Достапни линкови

Кина издава пасоши за вакцини иако СЗО не ги препорачува


Кинескиот сертификат вклучува шифриран QR-код што им овозможува на секоја земја да добие здравствени информации за патниците.

Кина лансираше дигитален сертификат за вакцинација против ковид-19 за своите граѓани што планираат прекугранични патувања. СЗО е против ваквите пасоши бидејќи сè уште не е познато колку долго трае имунитетот по примената на одобрените вакцини.

Кинескиот дигитален сертификат, кој содржи статус на вакцинација и резултати од тестови за вируси за одредено лице, е достапен за кинеските граѓани преку програмата на кинеската платформа за социјални медиуми WeChat, која беше лансирана на 8 март.

„Сертификатот треба да помогне во промовирање на заздравувањето на светскиот економски систем и за олеснување на прекуграничното патување“, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Данска планира да прави дигитален пасош за коронавирус

Сертификатот, кој во моментов е достапен само за кинески граѓани и сè уште не е задолжителен, се смета дека е првиот познат „пасош за вакцини“ во светот. Исто така е достапен во хартиена форма.

„Дигитален зелен пасош“ на ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:58 0:00

САД и Британија се меѓу земјите кои во моментов ја разгледуваат можноста за издавање на слични дозволи.

Европската унија работи и на своевиден зелен пасош за вакцини што ќе им овозможи на луѓето да патуваат меѓу земјите членки, но и надвор од Унијата.

Кинеската државна агенција Ксинхуа објави дека сертификатот вклучува шифриран QR-код што им овозможува на секоја земја да добие здравствени информации за патниците.

Белата куќа ќе го испита извештајот на СЗО за потеклото на ковид-19 во Кина

Ваквите кодови во рамките на WeChat и на други кинески апликации веќе се користат во домашниот превоз и во многу јавни места во Кина.

Но, програмата предизвика загриженост за приватноста и за ширењето на владиниот надзор.

Не е веднаш јасно со кои земји Кина разговара за да го признаат сертификатот за ковид-19.

Кина, исто така, сака да ги олабави ограничувањата за луѓето кои пристигнуваат во Кина, вакцинирани против ковид-19.

Постоечките правила за карантин треба да останат на сила за луѓето кои пристигнуваат во Кина, бидејќи е можно вакцинираните лица сепак да бидат заразени од вирусот.

Претходно, директорот на Светската здравствена организација за итни случаи Мајкл Рајан изјави дека таканаречените „пасоши за вакцини“ не треба да се воведуваат од повеќе причини, вклучувајќи го и фактот дека вакцините против коронавирусот не се подеднакво достапни за сите во светот.

Тој на прес конференција прецизира дека Агенцијата за здравство на Обединетите нации не препорачува употреба на сертификати за вакцини како услов за патување што го бараат одредени земји и дека треба да се земат предвид реалните и етичките причини.

„Вакцинацијата едноставно не е достапна за целиот свет и секако не е достапна на фер основа“, рече Рајан.

СЗО: Во 130 држави нема стасано ниедна вакцина против ковид-19

СЗО соопшти дека сè уште не е познато колку долго трае имунитетот по примената на одобрените вакцини против ковид-19 и дека овие податоци сè уште се собираат.

Рајан исто така рече дека воведувањето на пасоши ќе биде нефер за луѓето кои не можат да се вакцинираат од одредени причини, и дека на тој начин „нееднаквоста и неправдата“ ќе бидат воведени во системот.

Во напорите да се врати секојдневието кај граѓаните по востановениот систем на вакцинирање Американскиот центар за контрола и превенција на болести објави упатства за вакцинирани граѓани во кои се наведува дека целосно вакцинираните лица можат да се среќаваат во затворен простор без да носат маски или да држат дистанца.

Во последните 24 часа во САД, биле заразени 46.455 луѓе, а 666 починале, така што бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата е повеќе од 525.000, објави Универзитетот Џонс Хопкинс.

Целосно вакцинираните, исто така, ќе можат да се среќаваат со оние кои имаат мал ризик да развијат тешки симптоми на колвид-19. На пример, вакцинираните баби и дедовци ќе можат да посетуваат здрави деца и внуци.

Бајден: секој Американец ќе добие вакцина против ковид-19 до јули

Американскиот центар за контрола и превенција соопшти дека луѓето се сметаат за „целосно вакцинирани“ две недели по примањето на последната доза на вакцината.

Долго очекуваните упатства беа објавени откако голем број Американци побараа одговори дали можат да се вратат во нормален живот по целосната вакцинација.

Повеќе од 30 милиони Американци ги примиле двете дози на вакцина ковид-19, а уште десетици милиони треба да ја примат втората доза до крајот на месецот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG