Достапни линкови

Грција нема да добие олеснувања на драконските буџетски услови


Грчките кредитори отворено ги отфрлија повиците од новата конзервативна влада за олеснување на драконските буџетски услови договорени како дел од програмата за спасување. Тие порачаа дека Грција сé уште има строги фискални цели за исполнување.

Лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис кој вчера положи заклетва како нов премиер на Грција вети дека ќе ги намали даноците и ќе преговара со меѓународните кредитори за нови услови за добивање кредити.

Мицотакис доби удар од доверителите: договореното си е договорено
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:23 0:00

Но, министрите за финансии на еврозоната по вчерашниот состанок во Брисел порачаа дека клучните цели веќе договорени со Атина нема да бидат променети.

Претседателот на еврозоната Марио Центено вели:

„Обврските се обврски, а ако ги скршиме, кредибилитетот е првото нешто што ќе се распадне. Тоа доведува до недостиг на доверба и на инвестиции“.

Грција во минатото лето го заврши својот трет последователен меѓународен финансиски пакет.

Станува збор за мерки кои ја спасија Грција да не излезе од еврозоната и кои го одложија грчкиот банкрот, но исто така ги продлабочија сиромаштијата и невработеноста во земјата.

Мицотакис, чиј покоен татко Константин Мицотакис, беше грчки премиер на почетокот од 90-тите години, вети дека ќе ја направи Грција подостапна за бизнисот со намалување на даноците и на бирократијата.

Но, неговата нова влада се соочува со притисокот од финансиските предизвици, вклучувајќи го и националниот долг што надминува 180 насто од бруто домашниот производ.

Серафим Сеферијадес, универзитетски професор по политички науки и политички аналитичар, очекува да види построги мерки за штедење и повторни приватизации.

„Мислам дека под новата влада ќе има поостро штедење, односно балтички државен модел, кој вклучува приватизации, ограничување на работните права и очекување дека ако и дадете привилегии на повисоката класа ќе има пораст“.

Сеферијадес вели дека јавноста ја казнила Сириза, но оти идеите на левицата сигурно повторно ќе се појават.

„Луѓето ја казнија Сириза, но тоа не значи дека ги казнија и идеите на левицата. Сириза ги деградираше идеите на левицата. Вистинската левица е се уште жива и секако повторно ќе се појави“, вели Сеферијадес.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG