Достапни линкови

Кои се луѓето кои протестираат во Хонг Конг?


Демонстрантите во Хонг Конг се главно млади и храбри луѓе кои, како што велат, се борат против ерозијата на аранжманот „една земја, два система“ што предвидува одредена автономија за Хонг Конг кога Кина ја врати оваа територија од Британија во 1997 година.

Големите протести кои почнаа во јуни годинава го втурнаа азискиот финансиски центар Хонг Конг во неговата најсериозна криза во изминативе неколку децении.

Запознајте ги демонстрантите во Хонг Конг
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:16 0:00

Тие исто така претставуваат еден од најголемите народни предизвици за кинескиот лидер Си Џинпинг од моментот кога дојде на власт во 2012 година.

Вуди Хо, студент вели:

„Од Велика Британија до Кина, тогашниот претседател Џијанг Цемин ни вети дека ќе имаме општи избори и за нашиот законодавен совет и за главен извршен директор. Но, ништо од тоа не се случи ... пет години подоцна не само што нашите ветувања не се исполнети, тие дури носат и закон за екстрадиција во Кина, што е уште полошо.“

И покрај интензивниот полициски одговор и се поострите реакции на протестите од официјален Пекинг, движењето што започна пред два месеца против предлог-законот со кој се дозволува екстрадиција во Кина сепак се чини дека ужива широка поддршка во градот во кој живеат повеќе од 7 милиони луѓе.

Слаин Лаи студент по психологија вели:

„Мислам дека луѓето што го предизвикаа хаосот во Хонг Конг не се демонстрантите, или студентите или продемократските партии. Наместо тие, владата на Специјалниот административен регион на Хонг Конг го предизвикува хаосот во Хонг Конг, не сакајќи да ги слуша демонстрантите и барањата на пошироката јавност од јуни“.

Дејвид Вонг пак, додава:

„Ние ги споделуваме истите вредности со Соединетите држави и Европската унија, во борбата за демократија. Ние се бориме за правда и затоа се надеваме дека тие земји ќе можат да застанат и да зборуваат за Хонг Конг“.

Од пеењето на христијанската песна „Пејте Алелуја за Господ“, која се појави како неофицијална химна на продемократското движењето, па се до формирањето разни групи за поддршка меѓу нив, демонстрантите создадоа добро развиен систем за обезбедување набавки, помош и поддршка.

„Хонг Конг сега е навистина во хаос, бидејќи градот е на пат кон демократија“, вели еден неидентификуван припадник на групите за прва помош.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG