исто така предизвикала бурни реакции. Атанас Андријески со подбивна иронија објавил: „Не бе, другите луѓе во вашата земја се духови“.

Штрајкот на СОНК продолжува, откако го одби предлогот на Владата за 10% покачување на платите, учениците седат дома, во градинките нема деца.

Едниот коментар е од Сузана Симоновиќ: „Дајте им плата на професорите како што доликува, сите трпат, најмногу учениците. Или вас ви треба прост и неписмен народ“, а Катерина Коловска со спротивно мислење, кратко: „Идиоти“, слично како и Дејан Димковски кој објавил: „Идиотизам лигав“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG