Достапни линкови

Државјанството и одложувањето на пописот во САД


U.S. -- Activists protest against a citizenship question on the 2020 census in front of the Supreme Court in Washington, DC, USA, 23 April 2019.

Американскиот Врховен суд ги блокира напорите на администрацијата на претседателот Доналд Трамп во формуларот за пописот на населението во 2020 година да се додаде прашањето: „Дали лицето кое го пополнува има американско државјанство“. Противниците велат дека нема време за ревидирање, бидејќи за идната недела е закажано печатењето на пописните формулари.

Веднаш по одлуката, претседателот Трамп на Твитер напиша дека ги запрашал неговите адвокати дали можат да го „одложат Пописот, без оглед на колку долго, се додека Врховниот суд не добие дополнителни информации од кои може да донесе конечна одлука за прашањето“.

Според федералниот закон, пописот мора да започне на 1 април догодина.

Трамп сака да го одложи пописот во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:09 0:00

„Може ли некој навистина да верува дека како голема земја не можеме да прашаме дали некој е нејзин граѓанин или не“, праша Трамп на Твитер, одговорајќи:

„Само во Америка!“

Врховниот суд не вели дека прашањето не може да биде поставено, туку оти е недоволно образложението на администрацијата на Трамп за да се направи такво нешто.

Ник Кац од Хиспанската имигрантска адвокатура изјави:

„Денес, добивме одлука од Врховниот суд за нашиот случај и мислам дека тоа во голема мера е победа за нас“.

Противниците на идејата велат дека додавањето на прашањето ќе одврати многумина кои немаат американско државјанство да ги пополнуваат пописните формулари, поради што би имале помала застапеност во Конгресот.

Имено, пописот се корсити за одредување на бројот на местата на секоја сојузна држава во Претставничкиот дом, но и за распоредувањето на федералните фондови.

Администрацијата на Трамп претходно образложи дека прашањето се додава во пописниот формулар со цел подобро спроведување на Законот за право на глас, кој го штити пристапот на гласачите на малцинствата на изборите.

Но, Министерството за правда никогаш во 54-годишната историја на Законот за право на глас не побарало поставување на прашање за државјанство.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG