Достапни линкови

Да се биде или не


Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.
Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.

Кога зборуваме за недоверба на партиите тука се дефинитивно и партиските подмладоци кои како верна приколка на политичките партии вшмукува се она што како критика го добива партискиот систем во Македонија, пишува Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.

Пред 30 години некои беа директни сведоци, а некои за прв пат се среќаваа со таква енергија на прогресивна и еврпски настроена младина која прва, во тоа време табу-тема, ја начна идејата за независноста и го отвори прашањето за европска интеграција на Македонија.

Низ годините по партиските подмладоци никнуваа или подобро речено се раѓаа многу по свесни млади политичари и политичарки, заразлика од некои други во денешно време, поиздржливи кои во зависност од тежината на своето време, а Македонија во годините на своето постоење имаше и сеуште се соочува со побаеѓи тешки времиња, докажаа дека можат да се носат со големи предизвици но и дека се спремни да ги издржат притисоците на партиските структури на кои таа авангардност и издржливост не им одговараше.

Затоа сходно на сето ова доаѓаме до заклучок дека партиските подмладоци од воведувањето на плурализмот до денеска го достигнаа својот врв на своето постоење и природно е да после толку светли, да не речам златни години за младите во политиката дојде до момент на истрошеност на целиот тој концепт наречен партиски подмладок, со што се отвора дилемата дали е време за генерален ремонт на партиско-политичката сцена во Македонија.

Океј, да не одиме многу далеку, сеуште се свежи резултатите на анкетите од странските фондации кои ја лупнаа вистината во лице колку и таа да се чинеше скриена, недостижна и на секаков можен начин манипулативна. Нека дека во овие 7-8 години нешто се смени но недовербата на народот кон политичките партии и политичарите дотолку се разгори што денеска ни на домашните слави не се ниту дискутираат, а богами ниту коментираат.

Знаете, да не бегаме од суштината, кога зборуваме за недоверба на партиите тука се дефинитивно и партиските подмладоци кои како верна приколка на политичките партии вшмукува се она што како критика го добива партискиот систем во Македонија.

И после се мораме да се сложиме дека во Македонија (без разлика дали е северна, социјалистичка, бивша југословенска) веќе и не е толку плодна партиско-политичката почвата како што беше пред 10-20 години и уште пострашно мора да признаеме дека во Македонија се потешко и потешко никнуваат нови генерации зрели политичари. Безидејноста, нецеловитоста во работењето како и генералниот (А)политичко-правен поредок во државата се сигурната карта на младите надежи како на секое друго поле така и во полето на политиката надвор од Македонија.

И тука кочиме малку и се запрашуваме дали младите политичари од партиските подмладоци денеска знаат која им е целта на своето постоење и целта на своето делување во партиските подмладоци, дали ја распознаваат првичната функција на подмладокот освен делот каде што тие се дружат, вмрежуваат со свои врсници истомисленици од ширум Европа и светот, има ли меѓу тие млади еден што мисли дека истиот тој подмладок или негов партиски колега треба своето знаење и вештина да го искористи за некаков просперитет внатре во политичката партија или државата ако одиме пошироко.

Заслепеноста од со години билданата „голема слика“ како „еден ден ќе бидеш“ или „светот на младите останува“ од која кожа се ежи е огромна дури и денеска во 21 век кога секој се стреми да прочита повеќе, научи повеќе или постигне уште повеќе.

Заклучокот е дека партиските подмладоци се на наша голема жалост во еден слободен пад па затоа и „огромната“ интересираност на македонската јавност која сакале или не веќе не ги ни препознава како дел од партиско-политичката сцена, па за кого се троши младоста ако не за народот, да ги слушне, види и во нив препознае некој иден лидер?

Е па драги мои партиски колеги и колешки нели сметате дека е дојдено Вашето време, нели сметате дека време е партиските подмладоци да се пуштат од „рачето на мама и тато“ и јасно и целосно да се интегрираат во политичките партии и нејзините структури кои градат вистинска и реална политика?

Нели ви е смачено од тоа целиот свој придонес спакуван во искуство и вештини стекнати во најубавите години од животот да го фрлите поради искомплексирани, стари и истрошени политиканти кои не оставаат ни местенце, а камоли да отстапат столче на масата каде што се креира или подобро кажано треба да се креира политика од која благосостојбата и прогресот ќе го почувствуваат луѓето надвор, оние кои треба во вас да препознаат лидер и нивен претставник.

Еве ве подбуцнувам отворено и јавно да размислите и сфатите зошто токму Вие сте тие кои треба да застанат на големата маса и да креирате вистински политики за секој и секого, затоа што времето врви, статус-квото во политиката си стои, едни исти се менуваат скоро секој пат, а ние младите сеуште се „гордееме“ со “ќе дојде и твоето време“ бидејќи „светот на младите останува“.
Младите во политичките партии јасно и целосно интегрирани без никакви скриени помисли, флоскули и магарешки канцеларии само затоа што размислуваат во корелација со векот во кој живеат. Деведесеттите се далеку зад нас, историјата си е историја дали некој ја бришел или додавал, ние живееме денеска и утре, а што ќе живееме денеска и утре би требало да зависи само од нас.

Да живее Македонија (северна, бивша југословенска, социјалистичка, независна, древна, библиска).

Радио Слободна Европа не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Изнесените ставови на авторот можат, но не мораат да ја рефлектираат уредувачката политика на медиумот.

XS
SM
MD
LG