Достапни линкови

„Нема тело, нема пари“: Смртта на платеници на Вагнер сокриена од семејствата во Русија


Гробници на војници платеници за руската група Вагнер на гробишта во близина на селото Бакинскаја во Краснодарската област.
Гробници на војници платеници за руската група Вагнер на гробишта во близина на селото Бакинскаја во Краснодарската област.

На платениците, дел од групата Вагнер, која се бори на страната на Русија во Украина, им било речено дека нивните семејства ќе добијат исплата од 71 илјада долари, доколку бидат убиени. Но многу семејства не се информирани за смртните случаи на нивните роднини и не ги добиле ветените пари. Се шпекулира дека тое е можеби намерен потег на платеничката група. Пишува Андреи Красно.

Првиот пат кога Виталиј Вотановски беше контактиран за да се дознае судбината на некој што се бори во Украина, за озлогласената платеничка група Вагнер, беше во ноември 2022 година.

Тој добил телеграма од тетката на 22-годишниот Андреј Каргин, во која се вели дека со месеци не се слушнала со нејзиниот внук, откако тој бил распореден во Украина, како дел од руската група, а таа почнала да се прашува каква судбина има тој.

Таа ги пополнила сите потребни документи за да биде контактирана во случај на негова смрт, но не добила никаква информација од Вагнер. Очајна, таа стигала до Вотановски, познат локален блогер и активист со седиште во рускиот Северен Кавказ, кој ја истражуваше вистинската бројка на жртви од едногодишната инвазија на Москва.


До крајот на февруари, Вотановски го најде гробот на Каргин во Русија, на специјалните гробишта за борците на Вагнер убиени во Украина. Неговата тетка никогаш не била контактирана од Вагнер за да ја извести дека нејзиниот внук е убиен или дали сака да присуствува на погреб. Единствената вест што ја добила е фотографија направена од Вотановски.

Оттогаш, бројни семејства го контактирале Вотановски за судбината на нивни роднини кои се борат како платеници за Вагнер во Украина.

Виталиј Вотановски
Виталиј Вотановски


Тој за „Caucasus.Realities“, регионалниот медиум на Севернокавкаската служба на РСЕ, вели дека откако почнал да ги следи гробовите на оние убиени во Украина, нашол роднини на семејства низ јужна Русија, како што се градовите Ставропол и Волгоград, па дури и подалеку како Белорусија и Казахстан. Во повеќето случаи, семејствата не биле информирани за смртта и откриле дека нивните роднини повеќе не се живи откако некој видел една од фотографиите на Вотановски на неговиот канал на Телеграм.

„Само во еден случај сопругата била известена дека борецот загинал... останатите не знаеле“, рече Вотановски за време на интервјуто.

„За време на моето последно патување, најдов многу гробови со нестандардни црно-жолти венци, и многу роднини дознаа за своите најблиски [на тој начин]“.

Тие црно-жолти венци станаа симбол за гробовите на вагнеровите борци убиени во Украина. Платеничката група претрпе големи загуби, особено во последниве месеци додека се водеа тешки битки во градовите во источна Украина, како Соледар и Бахмут.

Украинските сили под жесток оган во опколениот Бахмут
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:23 0:00

Специјални гробишта

Со цел да ги смести сите тела, Вагнер изгради специјални гробишта за своите убиени борци, од кои се верува дека многумина се затвореници кои биле регрутирани да се борат во замена за ослободување од затвор. Вотановски за прв пат ги открил Вагнеровите гробишта во декември, распространети во селото Бакинскаја лоцирано во областа Краснодар во југозападна Русија.

Покрај ублажување на казната, дел од начинот за јавно регрутирање, виден и на протечените видео снимки од шефот на Вагнер Евгениј Пригожин, исто така е дека семејството ќе добие парична исплата ако војниците бидат убиени борејќи се во Украина.

Групите за застапување велат дека на затворениците кои се пријавиле, им било кажано дека нивните семејства ќе добијат исплата од 5 милиони рубљи (71.000 долари), доколку бидат убиени.

Но, Вотановски вели дека, врз основ на неговите се почести интеракции со членовите на семејствата чии роднини загинале борејќи се за Вагнер во Украина, многумина не се информирани за смртните случаи и ветените исплати не се испорачуваат, за што тој шпекулира дека е можеби намерен потег на платеничката група.

„Се разбира, на Вагнер му е полесно да ги закопа сите на едно место отколку да се справи со сложената логистика и транспорт на трупови наоколу [Русија], па дури и до соседните земји“, рече Вотановски.

„Но, ова го покажува и нивниот вистински однос кон мртвите и кон нивните семејства“, вели тој.

Не е позната точната причина поради која членовите на семејството не биле известени.

„Надвор од затвор за колење“

Во интервјуата на РСЕ со експерти, активисти, поранешни платеници на Вагнер и членови на семејствата на борците кои беа убиени, некои теоретизираа дека тоа може да биде резултат на лоша организација, загриженост за финансиските трошоци за компанијата со оглед на зголемените жртви на бојното поле во последниве месеци или други работи произлезени од војната и масовното регрутирање затвореници.

Според Владимир Осечкин, основачот на „Гулагу.нет“, руска организација за човекови права која се фокусира на затворскиот систем во земјата, главната причина зошто членовите на семејството не се информирани и исплатени, е тоа што борците, особено оние кои се регрутирани од затворите, се сметаат за истрошени.

Тој вели дека, врз основа на истражувањето на неговата организација, регрутите на Вагнер честопати се измамени за наводните финансиски придобивки, и недостатокот на комуникација или испорака на ветените плаќања е најновиот развој на системот каде што „Пригожин доби право и можност да извади секого од затвор на колење“.

Јевгениј Пригожин
Јевгениј Пригожин

Јана Гелмел, адвокатка од Фондацијата за одбрана на правата на затворениците, додава дека и други фактори би можеле да придонесат за недостигот на исплати надвор од неподготвеноста од страна на Вагнер, како што се неправилно пополнување формулари за контакт и некои регрути кои не сакаат да им кажат на членовите на своето семејство дека се пријавиле да се борат во Украина.

РСЕ разговараше со седум одделни членови на семејства кои го контактираа Вотановски и ги разгледаа неговите разговори со нив. Притоа побарале да се сокријат некои детали за идентификација за да се спречат правни или други последици од руските власти.

Во еден случај, сопругата на убиениот платеник вели дека не примила ниту една од исплатите што ги промовираше Пригожин. И покрај тоа што потпишала полномошно за нејзиниот сопруг пред тој да биде распореден, нејзините законски обиди да бара компензација биле игнорирани и таа вели дека дознала за смртта на нејзиниот сопруг само преку каналот на Вотановски.

Друга жена чиј сопруг беше убиен борејќи се за Вагнер рече дека и било кажано дека не може да присуствува на погребот и дека била замолена да го посети гробот подоцна.

Една жена чиј роднина е убиен во Украина, откако била регрутиран од затвор, вели дека им пишала на руското Министерство за одбрана и до поправната установа каде што нејзиниот роднина отслужувал казна, но нема одговор.
Во останатите случаи, роднините рекоа дека поднеле барања до Вагнер и до Министерството за одбрана, но не добиле одговор.


„Топловско месо“

Проценките на американската влада велат дека околу 50.000 платеници на Вагнер биле испратени во војната во Украина, а 30.000 досега биле убиени или повредени.

Андреј Медведев, поранешен командант на Вагнер во Украина, кој подоцна побегна во Норвешка и поднесе барање за политички азил, за РСЕ изјави дека тешкотиите со испраќањето исплати на семејствата на загинатите борци во голема мера произлегуваат од тоа што платеничката компанија претрпела огромни загуби и финансиски е неможно да се префрлаат пари за сите.

„[Борците] беа третирани како топовско месо“, рече Медведев. „Има премногу трупови и едноставно нема доволно пари [за да се платат сите]“.

Поранешниот платеник додаде дека, и покрај зголемениот број на роднини оставени во незнаење, Вагнер информира некои семејства, велејќи дека ако воопшто не се стори тоа ќе му наштети на угледот на компанијата во Русија.
Но, тој вели дека сè повеќе семејства веројатно нема да ги добијат ветените исплати со оглед на растечките загуби со кои се соочува Вагнер.

Додека сè уште се борел за платеничката група, Медведев рече дека бил сведок на случаи кога многу војници биле закопани на самото место откако биле убиени во борба, а потоа наведени како исчезнати од командантот.

Во еден случај, тој рече дека пријател од платеничката група бил убиен на украинскиот фронт и дека неговиот претпоставен рекол дека неговото семејство нема да добие отштета бидејќи телото на човекот не може да биде вратено во Русија.

„Нема тело, нема исплата. Командантот веднаш рече дека семејството нема да добие пари без тело“, рече Медведев.

„Морав да водам група таму за да го донесат, за неговото тело да може да биде испратено дома“.

XS
SM
MD
LG