Достапни линкови

Зошто доаѓа до повлекување на признавањето на Косово и какви се последиците?


Знамето на Косово на излог во Приштина, фото архива

Во последните петнаесет години 27 земји донеле одлука за повлекување на признавањето на независноста на Косово, соопштија српските власти. Повлекувањето на признавањето се „нерегуларни меѓународни акти“, кои имаат повеќекратни последици за Косово - вели експертот за меѓународно право, Гзим Висока.

На 16 јануари министерот за надворешни работи на Того, Роберт Дисеј, најави повлекување на признавањето на Косово, по средбата со министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Според тврдењата на официјален Белград, Того - земја во Западна Африка - не е единствената што донела таква одлука.

Шефот на дипломатијата на Того Дисеј и неговиот српски колега Дачиќ во Белград, 16 јануари 2023 година.
Шефот на дипломатијата на Того Дисеј и неговиот српски колега Дачиќ во Белград, 16 јануари 2023 година.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на почетокот на јануари изјави дека уште девет земји одлучиле да го сторат истото.

Радио Слободна Европа (РСЕ) по ова прашање се обрати до Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово, но до објавувањето на текстот немаше одговор.

Кога е можно да се повлече признавањето?

Гзим Висока, професор по мировни и конфликтни студии на Универзитетот во Даблин во Ирска, го опишува повлекувањето на признавањето на независноста како „неорганизирани меѓународни акти“, кои, како што вели, не се добро регулирани во меѓународното право, т.е. „оставаат простор за сомнежи , недоразбирања, но и манипулации“.

Шоле: време е да се стави крај на дипломатската стагнација за нормализација меѓу Косово и Србија

Тој објаснува дека повлекувањето на признавањето на независноста на една земја има смисла само во случаи кога околностите се промениле по признавањето на независноста – на пример, кога една земја се спојува со друга или губи територија.

Во овој контекст, тој наведува дека декларацијата за независност - за која Меѓународниот суд на правдата во 2010 година утврди дека не е спротивна на меѓународното право - не е променета.

Тој оценува дека повлекувањето на признавањето е последица на кампањата што ја води Србија.

„Во суштина, повлекувањето на признавањето не доаѓа како резултат на волјата на земјата што го повлече признавањето, туку доаѓа како производ на притисок од поранешната матична или основна држава, која го користи повлекувањето на признавањето како инструмент за уцена“, вели Висока за РСЕ.

Хоџај: Косово воопшто не развива дипломатска комуникација
Хоџај: Косово воопшто не развива дипломатска комуникација

Того ја призна независноста на Косово во 2014 година, во времето кога министер за надворешни работи на Косово беше Енвер Хоџај од Демократската партија на Косово.

Хоџај за повлекувањето на признавањето ја обвинува актуелната Влада на Косово.

„Последниве две години Косово воопшто нема развиено дипломатска комуникација или билатерални посети, во време кога Србија води валкана кампања против Косово. Затоа, се случува и повлекување на признавањето“, изјави Хоџај за РСЕ.

Косовската министерка за надворешни работи и дијаспора, Доника Гервала, на 16 јануари изјави дека повлекувањето на признавањето на Косово од Того „се случило во 2019 година“ и дека косовските дипломати ги интензивирале средбите со нивните колеги кои доаѓаат од земји за кои Србија тврди дека го повлекле признавањето на Косово.

Гeрвала: Повлекувањето на признавањето од Того се случи во 2019 година.
Гeрвала: Повлекувањето на признавањето од Того се случи во 2019 година.

Србија со години води кампања за повлекување на признавањето на Косово. Едногодишниот мораториум од Вашингтонскиот договор, со кој Србија се обврза да ја прекине кампањата, а Косово да не бара прием во меѓународните организации, истече во септември 2021 година.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, претходно изјави дека целта на Белград е бројот на земји што го признаваат Косово да падне под половина од членките на Обединетите нации.

Вучиќ: Секоја форма на признавање на Косово и отстапка за членство во ОН се нашите црвени линии

На веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Косово има список од 117 земји кои тврдат дека ја признаваат независноста на Косово. Меѓу нив е и Того.

Висока наведува дека земјите со развиена демократија и традиција во дипломатијата не ја користат практиката на повлекување на признавањето, а како пример го наведува пристапот на западните земји во однос на Иран кои и покрај несогласувањата не го повлекле признавањето.

„Во повеќето случаи имаше повлекување на признавањето од околу 15 до 20 земји, кои се претежно постколонијални земји, кои немаат долга дипломатска традиција и се познати по нивната променлива надворешна политика, која ја менуваат во зависност од финансиската , економска, дури и воена помош што ја добиваат од регионални или меѓународни сили“, вели Висока.

Според него, токму тоа е причината поради која Египет ја „замрзна“ одлуката за признавање на Косово. Сепак, Висока укажува дека дури и замрзнувањето на врските може да има последици.

„Замрзнувањето на признавањето е како чин што испраќа сигнали, дека процесот може да се врати назад“, објаснува Висока и додава дека овие повлекувања на признавањето потоа се користат за уцена на косовската страна, за правење компромиси во дијалогот за нормализирање на односите со Србија, со посредство на Европската Унија.

Кои се последиците од повлекувањето на признавањето?

Експертот за меѓународно право Гзим Висока наведува дека Србија започнала кампања за повлекување на признавањето во 2017 година, со цел да изврши притисок врз Косово бидејќи одби да го спроведе Договорот за формирање Заедница на општини со српско мнозинство.

Договорот за заедницата е постигнат во рамките на дијалогот меѓу Косово и Србија и е камен на сопнување во продолжувањето на процесот на нормализација на односите.

Додека Белград инсистира тоа да се реализира, Приштина го одбива со образложение дека тоа не е во согласност со Уставот на Косово.

Дали Косово и Србија конечно ќе постигнат договор?

„На одреден начин, тоа беше дипломатска агресија и притисок од Србија, и се користи како дипломатско оружје за да му се покаже на Косово дека ако не направи отстапки или компромиси, може да се соочи со повлекување на признавањето, да го изгуби меѓународното признавање и да престане да постои како независна држава“, вели Висока.

Енвер Хоџај, пратеник во Собранието на Косово од Демократската партија на Косово, вели дека Косово го ризикува членството во меѓународните организации, бидејќи признавањето значи гласови за Косово.

„Тоа е голем удар за суверенитетот на Косово, тоа е дива кампања на Србија, која се случува на различни нивоа и тоа е последна шанса за Владата премиерот Албин Курти да подготви акционен план, стратегија за да се оди секаде каде што Србија тврди дека може да дојде до нови повлекувања или да ги спречи“, вели Хоџај.

Висока оценува дека повлекувањето на признавањето може да

уште помасовно. „Ќе ги има повеќе. Тоа е лоша работа, тие имаат одреден ефект како снежна топка - кога ќе започне тој процес, може да се сврти во непожелна насока“, заклучува Висока.

XS
SM
MD
LG