Достапни линкови

Работници и сопственици за опстанок на македонските конфекции


Затворена текстилна компанија поради пандемијата од корона вирусот.
Затворена текстилна компанија поради пандемијата од корона вирусот.

Додека се чекаат податоци кои треба да ги покажат ефектитете од новите мерки на Владата од компаниите стигнуваат предупредувачки податоци. Дел од вработени во погодени гранки како конфекцијата со недели ги држат вратите затворени. Велат тешко ќе преживеат без пари за плати со шестиот пакет.

Педест и деветгодишниот Кирчо Иванов од Македонска Каменица стравува дека неговата извозна текстилна компанија која опстојува над две децении на пазарот, годинава нема да ја преживее пандемијата, ако не добие финансиска помош од шестиот пакет анти кризни мерки, за да може да исплати плати за април и мај.

Неколку недели оваа компанија ги држи вратите затворени зашто вработените немаат работа поради карантините и рестриктивните мерки кои се на сили во европските земји каде извезуваат женска облека.

Иванов вели дека очекува државата да не дозволи да згаснат компании од текстилната индустрија каде има 30 илјади вработени, дополнувајќи дека со помошта од минатата година нивната компанија успеале да опстои.

"Од пандемијата работиме со скратено работно време, но со помошта што ја добиве успеавме да ја завршиме 2020. Од Нова година повторно малку имавме работа, па до март работевме со скратено врема, а од април трета недела не работиме. Нашето производство зависи од порачките од странските пазари, а со пандемијата моловите таму се затворени и сме погодени. Правиме се за да го задржиме секој вработен и ќе се бориме за да ја победиме оваа најтешка состојба од почетокот кога почнавме со работа", објаснува Кирчо Иванов за РСЕ, дополнувајќи дека во континуитет со години наназад се досега редовни ги исплаќал платите и придонесите кон вработените како и давачките кон државата.

Кирчо Иванов - сопственик на текстилна фабрика во Македонска Каменица.
Кирчо Иванов - сопственик на текстилна фабрика во Македонска Каменица.

Тој вели дека кога се затворија повторно границите во земји од Европа оваа година поради новиот бран на вирусот, останале без работа, но не сакал да се откаже и ги земал работите во свои раце. Поради заглавеноста на петиот пакет анти кризни мерки во Собранието тој подигнал кредит за исплата на плата за врботените за февруари. Но, е загружен за натаму, зашто состојбата на европските пазари не е подобрена, а според најавите тоа се очекува да се случи по јуни.

Иванов ни кажа дека ,во меѓувреме, не е јасно дали државата планира да има плати за вработените од шестиот пакет за текстилната индустрија и прашува дали владата има пари да им помогне.

"Ако нема помош од државата немаме друг излез. Нашите вработени се претежно жени и тоа повозрасни кои се неколку години пред пензија и тешко во овој период да најдат друга работа, платата во текстиланата индустрија е мала, но редовна. Сега кога нема работа и најава за работа правиме се да не изгубиме ниедно работно место, се договоривме со вработените заедно да се бориме, но без помош од државата многу тешко ќе поделиме плати за натаму за април и мај. Со петиот пакет ќе го решиме проблемот за плати за март. Зедов кредит за да исплатам платата за февруари. Ќе аплицираме да ни дадат пари за плата за третиот месец. Но, ако државата не ни помогне, да даде со шестиот пакет пари за плати за април и мај, друг излез немаме, незнам како понатаму", вели Кирчо Иванов.

Трета недела 120 работници од неговата фабрика "Текстил М" се дома. Тоа значи дека ниту се отпуштени ниту примаат надомест. За статистиката овие 120 работници се само бројка. Но во суштина тоа се луѓе кои освен од корона вирус стравуваат дека ќе останат без работа. Освен можност да останат без работа вработените имаат и други проблеми. Примањата им се намалени за 30 проценти поради намалениот обем на работа во изминатите месеци.

Сузана Јанчовска има 54 години и осумнаесет години работи во текстилна компанија . Таа вели дека директорот неа и не нејзините колеги искрено им објаснил дека моментално нема работа за нив поради тоа што нема побарувачка од европските партнери и оти подигнал кредит за да им исплати плата за февруари.

Претходно таа земала плата од 17 илјади денари, но поради намалениот обем на работа примањата и се минимални и изнесуваат 15 илјади денари.

Сузана за РСЕ вели дека нејзиното семејство е во вонредна состојба.

"Три недела не сме на работа, тоа за нашето семејство е тешко, тешко преживуваме, работи и сопругот, но и тој зема мининимална плата и се плашиме за егзистенцијата дали ќе има работа. Слушаме на телевизија, чекаме помош од државата, многу е тешко. По продавниците е скапотија, а платата е иста дури и помала. Имаме кредите кои треба да се вратат, задолжено сме кај банките за да може да купиме нешто за децата з а на училиште",вели Сузана.

Сузана Јанчовска - вработена во затворената текстилна фабрика
Сузана Јанчовска - вработена во затворената текстилна фабрика

Сузана и нејзините колеги од Текстил М не се осамени случаи кои може да останат без работа среде пандемија ако државата не им помогне.

Очите на работодавачите и на работниците се вперени кон држава

Според податоците на УЈП, во февруари и март, чекајќи ги мерките од петиот пакет 18 772 компании, не исплатиле плати на своите вработени, односно 64 609 работници не добиле плата за изминатите два месеци.

За да ги добијат субвенциите за плати за февруари и март компаниите може да аплицираат до крајот на месецот, но од Владата засега нема најави дека оваа мерка ќе продолжи и во следните месеци.

"Во овој момент не можам да ви кажам дека повторно ќе има мерка за плати, ќе следиме според потребите и така ќе реагираме" изјави неделава министерот за финансии Фатмир Бесими.

Македонското собрание минатиот викенд го усвои Петтиот пакет антикризни мерки, со кој помош треба да добијат околу 20 илјади компании и 150 илјади граѓани кои вршат самостојна дејност и се погодени од здравствено-економската криза за месеците февруари и март 2021 година, како и работодавачите кои треба да исплатат плати за февруари и март.

Презентирајќи го пак шестиот пакет мерки кој изнесува 17,8 милиони евра владата објави дека со него ќе бидат опфатени дванаесет економски дејности, а во фокусот се угостителството и туристичките дејности кои не работеа во изминатите неколку недели поради рестриктивните мерки.

Освен директна помош за некои сектори владата донесе одлука преку развојната банка да овозможи аплицирање за бескаматни кредити и за субвенцинирање на трошок за камата на комапниите кои ја реинвестирале остварената добивка.

Нашиот соговорник Кирчо Иванов од почетокот на приказната ни објаснува дека и кога повторно ќе ја отвори фабриката ќе има долгови поради веќе подигнати кредити. Тој вели дека не сека да се откаже и оти поентата е да се бори заедно со вработените очекувајќи дека само на тој начин се може да оди на подобро. Но, од моментот со доцнењето на петиот антикризен пакет кој две месеци беше заглавен во Собранието, Иванов се плаши од евентуални нови доцнења на мерките кои владата ги носи за спас на економијата. Тој вели дека со помош за плати за април и мај владата ќе им овозмоши шанса на многу луѓе да останат вработени.

" Плаќам 4 проценти камата за кредитот, незнам како ќе го вратам и ако нема друг пакет ќе бидам принуден да ги отпуштам работниците. Апелирам пратениците да не играат игри. Тоа се малку пари. Бараме по 15 илјади денари за плати за мај и април. Оптимист сум дека потоа ќе престанат и ограничувањата во европските земји каде извезуваме и оти ќе тргнат работите. Но, да не чекаат мерките повторно во Собрание како што беше со петиот пакет зашто не сме во состојба веќе да бараме кредити. До 15 мај да ги донесат мерките од шестиот пакет за да знаеме што да правиме", вели Иванов.

Досега од државниот буџет беа издвоени пари за четири пакети антикризни мерки за ублажување на последиците врз економијата предизвикани од епидемијата на Ковид-19.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG