Достапни линкови

Кога ние ќе стасаме некаде, таму забавата веќе завршила - Вие коментирате


Илустрација

Македонско-американското партнерство, надежите за почеток на преговорите со ЕУ и војната во Украина беа трите најкоментирани теми на читателите на РСЕ на Фејсбук изминатите десум дена. Што се се коментираше...

„Северна Македонија ја одработи својата задача во однос на зачленувањето во ЕУ и сметам дека процесот треба да продолжи што е можно поскоро, а најавениот стратешки дијалог со САД е процес почнат уште поодамна и не е никаква замена за членство во Унијата“, вели американската амбасадорка Кејт Брнз во изјавата во неделата на спортскиот аеродром Стенковец каде што беа изложени најразлични авиони и хеликоптери што учествуваат во вежбата „Брз одговор 22“ што се изведува на полигонот Криволак со учество на повеќе илјади војници од осум држави членки на НАТО.

Бранка Крстевска со негативна реакција: „Ич не се трудете...земете ги тие кои бараа членство... народот не е заинтересиран по секоја цена“. Сашо Ивановски постирал: „Обично ние кога ќе стасаме некаде, таму забавата е веќе завршена“. Редовниот посетител на нашата ФБ страница Лута Ахмети со различно мислење: „Време е за во ЕУ, но имаме внатрешни шпиони, со тие видете да се смират, другото е лесно“.

Новинарите го искористија и присуството на премиерот Димитар Ковачевски на Стенковец за да го прашаат во врска со барањето на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за лидерска средба. „Лидерска средба може да има“, повтори Ковачевски, „но за прашања што се стратешки... Лидерска средба заснована на уцени и закани, а го гледаме претседателот на ВМРО-ДПМНЕ одбројува како во некој лош акционен филм, таква лидерска средба нема да има...“

Сите 20-ина ваши коментари, почитувани, се негативни и со забелешки. Зоран Миленкоски напишал: „Тебе кој те постави да бидиш премиер, ти немаш легитимитет да претставуваш народ македонски, за брзо и тебе ќе ти судит народната власт...“ Слично мислење има и Киро Николовски: „И ти дојде на власт како во гангстерски филм. По препорака од човек кој ја упропасти Македонија со лаги и криминали. Што си ти сега подобар... Нови избори се неопходни да може народот да добие влада по негов избор...“

Бугарскиот историчар Стефан Дечев најави формирање бугарско-македонска „Комисија за историја во сенка“, велејќи дека таа комисија ќе покаже дека не мора да има скандали по секоја средба на историчарите од двете земји.

На нашите граѓани се чини им е преку глава, па Блажо Хогар Страшниот забележува: „Аман, доста е веќе со циркусиве“, а Јагода Трајковска напишала: „Престанете со глупости. Видовме и осетивме колку ни се големи пријатели, нема потреба повеќе од ова што досега го направија“.

Радио Слободна Европа со вести и видео снимки од теренот каде што се одвиваат воените дејствија во Украина и руските гранатирања на цивилни објекти ја следи војната во таа држава, но коментарите на нашиот ФБ се зачудувачки. Бомбардирањето на училиште во Луганск во кое биле засолнати околу 90 цивили, потпишан со Ицко Мрша го коментира вака: „Зошто плачете, нели вие потопивте брод, Путин ништо не кажа, вие како бебиња одма стенкате“. Беким Османи му одговара на Ицко Мрша: „Абе глупав, никој не плачет на воени цели, овде се цивилни“. Во постот на Цобе Наумовски се насетува иронија: „Браво Руси..!!... Ви останаа уште само старечки домови и детски градинки“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG