Достапни линкови

И по Тито, Таче


Студентски протест во Скопје за подобар студентски стандард - 14.11.2022
Студентски протест во Скопје за подобар студентски стандард - 14.11.2022

Добро, ОК, знам дека ќе речете оти е речиси невозможна мисија да се споредат Јосип Броз и Димитар Ковачевски. Но, ако синоќа паднеше уште едно Козарачко коло пред Парламентот среде Скопје, јас ќе тврдев со две раце дека не сте во право. Како и да е, манипулацијата на Тито се докажа уште во фамозната 68-ма, а оваа на Таче наликува на популизам за народни маси и во овој случај студентите.

„Студентите се секогаш во право“, извикал Јосип Броз во славната 68 - ма година на минатиот век и ги стивнал протестите на студентите по големите југословенски студентски центри во моментот кога постоеше сериозна закана да му се наруши имиџот на неприкосновениот сојузен комунистички лидер.

„Студентите секогаш имаат право да го кажат својот глас и своите ставови, а на нас е да ги слушнеме и донесеме решение кое ќе им одговара на сите, бидејќи тие се наши деца иднината на оваа дава“, порача пред камерите синоќа Димитар Ковачевски премиерот на Северна Македонија, во јавноста познат како Таче.


Тито во тоа време се соочуваше со барања за еднаквост, демократизација намалување на социјалните разлики меѓу црвената буржоазија и работниците и студентите. Тогаш врз студентите беа употребени палки, куршуми, како и во Грујово време, кога екс премиерот со полиција ги бркаше и тепаше студентите по библиотеки во Скопје. Титовите студенти во 1968 добија добија ќотек па откако им беше дадено право за нивните протести, најголем дел од нив заиграа козарачко коло како поздрав до лидерот. Тито потоа не ги испоапси првите полицајци кои тепаа студенти, а од друга страна дел од младите либерални сили во тогашна Југославија ја почуствуваа суровоста на режимот.


Ковачевски пак, деновиве, се соочи со барање за оброк за сите студенти, потопли студентски домови и студентски стандард, Така барем рекоа претставниците на студентите зад чии глави синоќа пред Собранието стоеше министерот за образование, откако завршија разговорите со премиерот, министрите и пратениците. Оние што беа надвор од Студентскиот отпор претходно рекоа и некој збор повеќе – да цитирам – „ова движење, настана поради незадоволство од одредени одлуки на владејачкото мнозинство и МОН“. Но, оброкот е средена работа. Се останува засега по старо, условите за оброкот се тргаат настрана, а за другото ќе се разговара по работни групи. И супер. Студентите задоволни. Премиерот исто така.

И сето тоа е демократски, како што рече и Ковачевски. Е сега, не знам само дали се задоволни и оние студенти кои сакаа да си ги заменат оброците со пратениците.

Но, зошто воопшто дојде до тоа.

Пред нешто повеќе од еден месец во втората половина на септември, премиерот Димитар Ковачевски во Генералното Собрание на ОН зборуваше за националните цели за унапредување на образованието. При тоа зборуваше и за топлиот оброк и начинот како тоа се прави. Тој тогаш рече дека вовеле субвенциониран оброк за секој ученик оти тоа е дел од напорите за обезбедуваше еднаков пристап до оброци за младите лица на универзитетите,

Покрај тоа секоја година се обезбедуваат стипендии за ученици и студенти по различни основи врз основа на приходи и академскиот успех, рече Ковачевски на состанокот во Њујорк што го отвори генералниот секретар на Светската Организација Антонио Гутереш.

На 20- ти август, пак, на Енер почнува постапката на законот со кој се менуваа условите за доделување односно субвенционирање на студентските оброци. Пратеници од владејачкото мнозинство работат на законот, според примерот на Република Словенија, ќе рече Моника Зајкова истата пратеничка од Либерално демократската партија која по реакциите на судентите изјави дека измените на законот се повлечени. И премиерот Ковачевски испрати порака дека и тој самиот не се согласува со две работи кои ги пишувало во предлогот. Но протестите веќе се најавија од студенти преку движење наречено „Студентски отпор“, кои наводно биле потикнати од други политички структури, пред парламентот додека претставници на официјални студентски организации отидоа на разговори во Собранието.

Како и да е, синоќешниот епилог го знаете.

Тие што беа надвор и протестираа си заминаа. Тие што беа внатре во Собранието излегоа заедно со министерот за образование и премиерот и беа задоволни. Оро сепак немаше.

Студентски протест во Скопје за подобар студентски стандард - 14.11.2022
Студентски протест во Скопје за подобар студентски стандард - 14.11.2022

Не е прв пат власта да проба да направи нешто по свое па подоцна да се повлече. Едно време, во време Заево, тоа и беше во ред, на почетокот. Демек власта го слуша народот. Како на пример, кога Владата го повлече законот за легализација на дивоградби со кој требаше тие да се легализираат и во недопрена природа среде национални паркови. Или кога на пример Заев сам себе си сакаше да се постави за министер за финансии.

Сега веќе дури и да се во право, како што можеби и се за делови од условите кои се поставуваа за добивање оброк за студентите, ова наликува на направи проблем, па појави се како фактор и реши го во име на иднината на нашите деца!? Ако иднината лежи само во оброкот и работните групи кои треба да ги згреат домовите, нека ни е на здравје, бидејки образованието ни цвета по сите основи. Ете од Шангајската листа секоја година не потссетуваат.
И така, како што му рекол Бранко Чопиќ на поетот Густав Кркљец – „Гурајмо Густаве док нас не зауставе„.

Радио Слободна Европа не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Изнесените ставови на авторот можат, но не мораат да ја рефлектираат уредувачката политика на медиумот.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG