Достапни линкови

Ердоган се надева дека војната во Украина може да ја зајакне турската регионална моќ


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган (во средината) држи говор за добредојде на делегациите од Русија (лево) и Украина пред мировните разговори во Истанбул на 29 март.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган (во средината) држи говор за добредојде на делегациите од Русија (лево) и Украина пред мировните разговори во Истанбул на 29 март.

Турција ја осуди руската инвазија на Украина, но владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган ја ублажи својата реакција. Кои се геополитичките сметки зад одговорот на Анкара? Александар Гостев и Коба Ликликаџе

Како што ја продолжува својата неиспровоцирана инвазија врз Украина, Русија се соочува со зголемена меѓународна изолација, вклучително и проширување на списокот на санкции.

Русија сега може да смета на неколку сојузници. Другите земји останаа суштински неутрални,вклучувајќи ги Кина, монархиите во Персискиот Залив и Турција.

Владата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја осуди Русија за нејзината агресија, но не и се приклучи на глобалната акција за нејзино санкционирање.

Наместо тоа, Турција се обиде да тргне по друг пат, претставувајќи се себеси како потенцијален миротворец, нудејќи да посредува во преговорите меѓу Русија и Украина.

Во исто време, Анкара, исто така, ги критикуваше некои членки на НАТО, западната воена алијанса на која и припаѓа Турција, бидејќи, според неа, прават малку за да ги деескалираат тензиите.

Таа порака неодамна ја артикулираше турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

„За да ја ослабат Русија, некои земји од НАТО не сакаат мир. Ќе наведам еден дел од нашиот патоказ во врска со Украина: постепеното повлекување на руските војници треба да се одвива паралелно со олеснување на санкциите“, рече Чавушоглу.

Економските интереси на Анкара

„Анкара зазеде позиција од максимална корист, обидувајќи се да го искористи конфликтот колку што е можно за свое добро“, изјави политикологот Иван Преображенски за РСЕ, додавајќи:

„Претходните врски со Русија и Украина значително ја ограничија способноста на Турција да игра поголема улога во политиката на овој дел од Евроазија, што таа многу сакаше да го направи. Во минатото, Турција имаше влијание врз целиот југ на Украина. Турците добро се сеќаваат на ова и, згора на тоа, под Ердоган, тие се повеќе се свесни за оваа мината улога, бидејќи во внатрешната политика владата идеолошки се залага за прилично интересна мешавина на пантуркизам и исламизам“.

Деловните интереси се секако дел од равенката. За Турција, руските туристи се клучен придонесувач во државната каса. Русија обезбедува и огромен пазар за турски зеленчук и овошје.

Двете земји неодамна потпишаа и неколку трговски договори. Имајќи ги предвид тие економски размислувања, можеби не е изненадувачки што Анкара одлучи да не испраќа оружје од советската ера во Украина - и покрај таквите повици од НАТО, како и зголемената важност на Украина како турски трговски партнер.

Во минатата година Турција инвестираше околу 4,5 милијарди долари во Украина, што ја прави најголемиот странски инвеститор во земјата.

На 3 февруари, само неколку недели пред Русија да ја започне својата инвазија, Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски потпишаа договор во Киев со цел зголемување на годишната трговска размена на 10 милијарди долари.

И додека Анкара се воздржува од обезбедување оружје од советската ера, таа долго време го снабдува Киев со друго оружје, особено со нејзините многу рекламирани беспилотни летала Бајрактар.

Ердоган и Зеленски постигнаа договор и за идна испорака на бродови, авионски мотори и други делови.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и турскиот претседател Таип Ердоган присуствуваат на церемонијата за добредојде во палатата Маријнски во Киев, Украина, 3 февруари 2022 година.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и турскиот претседател Таип Ердоган присуствуваат на церемонијата за добредојде во палатата Маријнски во Киев, Украина, 3 февруари 2022 година.

Но, и покрај најавените повици од НАТО, Турција одби да испорача кој било од своите руски системи за воздушна одбрана на Украина.

„Анкара има и руски системи за противвоздушна одбрана С-400, чие купување пред неколку години предизвика голем раскол со партнерите во НАТО, главно со САД“, вели Преображенски, додавајќи:

„Поради тоа, Турција ја загуби шансата делумно да произведува модерни американски борбени авиони на нејзина територија -- и односите со Вашингтон се влошија главно поради оваа причина. И така, околу две недели по руската инвазија на Украина, НАТО го повика Ердоган да му испрати руски С-400 на Киев во замена за американски системи за воздушна одбрана од класата Патриот - како што направи Словачка. Но, Ердоган не го стори тоа, затоа што мислам дека не им верува целосно на своите партнери во НАТО“.

Иако можеби бара деескалација на руската војна против Украина, Турција може да го искористи конфликтот за да го подигне својот регионален профил, смета Преображенски.

„Турција генерално станува вистински регионален лидер и се обидува да го одржи античкиот принцип на „раздели и владеј“ во односите и со Русија и со Украина. Со оглед на неговите домашни неволји, Ердоган би можел да искористи некои добри вести.

И, како што тврди аналитичарот Преображенски, Украина би можела да обезбеди нешто со туркање на неговата улога како потенцијален посредник.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG