Достапни линкови

Кој е српскиот политичар Палма, обвинет за подведување девојчиња?


Членот на владејачката коалиција Драган Марковиќ Палма пред српскиот парламент

Шефот на партијата „Единствена Србија“, Драган Марковиќ-Палма е во фокусот на истрагата за наводите дека подведувал малолетни девојчиња на секс со политичари. Марковиќ е познат по хомофобични оценки и повикување на „светото писмо“. Људмила Цветковиќ

Долг е списокот на официјалните позиции на Драган Марковиќ-Палма за време на неговото тридецениско стампедо низ редовите на српската политика. Во моментов овој 60-годишник е пратеник во Националното собрание, претседател на коалициската партија Единствена Србија и претседател на градскиот совет на Јагодина, град на 135 километри југоисточно од Белград.

Тој исто така беше градоначалник на Јагодина осум години до 2012 година, кревајќи го неговиот „индустриски“ профил со нови зафати во туризмот како вештачки водопад, аква-парк, зоолошка градина, стадион и огромен трговски центар. Марковиќ беше и заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во првата влада на Србија по соборувањето на Слободан Милошевиќ во 2001 година.

И во време на она што многумина го сметаат за врв на српскиот национализам во раните 90-ти, Марковиќ беше основач на десничарска политичка партија заедно со озлогласениот српски паравоен лидер и гангстер Жељко Ражнатовиќ-Аркан.

Пратеникот Драган Марковиќ Палма, началникот на ГШ на српските вооружени сили Љубиша Диковиќ и министерот за одбрана Александар Вулин на одбележувањето на Денот на независноста на Амбасадата на САД во Белград
Пратеникот Драган Марковиќ Палма, началникот на ГШ на српските вооружени сили Љубиша Диковиќ и министерот за одбрана Александар Вулин на одбележувањето на Денот на независноста на Амбасадата на САД во Белград

Во меѓувреме, тој има формирани деловни фондови под брендот Палма, кои се фокусирани врз трговија и транспорт, но исто така вклучуваат и ТВ станица и клуб за кикбокс. Марковиќ честопати се додворуваше во јавноста, со хомофобични изјави, како и со повикување на „светото писмо“ за српските претензии кон Косово. Тој ја имал покането премиерката Ана Брнабиќ - кога таа беше министерка - на секс „бунга-бунга“ забава.

Но, сега тој се наоѓа во неразјаснети правни и политички води, соочен со истрага за обвиненија од опозициски пратеник за „макро“ и од анонимен сведок, кој тврди дека Марковиќ организирал и учествувал во секс со жени и малолетни девојчиња во Јагодина.

Најмалку 10 години

Локалниот огранок на јавното обвинителство на Србија на 20 април објави дека отвори случај во врска со обвинувањата оти Марковиќ организирал сексуални собири во Јагодина на кои присуствувале владини претставници и „девојчиња на возраст од 15, 16 и 17 години“ од Белград.

Вучиќ - Одговорот на криминалните групи ќе биде безмилосен

Истрагата следеше по прес-конференцијата на која еден опозициски пратеник, заменик-претседателката на Слободата и правдата Мариника Тепиќ презентираше видеоснимка на наводен сведок, обвинувајќи го Марковиќ. Сведокот, чиј идентитет беше заштитен, тврди дека младите жени потоа оделе со Марковиќ или неговите „коалициски и деловни партнери“ на собирите.

„Сето ова трае најмалку 10 години, сите го знаат тоа, но никој не зборуваше на овој начин“, рече Тепиќ и додаде дека случајот треба да доведе до пад на српската влада. Напредната партија на претседателот Александар Вучиќ и на премиерката Ана Брнабиќ владеат во коалиција во која се вклучени социјалистите на спикерот на парламентот Ивица Дачиќ (СПС) и партијата Единствена Србија на Марковиќ.

Мариника Тепиќ, пратеничка од опозицијата во Србија
Мариника Тепиќ, пратеничка од опозицијата во Србија


„Набавката на жени и девојчиња е секојдневна работа во Јагодина, каде што владее Драган Марковиќ - Палма“, рече Тепиќ. Но, таа исто така предупреди на поширок национален проблем, велејќи дека „макроата на жени, девојчиња не се случува само во мафијата, туку скоро секој ден и во нашата Србија“.

За време на телевизиското појавување на почетокот на овој месец, како што се појавија гласините за зголемените обвинувања, Тепиќ тврдеше дека „секоја жена во Јагодина што сакала да се вработи во јавниот сектор“ добивала „телефон за дружење“, со можност работата да зависи од тоа со кого се „дружи“.

Невладината група АСТРА, која има две децениско искуство во борбата против трговијата со луѓе и други форми на експлоатација, јавно побара темелна истрага. „Доколку се утврди дека ова е кривично дело трговија со луѓе, ве потсетуваме дека обвинението мора да ги опфати сите лица вклучени во синџирот на трговија со луѓе - организирани криминални групи, индивидуални трговци со луѓе и корисници на услуги“, соопшти АСТРА.

Кротење на српските „русофили“ или уште еден маневар на Вучиќ?

Марковиќ ги отфрли обвинувањата како „страшни лаги“ и побара од истражителите, „брза“ истрага. Марковиќ , мислејќи на неговите обвинувачи, додаде дека „некој ќе мора да оди во затвор за сето ова“. Обвинувањата беа тежок јавен удар за човекот кој во текот на скоро 30-годишниот јавен живот се претставуваше како отворен бизнисмен и про-ЕУ политичар.

Националистички почетоци

Марковиќ беше ко-основач на десничарската Партија на српското единство заедно со Аркан во 1993 година, веднаш по војните во поранешна Југославија. Аркан, поранешен криминалец кој беше обвинет за злосторства против човештвото за своите постапки како водач на Српската доброволна гарда за време на војните, веќе прерасна во реномиран мафијаш пред неговиот влез во политиката. Од убиството на Аркан во еден хотел во Белград во 2000 година, Марковиќ остана близок со неговата вдовица, поп-фолк пејачката Светлана Ражнатовиќ, попозната како Цеца.

Пратеникот Драган Марковиќ Палма за време на расправата за кандидатот за премиер на Србија Ана Брнабиќ пред пратениците на српскиот парламент
Пратеникот Драган Марковиќ Палма за време на расправата за кандидатот за премиер на Србија Ана Брнабиќ пред пратениците на српскиот парламент

Тој во 2004 година ја формира неговата сегашна националистичка партија, Единствена Србија. Таа партија ја поддржуваше секоја влада на Србија од 2007 година и - почнувајќи со предвремените избори во 2008 година - учествуваше во коалиција со Социјалистичката партија во сите последователни кампањи. Од 2012 година, поддршката на Единствена Србија помогна да се зајакне консолидацијата на српскиот политички пејзаж под водство на Вучиќ.

Настрана од европеизмот

И покрај неговите напади врз социјалните вредности на ЕУ, Марковиќ мина голем дел од изминатата деценија прифаќајќи го поимот српско приближување кон Европската унија. „Европска интеграција, но не безусловно, и само со Косово како дел од Србија“, рече Марковиќ за РСЕ за време на преговорите за формирање нова српска влада во 2008 година.

„Резолуцијата 1244 е свето писмо за мене“, додаде тој, повикувајќи се на резолуцијата на ОН од 1999 година со која делумно признатото Косово е опишано како дел од Југославија.

Српската премиерка Ана Брнабиќ
Српската премиерка Ана Брнабиќ

Во тоа време, социјалистите со кои Марковиќ беше сојузник беа од суштинско значење во формирањето на про-ЕУ влада во Белград предводена од Демократската партија на претседателот Борис Тадиќ.

Во декември 2013 година, кога Советот на ЕУ одлучи да започне пристапни преговори со Србија, Марковиќ јавно го пофали развојот како резултат на напорите на премиерот Дачиќ и заменик-премиерот во тоа време, Вучиќ. „Нема да бидам нескромен, но ќе бидам објективен: Единствена Србија добива голема заслуга за нејзината поддршка за пристапување во ЕУ“, рече Марковиќ.

ЛГБТ и „бунга-бунга“

Но, јавната личност на Марковиќ беше обележана со постојани негодувања против хомосексуалноста и ЛГБТ заедницата. На неговите турнири во кик-бокс во Јагодина настапи синот на Аркан, Вељко Ражнатовиќ. Тој му подари на Вучиќ капа откако шефот на српската држава беше исмејуван на социјалните мрежи дека никогаш не носел капа на главата.

Неговите вербални напади врз ЛГБТ заедницата беа поопасни. Марковиќ еднаш изјави дека хомосексуалноста е „болест“ и тој никогаш во животот нема да има хомосексуален пријател.

Српскиот политичар Драган Марковиќ Палма пред Собранието на Србија, 13 април 2019 година.
Српскиот политичар Драган Марковиќ Палма пред Собранието на Србија, 13 април 2019 година.

Белградскиот суд го осуди во 2014 година за тешка форма на дискриминација заснована врз сексуална ориентација во врска со забелешките што ги даде пред Парадата на гордоста за поддршка на ЛГБТ-правата што се одржа под закана за насилство од контрадемонстратори во 2011 година.

На официјален настан во зоолошката градина Јагодина во 2012 година, Марковиќ исмејувајќи се, „оженил“ маж и жена жирафа за да испрати порака дека „маж и жена, а не двајца мажи, треба да се венчаат“.

Сите системски пречки за жртвите на силување во Србија


Тој направи и шега на толеранцијата во Европската унија на различните сексуални ориентации. „Ако хомосексуалците ја водат Европа, тогаш е подобро за нас да останеме таму каде што сме и да пасеме овци“, рече тој за време на една јавна расправа за усогласување на српските закони со оние во ЕУ.

За време на посетата на Виена во 2017 година, тој рече дека „не сака да го премине еден пешачки премин“ затоа што на семафорот имало „не маж и жена, туку двајца мажи кои се држат за раце“.

Во пресрет на изборот на Брнабиќ за премиер во 2017 година, тој вети дека нема да гласа за отворено лезбејската политичарка, додавајќи: „Ана Брнабиќ не е моја премиерка“.

Една година претходно, Брнабиќ изјави за весникот Курир дека кога била министер за јавна администрација и локална самоуправа, Марковиќ ја поканил да учествува во една од неговите "бунга-бунга" забави, фраза дадена во сведочењето во Италија од поранешна малолетна проститутка во врска со наводните сексуални врски со богатите и моќните, вклучувајќи го и премиерот Силвио Берлускони.

Брнабиќ изјави дека на прашањето што значат забавите „бунга-бунга“, Марковиќ ѝ рекол: „Тој ми објасни: На овие бунга-бунга забави се забавуваме, пееме, мажите и жените можат да се бакнуваат, жените и жените да се бакнуваат, но мажите не можат да бакнуваат мажи“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG