Достапни линкови

Европската политичка заедница - платформа за дијалог


Форум во Прага, 06.10.2022

Лидерите на 44 земји од европскиот континент се собраа денеска во Прашката тврдина на Европската политичка заедница (ЕПЗ). Тоа е политичка платформа каде што учесниците редовно ќе се собираат за да разговараат за прашања од заеднички интерес. Ѓерачина Тухина

Идејата првпат беше изнесена во мај годинава од францускиот претседател Емануел Макрон. Набргу по него, оваа иницијатива ја поддржа и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, како и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

По пристигнувањето на самитот, Макрон рече дека негов приоритет е изградба на повеќе приклучоци за електрична енергија во Европа и пониски цени на гасот.

„Ние го делиме истиот простор. Многу често истата историја. И предодредени ни е да ја пишуваме нашата иднина заедно“, истакна Макрон.

Вархеји: Волјата за проширување се врати

Само неколку месеци по раѓањето на идејата, Европската политичка заедница станува реалност.

Високите европски претставници подвлекуваат дека инаугуративниот самит е „најголемиот европски собир што се случил во последните години“.

Платформа за двогодишно дружење

ЕПЗ не е институционализирано тело кое би имало секретаријат или претставници.

Европската политичка заедница - ново тело на ЕУ?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:04 0:00

Станува збор повеќе за платформа за дијалог каде што, според идејата, би имало редовни собири на кои учесниците ќе разговараат за теми како стабилност, климатски промени или енергија.

Иако домаќин на средбата е чешкото претседателство со ЕУ, Брисел тврди дека Европската унија не е организатор, туку „олеснувач“ на оваа платформа.

Идејата е состаноците на ЕПС да се организираат двапати годишно, при што секој друг состанок да биде во европска земја која не е членка на ЕУ.

Важен ден за Македонија и ЕУ - одржана првата меѓувладина конференција

Следен домаќин на самитот во рамките на европската политичка заедница ќе биде главниот град на Молдавија Кишињев, потврдија европските претставници. По Молдавија организацијата на средбата ја презема Шпанија, а потоа и Велика Британија.

Како што објаснија европските претставници пред новинарите, предлогот за идните три локации за самитот го презентирал претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, за време на работната вечера, а останатите учесници го поддржале.

Идејата е самитите на ЕПС да се одржуваат двапати годишно, при што домаќините секогаш се менуваат по принципот на една земја на ЕУ, а потоа онаа која не припаѓа на европскиот блок од 27 земји-членки.​

Еднакво учество на сите лидери

На инаугуративниот самит беше најавено присуство на сите 27 лидери од земјите-членки на ЕУ и 17 лидери на најстариот континент - практично сите европски земји, освен Русија и Белорусија. Отсутна беше само данската премиерка Мете Фредериксен, која не допатува поради клучната парламентарна дебата во нејзината земја, со што бројот на лидери се намали на 43 присутни.

„Овој состанок е начин да се пронајде нов поредок без Русија“, истакна шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, додавајќи дека Москва можеби нема да биде секогаш исклучена, но засега „нема место“ за Русија на претседателот Владимир Путин.

Идејата е сите да имаат еднакво учество, вклучително и Косово, кое не беше признаено од сите држави. Високите европски функционери потврдија дека при организацијата на овој самит немало забелешки од другите учесници во однос на статусот на Косово на самитот.

Евроинтеграциите и енергетската криза фокус на македонскиот тим

Енергетската криза и евроинтеграциите беа главните теми на дискусија на премиерот Димитар Ковачевски кој заедно министерите за надворешни работи и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Бујар Османи и Љупчо Николовски отпатуваа во Прага.

Ковачевски беше дел од лидерската тркалезна маса посветена на енергетиката и економијата, каде како што соопштија до Владата, премиерот ги истакнал позициите, моменталната состојба земјата и очекувањата и неопходноста од соработка за надминување на енергетската криза.

„Беше истакнато дека регионот на Западен Балкан е еден од најпогодените, затоа што производството на електрична енергија е базирано на лигнит и тоа од многу стари термоелектрани на јаглен, кои во дадениот контекст се неефикасни“, се наведува во владиното соопштение.​

Ковачевски во рамки на Форумот имаше и повеќе билатерални средби, каде покрај за енергенсите се разговарало и за поддршката на земјава во процесите за влез во Европската Унија.

Почитувањето на санкциите од Србија е неизбежна тема на самитот

На средбата Србија беше единствената земја која има јасна перспектива за членство во ЕУ и која не воведе санкции кон Русија.

Европскиот парламент ќе побара суспензија на пристапните преговори со Србија поради Русија

Европските претставници вклучени во организацијата на самитот потврдија дека очекуваат овој собир да биде можност каде од официјален Белград повторно ќе биде побарано усогласување со европската политика на санкции против Русија.

„За некои од земјите учеснички, усогласувањето на Србија е клучен национален интерес. Очекуваме дека ќе бидат испратени силни пораки за усогласувањето и надворешната политика, а очекуваме и Србија да објасни зошто го прави тоа и зошто се однесува така како што е“, изјави за новинарите европски функционер.

Истиот извор потврди и дека за можните последици за Србија поради невоведувањето санкции ќе се разговара само на ниво на лидери на ЕУ, на една од претстојните средби.

Српскиот претседател Александар Вучиќ по пристигнувањето на самитот изјави дека не се плаши од „оние кои и се закануваат на Србија дека не воведува санкции кон Русија“ како и дека „неговиот одговор до европските лидери ќе биде љубезен, одговорен, сериозен и далекусежен“.​

ЕПЗ не е замена за проширување

Во неколку наврати, европските претставници повторија дека Европската политичка заедница не може да се сфати како замена за процесот на проширување.

Високи претставници на ЕУ тврдат дека оваа иницијатива на никаков начин не е наменета да го замени, дури ни во преоден период, проширувањето на ЕУ, ниту да се натпреварува со постојните организации, структури или процеси и нема за цел да создаде нови структури или процеси.

За Европската Унија, ЕПЗ е повеќе платформа, која се смета за најголема во Европа, за политичка координација за сите земји на континентот. ЕПЗ ќе служи како платформа преку која ќе се зајакне дијалогот и соработката во соочувањето со предизвиците и заедничките интереси кон зајакнување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на европскиот континент.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG