Масивната, неверојатно скапа црква „Народен спас“ во Букурешт е многу години далеку од нејзиното планирано отворање, но архитектонскиот колос веќе доминира на хоризонтот на романската престолнина.
Ова е катедралата „Народен спас“, во центарот на Букурешт, како што изгледаше на 13 јануари, додека сè уште беше во изградба.
Обележјето треба да биде завршено до 2025 година, но веќе е најголемата и највисоката источна православна катедрала во светот. Кога конечниот крст ќе се додаде на централната купола, зградата ќе биде висока 127 метри.
Плановите за огромна катедрала за славење на издигнувањето на православното христијанство датираат од руската и романската победа над муслиманските османлиски сили во 1878 година. Романците тој конфликт го нарекуваат своја војна за независност.
Во 20-тиот век, светските војни, проследени со комунистичка диктатура, заедно со тешкотиите во изборот на локација доведоа до тоа изградбата на катедралата постојано да се одложува. Конечно, во 2010 година, беше најдена земја на неискористена површина на територијата на злогласната Палата на Парламентот на комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску, и оттогаш изградбата продолжи.
Досега за проектот се потрошени 200 милиони евра, а најголемиот дел од парите доаѓаат од јавни фондови, додека околу една четвртина од донации. Критичарите ја нарекоа градбата „фараонска“ и споредлива со мегаломанијата од ерата на Чаушеску.
Но, во малата капела пред градилиштето на катедралата, Михаи Габриел Перју за РСЕ изјави дека духовните и практичните последици од катедралата ќе ги направат трошоците повеќе од вредни. Студентот по теологија, вели дека црквата најверојатно ќе стане главно место за аџилак и за православните христијани и за неверниците.
„Едноставните луѓе во себе имаат љубопитност за светите нешта“, рече Перју, „и кога ќе ја видат оваа зграда, мислата ќе им влезе во главата: „Треба да дознаам повеќе за христијанската религија“, рече тој. „Ќе биде како да фрлате камен во езерце, брановите ќе се преселат во светот и ќе имаат влијание далеку од Романија.
Архитектонскиот историчар Валентин Мандаче, за разлика од нив, е жесток критичар на проектот, велејќи за РСЕ дека обележјето е очајно слично на градбите од комунистичката ера на кои им недостасува „секаков вид естетика“. Тој тврди дека зградата е пример за „корупцијата, популизам, претпочитањето моќници и диктатурите на неговата земја и, во суштина, културната заостанатост“.
Црквата ќе може да има хор од 1.000 пејачи и 6.000 верници во главната сала. Голем тим уметници моментално работи на мозаици кои ќе ги пополнат внатрешните површини.
Ѕвоно тешко 25 тони за проектот беше дизајнирано од тим предводен од италијанскиот кампанолог Флавио Замбото. Тој изјави за романските медиуми дека, иако секое ѕвоно што го произведува му е „како син“. “Инструментот дизајниран за катедралата во Букурешт „за прв пат беше емотивен да се слушне: силно, длабоко, долго. Тоа е звук што ве прегрнува, ве означува“.
Според извештаите, ѕвоното ќе може да се слушне на околу 20 километри.
Безбедноста на локацијата беше засилена по мај 2022 година, кога неидентификуван скокач се искачи на куполата помеѓу градежните смени на локацијата и скокна во главната сала на катедралата.