Достапни линкови

Вие коментирате: „Нели е се под контрола“


Илустрација

Дел од посетителите и натаму не веруваат дека големиот број смртни случаи е токму од компликациите што ги предизвикува вирусот во организмот на луѓето. Како и да е, ковид кризата во фоксуот на вниманието на посетителите на РСЕ

Сакале неќеле, пандемијата со ковидот доминира и во коментарите на нашата Фејсбук страницата на Радио Слободна Европа на македонски јазик. Дел од посетителите и натаму не веруваат или како да го превидуваат фактот дека големиот број смртни случаи е токму од компликациите што ги предизвикува вирусот во организмот на луѓето.

Министерот Венко Филипче изјави дека „има пациенти со страшни манифестации на белите дробови и крвта какви што пулмолозите и инфектолозите досега не виделе“. По оваа информација објавена на нашата веб страница, Александар Гакидов иронично коментира: „Нели сѐ е под контрола“, а Славиша Анѓелковски напишал: „Важно во Влада и Собрание нема смртни случаи од тн. Ковид-19...“ Мукрем Саитоски забележува: „Еднуш кажете колку починале од инфаркт, мозочен удар и други болести...Чудо како од други болести више никој не умират.“

Милосав Божиновски, меѓутоа, со сериозна забелешка до министерот Филипче дека ниту еднаш не слушнал најпрвин да им изрази сочувство на најблиските за починатите „пред да почне да ни кажува статистики колку умреле“. Па додава дека „во ЕУ е донесена одлука семејствата на починатите да добијат помош од државата за погреб бидејќи финансиски се истрошени. Кај нас само статистика што потоа партиите си ја користат за партиска пропаганда“.

Во ФБ коментарите има и негативни реакции по изјавата на премиерот Зоран Заев дека во знак на благодарност до Србија за вакцините Владата размислува за можноста српските државјани да не плаќаат патарина во земјава. Блерим Рушити прашува: „Зошто не ги ослободите од патарина тие што ја држат економијата на Македонија, малите фирми плаќаат секој ден патарина по 10 пати за 20 км. превоз, повеќе патарина од гориво“. Сашо Јанчевски, пак, смета дека „ние Македонците сме способни на свој грб да го издржуваме СВЕТОВ“.


На пораката од американскиот Стејт Департмент до Бугарија во Извештајот за човекови права „да ги спроведува своите закони еднакво за сите етнички групи во земјата, меѓу кои и македонската“, Ѓорѓи Ристески реагира со прашање: „На Грција такво нешто ѝ спомнавте?!“

Протестот пред Владата поради пресудите за случајот „Монструм“, од кој РСЕ пренесуваше во живо, како што впрочем прави и од сите други протести и митинзи, предизвикал лавина од коментари, главно навреди и непримерен јазик по меѓуетничка линија и тие, вообичаено, не ги цитираме.

Видео од протестот против пресудите во „Монструм“ што го пренесувавме во живо на Фејсбук страницата на РСЕ на 2 април 2021

Внимание заслужуваат два поста. Рубин Најдоски извикува: „Поддршка за браќата Албанци! Ги повикувам сите Македонци осудени во монтирани политички процеси да им се придружат на Албанците... Немојте да бидете дволични оти Албанците се борат и за вас и не заборавајте дека победничкиот гол против Германија го даде Албанец, па сега Македонија се гордее со победата...“.

Насет Мемети позитивно реагира на постот на Најдоски: „Прв пат во мојот живот гледам од страна на Македонец што збори право...Политиката го прави ова...Правда треба да има за сите, било за Македонец било за Албанец, ама за жал, чим и правдата се меша со политика никад нема да има правда и да функционира државата како што треба...“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG