Достапни линкови

САД испраќаат сили во Заливот, ЕУ ќе смирува


САД обвинуваат, ЕУ страхува од лоши проценки
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

САД обвинуваат, ЕУ страхува од лоши проценки

Пентагон објави нови снимки за зајакнување на обвинувањата дека Иран бил одговорен за нападите врз двата танкера за нафта во минатата недела во близина на Персискиот залив. Во истовреме, Пентагон соопшти дека ќе испрати дополнителни илјада војници во Заливот. Европската унија пак, ќе стори се за да се избегне ескалација на тензиите.

Пентагон објави нови фотографии за кои американски официјални претставници велат дека покажуваат оти припадници на Иранската револуционерна гарда биле одговорни за нападите во минатата недела врз два танкера за нафта во близина на Персискиот Залив.

Војската вели дека фотографиите од хеликоптер на морнарица покажуваат оти иранските сили отстрануваат неексплодирана мина од јапонскиот танкер.

Другите фотографии покажуваат голема дупка на бродот, над површината на водата, за која се наведува дека била предизвикана од друга мина.

Пентагон ги објави фотографиите за да го зајакне своето тврдење дека Иран е одговорен за нападите.

Иран негира секаква вмешаност во нападите врз танкерите кои ги влошија и онака лошите односите меѓу Соединетите држави и Иран.

И покрај најновите снимки Европската унија во понеделникот побара независна истрага за двата напада врз танкерите за нафта.

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, рече дека сите членки ќе ја фокусираат својата дипломатска работа во обидот да се избегне каква било ескалација на тензиите.

„Она што го најдов меѓу министрите, надвор од проценката и размената на разузнавачки информации, е многу силниот елемент на загриженост за ризикот од погрешна пресметка или ненамерни ескалации што би можеле да се случат во регион кој е веќе до границите на стрес-тестот“.

Во меѓувреме, Пентагон соопшти дека ќе испрати дополнителни илјада војници на Блискиот Исток поради последниот инцидент со танкерите.

Вршителот на должноста секретар за одбрана Патрик Шанахан изјави дека трупите ќе имаат одбранбена цел, а Соединетите држави ќе продолжат да ја следат ситуацијата и според натамошниот развој да реагираат.

Во мај, четири танкери беа нападнати од брегот на Обединетите Арапски Емирати. САД и за тие напади го обвинија Иран, а Техеран тоа веднаш го негираше.

Тензиите во Заливот веќе неколку недели се близу до точка на вриење, бидејќи САД вршат притисок врз Иран во обид да го принудат Техеран повторно да ги отвори разговорите за нуклеарниот договор во 2015 година, од кој Вашингтон се повлече во минатата година.

Но, наместо тоа Иран вчера соопшти дека во наредните десет дена ќе го прекрши ограничувањето за залихите на ураниум предвидено со нуклеарниот договор на Техеран со светските сили.

Портпаролот на иранската атомската агенција Бехруз Камалванди предупреди и на тоа дека Иран има потреба од ураниум збогатен над 20 проценти што е само чекор до нуклеарно оружје.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG