Достапни линкови

Подземната Исламска држава во Ирак


Екстремистичката Исламска држава, според Обединетите нации, подготува нови терорситички напади во светот и евентуален бунт во Ирак каде што се претпоставува дека има над 10.000 припадници на оваа група. Тие дејствуваат тајно, вршејќи киднапирања, атентати и заседи. Станува збор за заплашување на локалните жители и за изнудување рекет со кој всушност го финансираше нејзиниот подем пред шест години.

Криејќи се во пештери и планински области низ северните провинции во Ирак се преправаат дека се ирачка војска или шиитски милиции кога влегуваат во куќи и убиваат луѓе што ги нарекуваат „предавници и шпиони“, бидејќи соработувале со ирачките власти.

Исламската држава и натаму врши зулуми во Ирак
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

Според еден ирачки разузнавачки службеник, се уште во Ирак имало околу 10.000 милитанти.

Коалицијата предводена од САД, која се бори против нив, редовно објавува соопштенија за напади врз нивните засолништа, главно во северен Ирак.

Инад Хусеин Абд и двајца негови браќа биле информатори за ирачката војска во северниот град Бадуш.

Во јануари, двајца мажи влегле во нивната куќа во близина на Мосул, се сеќава Кадиџа, сопругата на Инад, додавајќи дека тие рекле оти биле од 20-тата дивизија на ирачката армија, баталјонот што го контролира градот.

Всушност, тие беа милитанти на ИД.

„Тие го убија него и неговите браќа во градината во задниот дел на куќата“.

Бадуш, мал град на бреговите на реката Тигар, некогаш беше едно од најголемите упоришта на Исламската држава.

Службите за безбедност проценуваат дека своевремено две третини од нејзината популација биле членови или поддржувачи на ИД.

Сега, скоро две години откако е прогласено дека ИД е поразена во Ирак, градот стана клучното бојно поле меѓу безбедносните сили кои се обидуваат да ги искоренат остатоците на групата и милитантите кои се вратија.

Во градовите околу север, ирачките војници тропаат на вратите во средината на ноќта, барајќи осомничени врз основа на разузнавачки совети или сомнителни движења.

Баталјонот на мајор Калид Абдула Бајдар ал Џабури е дел од 20-тата дивизија и трајно е стациониран во областа Бадуш како мировна сила.

„Даеш (ИД) не заврши целосно. Сè уште има спиечки клетки кои се обидуваат да се реорганизираат“.

Како и да е, населението во градот е поделено.

Многу жители страдаа од рацете на ИС, а се верува дека има многу кои се уште ги поддржуваат милитантите.

Како поинаку, кога и во рамките на семејствата, некои членови и припаѓале на милитантната група, а други биле против неа.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG