Достапни линкови

Малку персонал и пари, многу предмети за корупција


Трибина на Антикорупциската комисија:

Институтот за човекови права и Транспарентност Македонија ја мониторираат работата на државната Антикорупциска комисија. Извештајот за капацитетот на оваа Комисија покажува дека немаат доволно персонал, имаат материјални проблеми, а многу предмети за борба против корупцијата. Невозможно е да се очекува дека од тој број на членови на комисијата, без дополнителен персонал, без дополнителни ресурси ќе може да се обавува успешно работата на оваа комисија, вели Маргарита Цаца Николовска од Институт за човекови права.

Неодамна започнавте проект за мониторирање на Државната комисија за спречување корупција. Како ќе ја следите работата на комисијата?

Во овој грант освен Институтот за човекови права е вклучена и невладината организација Транспарентност Македонија. Заедно се остварува следење на работата на Државната антикорупциска комисија. Методологијата е изготвена, методологијата опфаќа сè што се работи, со тоа што ќе се следат начините, ќе се следи што е проблематиката, во која насока треба повеќе да се обрне внимание од страна на државата за да се обезбедат доволно и човечки капацитети и материјални можности како би можело оваа Комисија да ја обавува својата функција.

Што покажува извештајот за капацитетот на оваа Комисија?

На самиот почеток и лицата кои прават мониторинг и членовите на Комисијата се усогласени дека капацитетот не е задоволителен. Членовите се тие, меѓутоа им треба уште повеќе персонал, луѓе коишто административно ќе работат дел што не може да го покријат само членовите на оваа комисија. Во исто време и другите материјални проблеми се јавуваат како проблем и во таа насока ако се сака да се има ефикасна и ефективна државна комисија со решавање на големи проблеми, а гледаме дека многу предмети се отвораат, дека во таа насока ќе треба да се овозможат многу повеќе и подобри услови за тоа да се обавува. Невозможно е да се очекува дека од тој број на членови на комисијата, без дополнителен персонал без дополнителни ресурси ќе може да се обавува успешно работата на оваа комисија.

Комисијата за кратко време отвори многу предмети, за разлика од изминатите состави на комисијата, кои како да беа во сенка. Колку е реално да се очекува дека сè што било тргнато на страна оваа комисија ќе може да го отвори и да се бори против корупцијата?

Минатата комисија беше многу пасивна. Дури за одредени прашања не сакаше воопшто ниту да постапува, а да не зборувам за транспарентност, што предизвика незадоволство и кај политичарите и кај граѓаните, а и меѓународната јавност тоа го оцени со негативна оценка.Сега имаме сосема друга ситуација каде што се многу поактивни, многу предмети се отвораат. Дали ќе може старите предмети да ги отворат и да ги разрешат заради тоа што има еден период и на непостапување, па дел од тие барања може да се јават и како застарени, за што секако оваа комисија не може да сноси одговорност. Во секој случај и стари и нови предмети, многу голема работа е. И лично сметам дека ќе мора таа комисија да најде начин да ги расчистува многу посериозните предмети, сега јас не можам да кажам за каков карактер на предмети се работи, но секако не треба да се губи време на минорните предмети во насока на запоставување на многу посериозните предмети кои може да застарат.

Има инструменти, меѓународната правна фела во овој дел има воспоставено параметри на кој начин да се утврдува приоритетот на решавање на предмети и ако навистина има навала на предмети коишто ќе оневозможат работење на приоритетните предмети или посериозните предмети, не би требало тоа како така да се прифати, иако од друга страна не би требало да има ниту селективен пристап. Кога ќе се направат добри критериуми нема да има селективност, туку нешто што ќе ја прави нејзината работа поефективна и поефикасна.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG