Достапни линкови

Новинарите на отстрел во Турција


Откако бил тепан 28 пати за време на неговата кариера, турскиот новинар Хакан Денизли мислел дека видел се. Но, на 29-тиот пат, тие дошле со пиштол, додека го земал неговиот четиригодишен внук од градинка. „Дојдоа ме застрелаа во ногата и избегаа“, вели тој.

Овој инцидент е еден во серијата напади врз неколкумина новинари во изминативе недели.

Повеќето во земјата за влошената атмосфера ги обвинуваат политичарите, кои редовно ги критикуваат новинарите.

Опасниот живот на новинарите во Турција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:59 0:00

Организацијата Репортери без граници соопшти дека Турција имала најмногу затворени новинари во светот и ја рангира на 157 место од 180 земји по слободата на печатот.

Во моментов во Турција зад решетки се наоѓаат 142 новинари.

Повеќето се уапсени под двегодишната вонредна состојба, наметната по неуспешниот државен удар во 2016 година.

Владата вели дека никој не бил уапсен поради тоа што е новинар, но од Репортери без граници сметаат дека насилството врз медиумите честопати не се казнува, па дури останува и без критики.

Барањето парламентарна истрага за неодамнешните напади беше отфрлено од владејачката партија.

Отворениот критичар на владата на претседателот Реџеп таип Ердоган, Јавуз Селим Демираг од дневниот весник „Јеничаг“ за нападот ја обвинува десничарската Партија на национално движење која е во коалициската влада.

Тој беше меѓу десетици новинари, наведени во списокот што оваа партија го објави во неколку весници со висок тираж по минатогодишните општи избори, под наслов „клевети обвинувања и поплаки“.

Најмалку двајца од нив биле нападнати.

61 годишниот Демираг беше претепан пред неговиот дом при што му беа скршени неколку ребра.

„Тешко е да се биде новинар во Турција, нападите врз новинарите се херојски“, вели тој, додавајќи:

„Ако имате став против корупцијата, кражбата и сиромаштијата, и ако ги одразувате овие во вашите секојдевни написи, или ако зборувате за нив на телевизијата, вршите кривично дело. Тоа не е правно дело, ниту уставен криминал, туку политички криминал“.

Само еден месец по нападот, Демираг беше кратко затворен за „навреда на претседателот“ во текот на еден говор во кој го доведува во прашање правото на имунитет на одредени службеници и за тоа доби условна казна.

„Зошто некој бара имунитет? Напишав дека некој кој врши корупција или кражба бара имунитет, без оглед дали е градоначалник, пратеник или премиер. Само за овие зборови бев осуден на единаесет месеци и дваесет дена во затвор“.

Реакциите на нападите врз новинарите честопати ја одразуваат жестоката партизација на турската политика.

На пример, владата молчи за нападот врз Демираг, но кабинетот на Ердоган веднаш го осуди нападот врз исламистичкиот новинар Мурат Алан, кој беше претепан во Истанбул на 14-ти јуни.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG