Достапни линкови

Денот на независноста и Трамп, патриотско изборен настан?


Со прелетување на воени авиони и пред борбени тенкови американскиот претседател Доналд Трамп ја пофали војската на прославата на Денот на независноста во Вашингтон. Неговите критичари велат дека големиот празник Трамп го претворил во политички настан.

Трамп од платформата пред познатиот Меморијалиот центар Ликолн, симбол на американското национално единство порача:

„Истиот американски дух кој ги охрабри нашите основачи, нѐ чуваше силни низ нашата историја. До ден денес тој дух поминува низ вените на секој американски патриот. Тој живее во секој од вас денес. Тоа е овој дух, на смелост и пркос, извонредност и авантура, храброст и самодоверба, лојалност и љубов кој ја изгради оваа земја во најискрената нација во историјата на светот и нашата нација е посилна денес отколку што беше порано. Сега е најсилна“.

Трамп го прослави 4 јули со тенкови и авиони
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:23 0:00

73 годишниот Трамп, наведувајќи дека Соединетите држави секогаш ги победуваат тираните изјави дека иднината им припаѓа на Американците и вети дека наскоро Соединетите држави повторно ќе испратат луѓе на Месечината, но и „подалеку за да го стават американското знаме на Марс“.

Според оценката на демократите, Трамп го искористил празникот за уште еден „изборен митинг“.

Тие сметаат дека станува збор за обид на Трамп да го исполитизира и милитаризира традиционалниот непартиски празник.

Критичарите исто така му забележаа на Трамп дека ги искористил парите на американските даночни обврзници за сопствена политичка промоција и глорификација.

4 јули се прославува во Соединетите држави како одбележување на денот на потпишувањето на Декларацијата за независност во 1776 година.

Последниот претседател кој говорел на Денот на незвсноста во Вашингтон бил Хари Труман.

Тоа било пред седум децении на одбележувањето на 175 годишнината од потпишувањето на Декларацијата.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG