Достапни линкови

Русија не ќе може да ги исплати странските обврзници


Русија е исфрлена од меѓународните финансиски системи

Неуспехот на Русија да испрати каматна исплата на доверителите предизвикува исплата на осигурувањето на долгот, што ја носи земјата уште еден чекор поблиску до првото неплаќање на меѓународните обврзници од болшевичката револуција пред повеќе од еден век.

Во минатиот петок Европската унија ги прошири санкциите кон Русија, вклучително и врз домашната компанија за обработка на плаќања која Москва се надеваше да ја искористи за сервисирање на своите еврообврзници.

Притискањето на Русија кон должничка криза преку механизмот на финансиски санкции е дел од поширокиот ќор-сокак што се создаде меѓу Кремљ и Западот во текот на 100-те дена од руската инвазија на Украина, која таа ја нарекува „специјална операција“.

Путин е „подготвен“ да разговара за извозот на украинското жито во замена за укинување на санкциите

Со владеењето на претседателот Владимир Путин, Русија беше исфрлена од меѓународните финансиски системи кои ги подмачкуваат тркалата на глобалната трговија. Последниот чекор ќе го запечати ваквиот статус на Русија.

Зошто Русија не го плаќа долгот?

Земјите кои не го плаќаат долгот обично се банкротирани или не се подготвени да го направат тоа. Русија, сепак, има стотици милијарди долари и заработува милијарди неделно од продажбата на нафта и гас.

Значи, околу 40-те милијарди долари неподмирени странски обврзници - со околу 2 милијарди долари за исплати до крајот на годината - треба да биде лесен залак за Русија.

И Москва изјави дека сака да плати, за да избегне да навлезе во групата на сиромашни и хаотично управуваните земји кои обично не плаќаат.

Но, голем број санкции од страна на Соединетите држави и Европската Унија ја спречуваат да испраќа пари преку глобалниот платен систем.

Сега истече и исклучокот што им дозволуваше на американските сопственици на руски суверени обврзници да примаат исплати. Тоа ја турка Русија кон неплаќање со блокирање на патот по кој плаќањата би стигнале до банкарските сметки на сопствениците на обврзници.

Некои алтернативи?

Русија промовираше плаќање на доверителите во рубли или други валути, освен доларот, заобиколувајќи ја западната платежна инфраструктура.

Министерот за финансии Антон Силуанов предложи да се примени шемата за плаќање со конверзија на рубљи што Русија им ја наметна на европските клиенти на гас, односно доверителите да отворат сметки во руска банка на која ќе се плаќа во валути различни од доларот.

Руските рудари велат дека е намалена побарувачката за извоз на јаглен и дијаманти

Сепак, планот не би ѝ дозволил на Русија да го избегне неплаќањето бидејќи американските инвеститори не би можеле да учествуваат.

И во петокот, Европската унија воведе санкции за рускиот Национален депозитар за порамнување, кој требаше да ги изшршува исплатите на обврзниците.

Кога може да дојде до неплаќање?

Официјалното неисполнување на обврските може да дојде кон крајот на јуни. На 27 мај Русија требаше да исплати камата на обврзниците од 71,25 милиони долари.

Москва соопшти дека ја префрлила готовината на Националниот депозитар за порамнување, но санкциите веројатно го спречиле тој понатамошен напредок.

За да се избегне неисполнување на обврските, парите мора да легнат на сметките на обврзниците во рок од 30-дневен грејс период.

Според Комитетот за утврдување на кредитни деривати, составен од банки и управители на средства, неплаќањето мала камата на друга обврзница веќе предизвика „неисплаќање на кредитите“. Тоа значи дека дошло до неисполнување на обврските за целите на осигурувањето на долгот.

Дали ова е важно?

Русија е веќе отсечена од глобалните пазари и во секој случај, нема потреба да се задолжува.

Но, настрана од штетата на нејзината репутација, неисполнувањето на обврските има последици. Тоа би можело да доведе доверителите да поднесат барање до судовите за запленување на руските средства во странство.

Русија, Турција, Украина и ОН со план за извоз на храна од украинските пристаништа

Второ, доколку односите меѓу Русија и Западот се променат во иднина, дозволувајќи ѝ на Москва да се врати во јатото, таа би можела да се соочи со долг и скап процес за реструктуирање на неисполнетиот долг.

И, конечно, неисполнувањето на обврските обично ги зголемува трошоците за позајмување во годините што доаѓаат.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG