Достапни линкови

Европска акција за заштита на децата од сексуално насилство


Илустрација
Илустрација

Едно од пет деца во Европа е жртва на некој вид сексуално насилство, а годинава во подем е интернет-педофилска порнографија.

За да се спречи ширењето сексуалното насилство врз децата, а особено интернет педофилската порнографија, Европската комисија почна проект моделиран по американскиот Национален центар за исчезнати и деца жртви на злоупотреба. За таа цел ќе биде формиран центар за координација и размена на информации и извештаи од земјите-членки во врска со насилство врз деца.

Според онлајн магазинот „Јуроп тудеј”, едно од пет деца во Европа е жртва на некој вид сексуално насилство, а годинава во подем е интернет-педофилска порнографија. Лани на интернет биле пресретнати 725.000 пораки поврзани со вакво насилство врз деца.

Центарот ќе координира и разменува информации и извештаи од земјите-членки во врска со насилство врз деца. Паралелна акција ќе биде насочена кон зајакнување на соработката со организациите што работат преку интернет, сите во координација со асоцијацијата „Ние заштитуваме” (We Protect) за да се спречи експлоатација на децата, објави Европската комисија на својата интернет страница.

Европската комисија ги повикува земјите членки доследно да ги спроведуваат националните закони што веќе постојат во оваа област и најавува нов закон на ЕУ што ќе ги обврзува оние кои обезбедуваат услуги преку интернет да им сигнализираат на властите за педофилско-порнографски материјал.

XS
SM
MD
LG