Достапни линкови

Младите бараат правда за струшката родилка која остана без 3 органи


Јилдиз Веаповска, родилка од Струга која при породување остана без три органи

Младинската иницијатива „Ние младите“ преку онлајн петиција и даваат поддршка на родилката од Струга која по породување со царски рез се разбудила без три органи.

Со онлајн петиција, младите одлучија да притискаат за правда за родилката Јилдиз Веаповска од Дебар. Таа јавно ја раскажа својата приказна како останала без матка, бубрег и еден јајник при породување со царски рез во август лани кај гинекогот, доктор Мухамед Асани. Откако состојбата и станала критична ја префрлиле на скопските клиники. Кога се разбудила од кома дознала дека и се извадени органите.

„Со почетна замисла произлезена од идеја дискутирана на Твитер, се создаде желба за граѓански да се делува дополнително во случајот со Јилдиз Веаповска - родилката од Струга, чии 3 здрави органи беа извадени од страна на докторот Мухамед Асани. Надлежните органи до ден денес сеуште го немаат санкционирано докторот и сметаме дека постои политички обид да се сокрие злосторникот, да се избегне кривична казна“, објаснуваат од младинската иницијатива „Ние младите“ кои ја започнаа онлајн петицијата за правда за родилката и бараат кривична казна за Асани.

Нивната цел е да дадат поддршка на родилката која започна сама да ја бара вистината, откако Лекарската комора не пронајде грешка во постапувањето на докторот. Тие бараат кривична казна за Асани за незаконско работење во нелиценцирана ординација и незаконско препуштање одговорност на немедицинско лице, односно на неговиот син.

„Дополнително сметаме дека овде може да има индиции за поголемо казнено дело, поточно „Трговија со органи“. Логично се поставува прашањето зошто се извадени три органи ако биле целосно здрави? Со која причина? На Веаповска никогаш не и е дадено објаснување за целава ситуација. Сметаме дека ова може да биде само почеток на една алка од низата на ланецот за трговија со органи и бараме детална истрага“, пишуваат од „Ние младите“ во описот за петицијата.

Веаповска поднесе кривична пријава во струшкото обвинителство против докторот Асани, кој воедно е и директор на болницата во Струга. Таа, за да го одбрани обвинението, зеде дел од бубрегот изваден во струшката болница ставен во парафински калапи. Тие калапи изјави дека ќе ги носи во приватни клини и во странство за да ја дознае вистината. Според наодот од Институтот за патологија впишано е дека има оштетувања на артеријата на бурегот, но според описот на органот, тој бил здрав.

„Ние младите“ апелираат од младите и сите граѓани да се вклучат во „борбата за правда со тоа што би го држеле овој случај актуелен се додека не се реши.“

Тие засега имаат собрано над 7200 потписи. Во меѓувреме, министерот за здравство Венко Филипче најави дека неделава ќе излезат со став, бидејќи немаат направено детален увид. Покрај тоа, директорката на Државаната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска повика да се побара одговорност од докторот Асани. ДКСК планира и да постапува за судир на интереси кај Асани, бидејќи во неговиот дом е откриена и нелегална ординација за која Ивановска изјави дека со тоа може да е нелојален кон институцијата која ја раководи, болницата во Струга.

XS
SM
MD
LG