Достапни линкови

Путин наместо јуриш нареди опсада на челичарница во Мариупол

Мариупол.
Мариупол.

Рускиот минисер за одбрана Сергеј Шојги вели дека „цел Мариупол е под контрола на руската армија. Рускиот претседател Владимир Путин го откажа нападот на Азовстал и нареди негова блокада. Русија продолжува со офанзивата на истокот, а украиските прговарачи понудија преговори во Мариупол.

Рускиот претседател Владимир Путин му нареди на министерот за одбрана Сергеј Шојгу да ги откаже плановите за упад во фабриката за челик Азовстал во опколениот украински пристанишен град Мариупол и наместо тоа да ја блокира со цел да ги заштити животите на руските војници.

За време на денешниот видео состанок Шојгу му рекол на Путин дека „цел Мариупол е под контрола на руската армија“ и сепаратистите поддржани од Москва, додека фабриката во Азовстал е „безбедно затворена“ по неколку недели тешки бомбардирања и интензивни борби низ целата територија.

Путин - Нема потреба од качување по катакомби и ползење под земја

Путин му честиташе на Шојгу за „ослободувањето“ на Мариупол, велејќи дека би било „непрактично“ да се нападне огромниот индустриски комплекс.

„Непрактично е да се нападне огромниот индустриски комплекс бидејќи нема потреба да се качуваме во тие катакомби и да ползиме под земја под тие индустриски капацитети“, рекол Путин за време на состанокот.

Шојгу му рекол на Путин дека повеќе од 2.000 украински борци сè уште се засолнати во огромната централа, која има големи подземни објекти, и тврди дека на руските сили им требаат само неколку дена за да го „завршат“ преземањето на комплексот.

Шојгу рече дека повеќе од 142 илјади цивили биле евакуирани од Мариупол преку хуманитарни коридори. Тоа тврдење е противречно од она што го тврдат украинските власти кои велат дека само на мал број бегалци им било дозволено да го напуштат градот од почетокот на војната на 24 февруари.

Претходно на 21 април, украинската вицепремиерка Ирина Верешчук рече дека само четири автобуси со евакуирани цивили го напуштиле Мариупол на 20 април наместо планираните 90 автобуси со кои се очекуваше да бидат евакуирани околу 6.000 луѓе.

Таа во изјава за Телеграм рече дека евакуацијата на жените, децата и постарите лица ќе продолжи на 21 април.

Во меѓувреме додека руските трупи ја продолжуваат својата офанзива во источна Украина, Киев предложи да се одржи „специјална рунда“ преговори во Мариупол.

Продолжува руската офанзива во Донбас

Британското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили напредуваат во областите во Донбас кон градот Краматорск, кој и натаму е под руски ракетен оган.

„Продолжува руската воздушна активност на високо ниво која се обидува да и пружи блиска воздушна поддршка на руската офанзива во источна Украина и да ги потисне и уништи капацитетите на украинската воздушна одбрана“, наведе британското Министерство за одбрана во редовниот билтен.

Откако не успеа да ги заземе Киев и другите големи и стратешки градови во речиси осумнеделната војна, Москва сега вели дека нејзината цел е целосно да ги освои провинциите Доњецк и Луганск.

„Втората фаза“ од руската инвазија врз Украина низ фотографии

Жена покрај телото на маж убиен при гранатирање во станбена област во Харкив на 19 април.
1/11 Жена покрај телото на маж убиен при гранатирање во станбена област во Харкив на 19 април.
Откако претседателот на Украина Володимир Зеленски рече дека започнува голема руска офанзива низ јужниот и источниот дел на земјата, ова се сведоштвата на фоторепортерите на 19-20 април.
Украински цивили пристигнуваат во Одеса од Миколајев на 20 април, откако побегнале од она што фотограф на Ројтерс го опишува како „секојдневно гранатирање“ на градот.

На 19 април, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека започнала долгоочекуваната офанзива предводена од Русија во источниот регион Донбас.
2/11 Украински цивили пристигнуваат во Одеса од Миколајев на 20 април, откако побегнале од она што фотограф на Ројтерс го опишува како „секојдневно гранатирање“ на градот.

На 19 април, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека започнала долгоочекуваната офанзива предводена од Русија во источниот регион Донбас.
Откако претседателот на Украина Володимир Зеленски рече дека започнува голема руска офанзива низ јужниот и источниот дел на земјата, ова се сведоштвата на фоторепортерите на 19-20 април.
Украински војници над оклопно борбено возило на непозната локација во источна Украина. Сликата беше објавена на 19 април.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се чини дека потврди дека е во тек обновена офанзива кога на 19 април објави дека „сега започнува друга фаза од оваа операција“. Кремљ ја нарекува инвазијата врз Украина „специјална операција“.
3/11 Украински војници над оклопно борбено возило на непозната локација во источна Украина. Сликата беше објавена на 19 април.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се чини дека потврди дека е во тек обновена офанзива кога на 19 април објави дека „сега започнува друга фаза од оваа операција“. Кремљ ја нарекува инвазијата врз Украина „специјална операција“.
Откако претседателот на Украина Володимир Зеленски рече дека започнува голема руска офанзива низ јужниот и источниот дел на земјата, ова се сведоштвата на фоторепортерите на 19-20 април.
Импровизиран погреб за локален жител во Мариупол на 19 април.

Висок американски функционер на 19 април рече: „Пентагон гледа дека започнаа некои ограничени офанзивни операции југозападно од Доњецк и јужно од Изум и верува дека овие офанзиви се увертира за поголеми офанзивни операции што Русите ги планираат“.
4/11 Импровизиран погреб за локален жител во Мариупол на 19 април.

Висок американски функционер на 19 април рече: „Пентагон гледа дека започнаа некои ограничени офанзивни операции југозападно од Доњецк и јужно од Изум и верува дека овие офанзиви се увертира за поголеми офанзивни операции што Русите ги планираат“.
Откако претседателот на Украина Володимир Зеленски рече дека започнува голема руска офанзива низ јужниот и источниот дел на земјата, ова се сведоштвата на фоторепортерите на 19-20 април.
Фото монтажа направена на 20 април на која се прикажани парчиња шрапнели и куршум (долу лево) кои хирурзите во воената болница во Запорожје ги извадиле од ранетите украински војници.
5/11 Фото монтажа направена на 20 април на која се прикажани парчиња шрапнели и куршум (долу лево) кои хирурзите во воената болница во Запорожје ги извадиле од ранетите украински војници.
Откако претседателот на Украина Володимир Зеленски рече дека започнува голема руска офанзива низ јужниот и источниот дел на земјата, ова се сведоштвата на фоторепортерите на 19-20 април.
Куќа погодена од шрапнели во селото Мала Томачка, јужно од Запорожје, на 19 април.
6/11 Куќа погодена од шрапнели во селото Мала Томачка, јужно од Запорожје, на 19 април.
Откако претседателот на Украина Володимир Зеленски рече дека започнува голема руска офанзива низ јужниот и источниот дел на земјата, ова се сведоштвата на фоторепортерите на 19-20 април.
Жители на Мариупол чекаат нивните телефони и електронски уреди да се наполнат од пренослив генератор на 19 април.
7/11 Жители на Мариупол чекаат нивните телефони и електронски уреди да се наполнат од пренослив генератор на 19 април.
Откако претседателот на Украина Володимир Зеленски рече дека започнува голема руска офанзива низ јужниот и источниот дел на земјата, ова се сведоштвата на фоторепортерите на 19-20 април.
Се продава свинска нога на улица во Орихив на 19 април.
8/11 Се продава свинска нога на улица во Орихив на 19 април.
Откако претседателот на Украина Володимир Зеленски рече дека започнува голема руска офанзива низ јужниот и источниот дел на земјата, ова се сведоштвата на фоторепортерите на 19-20 април.
Сепаратистичките борци од регионот Луганск, поддржани од Русија, упатуваат поздрав за време на погребот на командант на 19 април.
9/11 Сепаратистичките борци од регионот Луганск, поддржани од Русија, упатуваат поздрав за време на погребот на командант на 19 април.
Откако претседателот на Украина Володимир Зеленски рече дека започнува голема руска офанзива низ јужниот и источниот дел на земјата, ова се сведоштвата на фоторепортерите на 19-20 април.
Повреден маж во болничка чекална во Краматорск на 19 април.
10/11 Повреден маж во болничка чекална во Краматорск на 19 април.
Откако претседателот на Украина Володимир Зеленски рече дека започнува голема руска офанзива низ јужниот и источниот дел на земјата, ова се сведоштвата на фоторепортерите на 19-20 април.
Тело на жена која беше убиена во гранатирањето на Харкив на 19 април.
11/11 Тело на жена која беше убиена во гранатирањето на Харкив на 19 април.
Откако претседателот на Украина Володимир Зеленски рече дека започнува голема руска офанзива низ јужниот и источниот дел на земјата, ова се сведоштвата на фоторепортерите на 19-20 април.
Previous slide
Next slide

Михаило Подољак, главниот украински преговарач и помошник на претседателот Володимир Зеленски, рече дека украинската страна е подготвена да ги одржи разговорите без услови.

Друг клучен украински преговарач, Дејвид Арахамиа, на Телеграм изјави дека тој и Подољак „се подготвени да пристигнат во Мариупол за да разговараат со руската страна за евакуација на украинскиот воен гарнизон и цивили“.

Засега нема реакција од Москва на предлогот.

Арахамиа рече дека тој и Подољак биле во постојан контакт со украинските сили во градот.

„Денеска во разговор со градските бранители беше даден предлог за директни преговори, на лице место, за евакуација на нашиот воен гарнизон“, рече тој.

Украинци масовно купуваат поштенски марки во чест на бранителите
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:49 0:00

Русија доставила барања за ставање крај на конфликтот

Русија претходно соопшти дека ѝ доставила на Украина нацрт-документ во кој се наведени нејзините барања за ставање крај на конфликтот.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека топката е на терен на Украина и дека се чека на нивниот одговор. Песков не соопшти повеќе детали за нацрт договорот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека не го видел ниту слушнал за предлогот, иако еден од неговите главни советници рече дека украинската страна го разгледува.

Данската премиерка Мете Фредериксен која на 21 април го посети Киев заедно со нејзиниот шпански колега, Педро Санчез, рече дека Данска ќе и достави повеќе оружје на Украина.

Фредериксен не даде дополнителни детали за набавката на оружје.

Во Вашингтон, американскиот претседателот Џо Бајден ги свика американските воени лидери на годишниот состанок за политиката на Белата куќа, кој доби посебно значење среде војната во Украина.

Отворајќи го состанокот, Бајден ја пофали цврстината на украинската војска и рече дека единството на НАТО го шокираше Путин.

• 16x9 Image

Пелагија Стојанчова

Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

This item is part of
XS
SM
MD
LG