Достапни линкови

Иранската економија тоне не само поради санкциите


Американската влада продолжува да ги заострува санкциите врз Иран. Претседателот Доналд Трамп вели дека цел е владејачката елита. Сепак, санкциите го погодуваат и просечниот човек во таа земја.

Економскиот тешкотии од санкциите се повеќе ги чувствуваат 80 милиони жители на Иран. Тоа може да се види насекаде.

Многумина го обвинуваат американскиот претседател Доналд Трамп, односно неговата политика против Иран, откако се повлече од нуклеарниот договор меѓу Техеран и светските сили.

Иранците под товарот на американските санкции
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:51 0:00

Сега се чини дека и Иран е подготвен да излезе од договорот и деновиве собори американски дрон за кој соопшти дека го прекршил иранскиот воздушен простор.

Многумина, меѓу кои и Трамп, ја обвинуваат иранската влада, која минува од една економска катастрофа до друга од нејзината исламска револуција пред 40 години.

Шива Кешаварц, 22-годишна сметководителка која наскоро ќе се мажи вели:

„Економската војна е реалност и луѓето се под екстремен притисок. Тие постојано ни кажуваат да бидеме силни и да ги издржиме притисоците, но веќе можеме да го слушнеме звукот на нашите коски кои се кршат под овој притисок“.

Под притисок од американските санкции вредноста на иранската валута падна за околу 60 отсто во минатата година.

За време на нуклеарниот договор, за еден американски долар се добиваа 32.000 риали. Денес тоа е за 130.000 ријали.

Инфлацијата, според владините статистики, е зголемена за 37 насто.

Повеќе од три милиони луѓе се невработени.

Амортизацијата и инфлацијата ги зголемуваат цените наовошјето, зеленчукот, гумите, нафтата, мобилните телефони.

Едноставен мобилен телефон чини околу две месечни плати на просечен владин работник, додека еден iPhone чини колку 10 месечни плати.

Пуриа Хасани, продавач на мобилни телефони во Техеран вели:

„Нашиот пазар е погоден од санкциите. Кога приливот на мобилни телефони во земјата е блокиран, дилерите ги шверцуваат во земјата со цени на црниот пазар и ги продаваат поскапо.

„Санкциите предизвикуваат проблеми“, вели Џафар Мусави, кој раководи со продавница во Техеран.

Меѓутоа, Мусави, како и многу други Иранци, велат дека екомската криза, не е само поради санкциите, туку и поради корупција во земјата.

„Економската војна не е надвор од нашите граници, туку внатре во земјата. Ако има интегритет меѓу нашата влада, производители и народот, би можеле да ги надминеме притисоците“.

Хосеин Ростами, 33-годишен таксист исто така ја обвинува владата за проблемите во земјата.

„Причината за нашите проблеми е некомпетентноста на службениците. Нашата земја е полна со богатство и има доволно ресурси за дури 30 европски земји“.

Иран е четврта земја во светот според резервите на сурова нафта и втора според резервите на природен гас.

Но, под кампањата на Трамп за максимален притисок, САД ја прекинаа способноста на Иран да продава сурова нафта на глобалниот пазар, заканувајќи и се со санкции на секоја земја која купува иранска нафта.

Во меѓувреме, иранците добиваат се помали плати а цените растат секојдневно.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG