Достапни линкови

Предрасуди и навреди кон различните и реконструираните


Седница на Владата на Република Македонија. Влада, министри, премиер

Информациите за реконструираните министри во Владата и за тоа дека премиерот Зоран Заев само времено ќе ја извршува и функцијата министер за финансии предизвикале најмногу реакции од посетителите на нашата ФБ страница

„Леле, еве ги верниците на дело, посакуваат смрт и убиства што се практикувале во среден век, ама што знаеме ние неверници за крвопролевање“ – ова е ироничната реакција на потпишана со Даде Џозефин на ФБ страницата на РСЕ по прилично многуте негативни реакции со навреди, говор на омраза и клетви по информацијата дека и во Скопје ќе се одржи Парада на гордоста на ЛГБТ заедницата и најавата дека дел од министрите и пратеници ја поддржуваат и ќе учествуваат на неа. Ќе цитираме некои од поблагите, да кажеме, кои сепак ги изразуваат предрасудите и омразата спрема различните.

Некој Бране Бране, на пример, порачува: „Нога да скршат“, Ѓорѓија Николоски вели: „Сосе жени и деца нека бидат“, а Гордана Шекерова постирала: „Не ги биравме за да бидат во првите редови на ваква парада, сместа да си дадат оставки штом поддржуваат срам за државата“.

Информациите за реконструираните министри во Владата и за тоа дека премиерот Зоран Заев само времено ќе ја извршува и функцијата министер за финансии предизвикале многу негативни реакции и од посетителите на нашата ФБ страница, но и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Бранко Галев прашува: „Кога опозицијата ќе каже дека тоа што го прави власта е добро? Никогаш, затоа се вика опозиција, но не мора за сè да критикува, треба малку да смета дека народот и не е толку глупав за сам да цени!!!“

„Метлата и вас ќе ве мети, без гајле“ – постирал Ангел Кими, а Ане Ане Јовановска реагира со одговор: „Метлата од кај вас па сè до Будимпешта“.

„Штом вие од бандата не сте задоволни тоа е добар знак“ – коментирал Орце Цветковски.

Јоцо Шеновски ја коментира изјавата на премиерот Заев дека некое време ќе ја извршува и функцијата министер за финансии: „Уште во финансии да направи партали и доста ќе му бидат парите, тогаш ептен ќе му дојде живот во Македонија...“

Горан Стојковски: „Ајде, парите кај арамијата легално“.

Тина Поп-Христова му одговорила дирекно на Горан Стојковски: „Со заминувањето на Али Баба заминаа и разбојниците. Сега на терен настапи правиот центарфор“.

Изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски дека обидот за правно затворање на неговата партија е главната пречка за договор за СЈО, потпишан со Шарам Барам го коментира со ироничен призвук: „Да ти било пречка оти бандитите од мафијашко-бандитското здружение треба да завршат зад решетки“.

Андреј Аврамов вели: „Само за својот задник мислите, кого освен себе претставувате? За чии освен за свои интереси се борите?... “ И Зоран Аврамовски со иронија: „Е, вака се штитат криминалци по цена и на државата“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG