Достапни линкови

Дали руската паравоена група Вагнер ќе помогне доколку има „конфликт на Косово“


Паравоената група „Вагнер“ отвори воено-технолошки центар во Санкт Петербург на 4 ноември.
Паравоената група „Вагнер“ отвори воено-технолошки центар во Санкт Петербург на 4 ноември.

Помалку од еден месец откако беше отворен во Русија, воено-технолошкиот центар на паравоената група Вагнер беше домаќин на Дамјан Кнежевиќ, лидерот на српската ултрадесничарската организација „Народна патрола“ во Санкт Петербург. Душан Комарчевиќ

Вагнер групата која учествува во агресијата против Украина, на 4 ноември отвори центар за воена технологија во вториот по големина град во Русија.

Групите за човекови права и украинската влада ги обвинуваат членовите на оваа платеничка група - која беше основана пред осум години од руски бизнисмен близок до Кремљ Евгениј Пригожин - за воени злосторства во Сирија и во источна Украина од 2014 година.

Од почетокот на агресијата врз Украина, десничарските организации во Србија гласно ја поддржуваат политиката на Кремљ и се противат на воведувањето санкции против Русија.

Гласни критики од Западот по најавата за руски државен медиум во Србија

Во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ), Дамјан Кнежевиќ изјави дека ова, како и претходните патувања во Русија, ќе донесе „нешто ново“ во неговата организација.

„Народна патрола“, организацијата со која тој раководи, на пошироката јавност и е позната по антиимигрантските акции и организирањето протести за поддршка на Руската Федерација во Белград, откако Кремљ започна инвазија на Украина.

За посетата најпрвин на Телеграм

Во видеото објавено на каналите Телеграм на екстремно десничарските групи од Србија и Русија, Кнежевиќ може да се види во модерна зграда направена од челик и стакло.

„Многу мои пријатели ќе се гордеат што имав чест да го посетам Вагнер центарот. Тој центар и таа организација се исклучително популарни во Србија“, изјави Кнежевиќ во видеото за руските медиуми. Тоа видео беше објавено на 27 ноември.

Во центарот „Вагнер“ беше развиорено знаме во боите на Русија и Србија, со порака „Донбас е Русија, Косово е Србија“. Дамјан Кнежевиќ е трет од десно, веднаш до Александар Лисов, кој го предводи руско-српскиот центар Орлови
Во центарот „Вагнер“ беше развиорено знаме во боите на Русија и Србија, со порака „Донбас е Русија, Косово е Србија“. Дамјан Кнежевиќ е трет од десно, веднаш до Александар Лисов, кој го предводи руско-српскиот центар Орлови

Со Дамјан Кнежевиќ, меѓу другите, беше и Александар Лисов, основачот на десничарскиот „Руско-српски центар Орлови“.

Во август, Обвинителството за високотехнолошки криминал на Србија отвори случај поради закани испратени до антивоените активисти во Србија од групата Телеграма на организацијата на Лисов. РСЕ не доби информација од Обвинителството во која фаза е овој предмет.

„Поддршка за можен конфликт во Косово“

Кнежевиќ во интервју за РСЕ вели дека причината за неговата посета на Санкт Петербург бил настап на навивачите на локалниот фудбалски клуб Зенит. Како што беше објавено на каналите Телеграм, тие на 22 ноември пред пријателскиот натпревар со белградска Црвена звезда развиориле српско-руско знаме долго неколку стотини метри.

Идентичен перформанс, организиран од „Народна патрола“ се одржа во Белград на 11 септември за време на прошетката против одржувањето на Европрајд во главниот град на Србија.

Според Кнежевиќ, „пријателите од Русија“ инсистирале тој и уште неколку претставници од Србија да присуствуваат на настанот во Русија. Него го придружуваше Зоран Лекиќ, српски воен ветеран и еден од учесниците на проруските протести во Белград.

Посетата на гостите од Србија, додава Кнежевиќ, била интересна за руската јавност, па добил покана од заменик-главниот уредник на Центарот за воена технологија „Вагнер“ да ја посети новоотворената зграда. „Што со задоволство го прифативме“, вели тој. Тој, сепак, негира дека некогаш соработувал или бил на кој било начин поврзан со Вагнер.

„Крвав бизнис“: „готвачот на Путин“ регрутира платеници во затвор
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:06 0:00

„Никогаш не сум имал контакт со нив. Имам многу контакти со луѓе кои се на првата линија и со оние кои тренираат, но никогаш не сум имал контакт со луѓе од Вагнер, иако познавам некои Срби кои беа таму“, вели Кнежевиќ.

Во март 2017 година, Вишиот суд во Белград осуди српски државјанин за борење во единицата Вагнер. Како што е наведено во пресудата, во која од процесни причини бил сокриен идентитетот на осудениот, тој е осуден на условна казна од една година во времетраење од три години.

На прашањето што очекува од неговата посета на Вагнер центарот, Кнежевиќ вели дека лично се обидува да „обезбеди поддршка во случај на конфликт на Косово“. „Ова е наша потреба да му обезбедиме на рускиот народ, но во голема мера ова е и наша поддршка за Србија.

Путин со поддршка на Вучиќ за неговиот „независен курс во меѓународната арена“

Треба да обезбедиме што поголема соработка и помош од Руската Федерација и руската армија во случај на конфликт на Косово“, вели Кнежевиќ. Косово прогласи независност од Србија во 2008 година.

Официјален Белград не го признава овој потег и сè уште го смета Косово за своја јужна покраина. Од 2013 година, Приштина и Белград преговараат за нормализирање на односите под покровителство на Европската унија (ЕУ).

Одговор од Амбасадата на Украина

Од Амбасадата на Украина во Белград за РСЕ велат дека немаат информации за резултатите од контактите што Дамјан Кнежевиќ ги остварил со Вагнер, но забележуваат дека ваквите средби носат потенцијални безбедносни ризици за земјата.

„Значи, ваквите контакти на Дамјан Кнежевиќ (ако постоеле) треба да ги загрижат пред се безбедносните структури на Србија, чие законодавство забранува не само тероризам, туку и платеници“, се наведува во писмената реакција на Амбасадата на Украина.

Дипломатското претставништво на Украина потсетува дека националното законодавство на Руската Федерација не предвидува создавање приватни воени компании.

„Така, озлогласената група Вагнер потпаѓа под карактеристиките на терористичка организација, која е надвор од законот и ги обединува криминалните и неонацистичките сили на Руската Федерација, која се состои од воени злосторници кои убиваат бранители и мирни граѓани на Украина осум години“, наведуваат од Амбасадата на Украина.

Министерството за внатрешни работи на Србија не одговори на прашањето на РСЕ за тоа дали контактите на српските десничарски организации и руските паравоени групи претставуваат безбедносна закана.

„Безбедносен аларм“

Дарко Обрадовиќ од невладиниот Центар за стратешки анализи со седиште во Белград, за РСЕ изјави дека контактите меѓу српските десничарски групи и руската паравоена единица која учествува во агресијата против Украина претставуваат „безбедносен аларм“.

Вучиќ - Во Србија се води војна меѓу Истокот и Западот преку посредници

Тој потсетува дека Европскиот парламент ја означи Русија за државен спонзор на тероризмот и додава дека е неопходно надлежните институции да обрнат внимание на овој настан, за да се „влезе во природата на тие врски“. „Властите треба да се позанимаваат со овој случај.

Вагнер не е ловечко здружение или друштво на безделници, туку многу опасна вооружена организација која претставува безбедносна закана за суверена држава, но исто така била вмешана во многу безбедносни скандали, како на пример кршење обичаите на војување на африканскиот континент и на Блискиот Исток“, вели Обрадовиќ.

Според светските медиуми, членовите на руската приватна паравоена група „Вагнер“ се поврзани со масакри и убиства на цивили во Мали и други африкански земји.

Во декември 2021 година, Европската унија ја стави оваа формација на листата на санкции. Дамјан Кнежевиќ вели дека Центарот за воена технологија на Вагнер е наменет да биде медиумски и ИТ центар кој „ќе се занимава со поддршката на Вагнеровата групација“.

„Тие сè уште ја разработуваат програмата. Ќе создадат свој медиумски и ИТ тим кој ќе го поддржи она што го прави Вагнер“, вели Кнежевиќ. Тој негира дека се сретнал со бизнисменот и основач на групацијата Вагнер, Евгениј Пригожин, за време на неговата посета на Вагнер центарот. „Да го направев тоа, верувајте ми, нема да го кријам“, вели тој.

Кој е Евгениј Пригожин?

Евгениј Пригожин го најави отворањето на Центарот за воена технологија Вагнер на Денот на националното единство на Русија во изјава на веб-страницата на неговата угостителска компанија Конкорд.

„Мисијата на ПМЦ Вагнер центарот е да обезбеди удобно опкружување за генерирање нови идеи за подобрување на одбранбените способности на Русија“, се вели во соопштението на Пригожин, а пренесува Еуроњуз.

По долгогодишно негирање во услови на јасни врски со борците во Африка и во Сирија, Евгениј Пригожин неодамна призна дека го основал Вагнер во 2014 година.
По долгогодишно негирање во услови на јасни врски со борците во Африка и во Сирија, Евгениј Пригожин неодамна призна дека го основал Вагнер во 2014 година.

Пригожин, кој често го нарекуваат „готвачот на Путин“ затоа што неговата угостителска компанија има договори со Кремљ, официјално е обвинет дека спонзорира „трол-фарми“ со седиште во Русија, кои се обидуваат да влијаат врз американската политика.

Во јули, американскиот Стејт департмент понуди награда до 10 милиони долари за информации за Пригожин поврзани со неговата „улога во мешањето во изборите“. На 7 ноември и самиот потврди дека се мешал во американските избори и дека тоа ќе продолжи и во иднина.

„Се мешавме (во изборите во САД), се мешаме и ќе продолжиме да се мешаме. Внимателно, прецизно, хируршки и на наш начин, како што знаеме да правиме“, се вели во коментарот објавен на руската социјална мрежа VKontakte. Тој претходно во септември 2022 година призна дека ја основал платеничката група Вагнер, која е активна на боиштата во Сирија, африканскиот континент и Украина.

Србија ќе биде принудена да започне „денацификација на Балканот“, вели член на владејачката партија

Поради врските со групата Вагнер, Пригожин е на списокот со санкции на САД, Британија и Европската унија. Овој руски бизнисмен излезе од сенка и почна почесто да се појавува во јавноста за време на војната во Украина.

Британското воено разузнавање во јули соопшти дека Русија ја користи приватната паравоена група Вагнер за да ги зајакне своите ослабени воени сили. Британското Министерство за одбрана соопшти дека Вагнер ги намалува стандардите за регрутирање и ангажирање осуденици и лица кои претходно биле ставени на црната листа, што потенцијално влијае на ефикасноста на руската војска.

Претходни контакти на српските и руските десничари

Последната посета на Дамјан Кнежевиќ на Русија е само една во низата од почетокот на руската инвазија. Тој ја посети Москва во мај, повеќе од два месеци откако Кремљ започна воена инвазија.

Таму тој разговараше за неколку руски медиуми, каде што најави дека тој и неговата организација ќе продолжат да ја поддржуваат Русија. Кнежевиќ е еден од организаторите на неколкуте протести за поддршка на Русија, кои се одржаа во Белград.

Причина за протестите беше одлуката на Србија да се приклучи кон осудата на руската инвазија на Украина на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации на почетокот на март.

Поранешниот српски министер за внатрешни работи Александар Вулин ги нарече меѓународните санкции против Русија „дел од антируската хистерија“.
Поранешниот српски министер за внатрешни работи Александар Вулин ги нарече меѓународните санкции против Русија „дел од антируската хистерија“.

Официјален Белград, кој претендира за членство во ЕУ, сепак, до денес нема воведено санкции кон Русија, а нема индиции дека тоа ќе се случи во блиска иднина.

По почетокот на инвазијата, во Русија престојувале и претставници на нерегистрираната клирофашистичка група „Српска акција“.

Како што претходно објави РСЕ, видео од посетата на „Империјалната легија“, која го претставува милитантното крило на „Руското царско движење“ (РИМ), ултранационалистичка организација од Русија, која Стејт департментот ја означи како глобална терористичка закана во 2020 година, беше објавена на каналот на организацијата YouTube.

Дарко Обрадовиќ од Центарот за стратешки анализи нагласува дека десничарскиот екстремизам претставува опасност за цела Европа и дека постои опасност од радикализација на групите кои соработуваат со руските милитантни организации.

„Не заборавајте дека руските милитанти дејствуваат на неколку нивоа, а едно од тие нивоа е идеолошката индоктринација“, предупредува Обрадовиќ.

Србија во моментов нема Национална стратегија за борба против тероризмот, бидејќи претходната истече во 2021 година. Правни експерти и одредени невладини организации истакнаа дека голем пропуст е тоа што и во претходната стратегија десничарскиот екстремизам не беше препознаен како еден од клучните проблеми.

Со измените на Кривичниот законик на Србија од 2014 година, на учеството на државјани на Србија на странски боишта им се заканува затворска казна од шест месеци до пет години.

Сепак, казната е поголема доколку поединец учествува во вооружен конфликт во странство како дел од група. Во тој случај се заканува затворска казна од една до осум години. Организирање учество во војна или вооружен судир во странска држава се казнува со затвор од две до десет години.

За учество во војната во Украина на страната на проруските партии во периодот од 2015 до 2018 година, во Србија беа изречени 32 пресуди. Казните беа главно благи. Во 2021 година едно лице е осудено за организирање патување на бојното поле во Украина, а казната е шест месеци затвор во домашни услови.

Сите пресуди беа засновани врз спогодби за признавање вина. Во 28 случаи, судот на обвинетите им изрече условна затворска казна, додека на четири лица им е изречена мерка куќен притвор во траење од шест месеци.

Одреден број српски државјани кои беа осудени во Србија за борби во Украина, ја прекршиле условната казна и се вратиле на фронтот во Украина за да се борат на проруската страна.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG