Достапни линкови

Студентите и власта задоволни - низ работни групи ќе се крчка студентскиот оброк

Студентски протест во Скопје
Студентски протест во Скопје

Студентите и властите се договорија, студентскиот оброк ќе се исплаќа како и досега, при што си дадоа рок до 15 март низ работни групи да дојдат до ново решение. За студентските домови, Министерството за економија ќе проверува дали има можност да се исклучат од мерките за штедење.

Студентскиот оброк до 15 март ќе се исплаќа според старите правила, а во овој рок низ работни групи студентските претставници, пратениците и Владата ќе бараат системско решение за надминување на овој проблем. Ова е договорено на средбата во Собранието на која учествуваа студентите од државните и приватните универзитети на едната страна, како и пратениците, министри и премиерот Димитар Ковачевски на другата страна.

Како што истакна Славчо Темелковски, претседател на Универзитетско студентско собрание на најголемиот државен универзитет УКИМ, до 15 декември се очекува исплата на средствата за оброк кои им се должат на студентите за два месеци.


„Ќе има до март ретроактивно исплаќање на студентскиот оброк по цена од 120 денари на ден. Почнувајќи од утре ќе бидеме дел од сите работни групи коишто ќе дадат придонес кон носење на системско решение кое што очекуваме да биде подолгорочно и со коешто ќе се обезбедат повеќе средства и многу подобар начин на исплаќање на студентскиот оброк ќе се запази суштината“, изјави тој по средбата во Собранието.

Мила Петрушевска, студентската претставничка од Универзитетот ФОН пак изрази задоволство од решението.

„Нашата борба е добиена не поради слухот на МОН туку поради нашата упорност и решителност за нашите студентски права кои ни следуваат“, рече Петрушевска.

Изразување задоволство имаше и од страна на премиерот Ковачевски во однос на постигнатиот договор за оброкот. Дополни дека се разговарало и за подобрување на стандардот во студентските домови и се пофали дека Владата ги слуша студентите.

„Се потврди дека студентите секогаш имаат право да го кажат својот глас , да ги кажат своите ставови, а на нас кои сме во владата е тие ставови да ги сослушаат Поминаа времињата кога некој можеше со студентите да се поигрува така како што сака, бидејќи студентите с е наши деца и иднината на нивна држава , а за која што иднина носиме одлуки да биде европска и да може да живеат во услови во коишто живеат нивните врсници и во Германија и во Австрија и во другите земји на ЕУ“, рече Ковачевски.

Министерот за образование и наука Јетон Шакири пак, дополни дека заедно со Министерството за економија ќе ги разгледуваат условите во студентските домови, па ако увидат проблем постои можност одредени домови да се исклучат од мерките за штедење енергенси кои важат за сите институции.

Средбата се случува откако во јавноста излезе новиот закон за студентски оброк со кој требаше тој да им биде скратен на сите студенти кои земаат стипендии, на апсолвентите и на оние чии семејства имаат плата повисока од минималната.

Тоа практично е спротивно на целта на самиот закон кој беше донесен за да им помогне на студентите поздраво да се хранат, со тоа што ќе им се следуваат по 120 денари дневно, односно околу 2400 денари месечно на сметка, во периодот додека трае академската година.

Пратеничката Моника Зајкова, која исто така беше на средбата, реше дека идејата сега е да се најде долготрајно системско и одржливо решение за студентскиот оброк, за да не се случува проблем секој почеток на студентската година. Покрај тоа, таа побара да не се користат студентски протести како „алатка за собирање политички поени“.

Ова беше кажано бидејќи непосредно пред одржувањето на средбата во Собранието надвор се одржуваше студентски протест организиран на социјалните мрежи. Немаше официјална поддршка од студентските собранија, ама сепак студентскиот лидер на УКИМ, Темелковски по договорот во Собрание најави дека нема да има нови протести.

Студентски протест пред Парламентот: На гладно и на ладно не се учи

Транспарент пред пред законодавниот дом, каде неодамна беа предложени законски измени со кои се планираше кратење на бесплатниот студентски оброк за студентите кои земаат стипендии, за апсолвентите и за оние чии семејства имаат плата повисока од минималната.
1/11 Транспарент пред пред законодавниот дом, каде неодамна беа предложени законски измени со кои се планираше кратење на бесплатниот студентски оброк за студентите кои земаат стипендии, за апсолвентите и за оние чии семејства имаат плата повисока од минималната.
Под мототo „Стоп за уништување на студентскиот стандард“ денеска, 14.11.2022 се одржа протест на студентите организиран преку социјалните мрежи. Отпорот доаѓа по предлози на владата за укинување на бесплатниот оброк кои од студентите беа оценети како скандалозни
Освен против уништувањето на студентскиот стандард, студентите бараат сите студенти во земјава да бидат изземени од мерките за штедење на Владата, како и повлекување на законските измени со кои се предвидува поскапување на оброкот во студентските мензи од 120 на 150 денари. Бараат и подобрување на условите во студентските домови
2/11 Освен против уништувањето на студентскиот стандард, студентите бараат сите студенти во земјава да бидат изземени од мерките за штедење на Владата, како и повлекување на законските измени со кои се предвидува поскапување на оброкот во студентските мензи од 120 на 150 денари. Бараат и подобрување на условите во студентските домови
Под мототo „Стоп за уништување на студентскиот стандард“ денеска, 14.11.2022 се одржа протест на студентите организиран преку социјалните мрежи. Отпорот доаѓа по предлози на владата за укинување на бесплатниот оброк кои од студентите беа оценети како скандалозни
Студентот на Правниот факултет при УГД Штип, Јован Јанев, којшто е дел од Младинското движење на студентите „Студентски отпор“ кое преку социјалните мрежи повика на протест, за РСЕ вели дека движењето настанало спонатно по ваквите предлози, но и поради наталожените проблеми и огромното незадоволство помеѓу студентите
3/11 Студентот на Правниот факултет при УГД Штип, Јован Јанев, којшто е дел од Младинското движење на студентите „Студентски отпор“ кое преку социјалните мрежи повика на протест, за РСЕ вели дека движењето настанало спонатно по ваквите предлози, но и поради наталожените проблеми и огромното незадоволство помеѓу студентите
Под мототo „Стоп за уништување на студентскиот стандард“ денеска, 14.11.2022 се одржа протест на студентите организиран преку социјалните мрежи. Отпорот доаѓа по предлози на владата за укинување на бесплатниот оброк кои од студентите беа оценети како скандалозни
Лидерот на студентите на УСС УКИМ, Славчо Темелковски, за РСЕ вели дека Универзитетско студентско собрание на УКИМ не стои позади организацијата на денешниот протест и дека тие се обидуваат прво преку соработка со институциите да ги решат проблемите
4/11 Лидерот на студентите на УСС УКИМ, Славчо Темелковски, за РСЕ вели дека Универзитетско студентско собрание на УКИМ не стои позади организацијата на денешниот протест и дека тие се обидуваат прво преку соработка со институциите да ги решат проблемите
Под мототo „Стоп за уништување на студентскиот стандард“ денеска, 14.11.2022 се одржа протест на студентите организиран преку социјалните мрежи. Отпорот доаѓа по предлози на владата за укинување на бесплатниот оброк кои од студентите беа оценети како скандалозни
Отпорот кај студентите се појави по предлог на пратениците од владејачкото мнозинство со кој преку измени во законот се ускратува правото за бесплатен студентски оброк на одередени категории на студенти
5/11 Отпорот кај студентите се појави по предлог на пратениците од владејачкото мнозинство со кој преку измени во законот се ускратува правото за бесплатен студентски оброк на одередени категории на студенти
Под мототo „Стоп за уништување на студентскиот стандард“ денеска, 14.11.2022 се одржа протест на студентите организиран преку социјалните мрежи. Отпорот доаѓа по предлози на владата за укинување на бесплатниот оброк кои од студентите беа оценети како скандалозни
Студентите на протестот оставија порции со храна каква што тие добиваат во студентските домови
6/11 Студентите на протестот оставија порции со храна каква што тие добиваат во студентските домови
Под мототo „Стоп за уништување на студентскиот стандард“ денеска, 14.11.2022 се одржа протест на студентите организиран преку социјалните мрежи. Отпорот доаѓа по предлози на владата за укинување на бесплатниот оброк кои од студентите беа оценети како скандалозни
На протестот голем дел од студентите дојдоа со транспаренти со досетливи пораки до пратениците
7/11 На протестот голем дел од студентите дојдоа со транспаренти со досетливи пораки до пратениците
Под мототo „Стоп за уништување на студентскиот стандард“ денеска, 14.11.2022 се одржа протест на студентите организиран преку социјалните мрежи. Отпорот доаѓа по предлози на владата за укинување на бесплатниот оброк кои од студентите беа оценети како скандалозни
За време на протестот во Собранието се одржуваше средба меѓу претставници на законодавната власт и претставници на студентите
8/11 За време на протестот во Собранието се одржуваше средба меѓу претставници на законодавната власт и претставници на студентите
Под мототo „Стоп за уништување на студентскиот стандард“ денеска, 14.11.2022 се одржа протест на студентите организиран преку социјалните мрежи. Отпорот доаѓа по предлози на владата за укинување на бесплатниот оброк кои од студентите беа оценети како скандалозни
Оброкот н(аш) во Собрание кај вас, порачаа студентите од протестот
9/11 Оброкот н(аш) во Собрание кај вас, порачаа студентите од протестот
Под мототo „Стоп за уништување на студентскиот стандард“ денеска, 14.11.2022 се одржа протест на студентите организиран преку социјалните мрежи. Отпорот доаѓа по предлози на владата за укинување на бесплатниот оброк кои од студентите беа оценети како скандалозни
Студентите испратија порака во која го спомнаа и вицепремиерот Бојан Маричиќ, алудирајќи на случајот „со трошењето пари за ручеци и репрезентации во неговиот ресор“
10/11 Студентите испратија порака во која го спомнаа и вицепремиерот Бојан Маричиќ, алудирајќи на случајот „со трошењето пари за ручеци и репрезентации во неговиот ресор“
Под мототo „Стоп за уништување на студентскиот стандард“ денеска, 14.11.2022 се одржа протест на студентите организиран преку социјалните мрежи. Отпорот доаѓа по предлози на владата за укинување на бесплатниот оброк кои од студентите беа оценети како скандалозни
Фотографија со порака до политичарите кои решаваат за законите кои ги засегаат директно студентите
11/11 Фотографија со порака до политичарите кои решаваат за законите кои ги засегаат директно студентите
Под мототo „Стоп за уништување на студентскиот стандард“ денеска, 14.11.2022 се одржа протест на студентите организиран преку социјалните мрежи. Отпорот доаѓа по предлози на владата за укинување на бесплатниот оброк кои од студентите беа оценети како скандалозни
Previous slide
Next slide

Претходно поголема група студенти се собраа пред Собранието под мотото „Стоп за уништување на студентскиот стандард“. Токму Собранието беше местото каде беа предложени, а потоа повлечени под притисок на јавноста, законските измени за кратење на студентскиот оброк за голем дел од студентите. Студентите реагираа и на условите во студентските домови, студот во нив и нискиот студентски стандард.

„На гладно и на ладно не се учи“, „Студентски оброк или политички облог“, „Се тресеме од студ, не од страв“, беа дел од пораките кои им ги упатија на пратениците.


Исто така,пред Собранието поставија голем транспарент со кој побараа да си ги заменат оброците со оние на пратениците, нудејќи им ним чинии со по едно парче леб и една зденка.

Притоа ги повикаа да им се приклучат и средношколците, а најавија и нови протести пред Собранието.

Законот за субвенциониран студентски оброк беше едногласно усвоен и од власта и од опозицијата уште во 2020 година. Сепак Министерството за образование и наука не најде можност системски да го имплементира, па лани реши да го менува на начин што се исплаќаа парични средства на трансакциските сметки на студентите без притоа да се има увид дали се трошат за храна или други намени. Како компромис се воведе преодна одредба во постоечкиот закон која важеше до почетокот на оваа студиска година.

  • 16x9 Image

    Јасмина Јакимова

    Новинарската кариера ја започува во 2005 година. Работи како репортер во неколку македонски телевизии, за подоцна кариерата ја продолжува во онлајн медиумите на различни мултимедијални содржини. Добитничка е на неколку новинарски награди. Во декември 2021 година почнува да работи во Радио Слободна Европа од Скопје.

This item is part of
XS
SM
MD
LG