Достапни линкови

Претседателски избори во Северна Македонија

Стево Пендаровски е победник на претседателските избори со освоени речиси 52 насто од гласовите, според податоците ДИК. СДСМ изборниот процес го оцени како фер и демократски, ВМРО-ДПМНЕ обвини за нерегуларности на власта. За ДИК изборите поминале без поголеми нерегуларности.

  • Втор круг од претседателските избори
  • Гласачките места беа отворени во 7 часот, а беа затворени во 19 часот.
  • Според ДИК, одзивот е над 46 %
  • Досега до ДИК нема известувања за евентуални нерегуларности.
  • Стево Пендаровски освои скоро 52 отсто од гласовите, а Гордана Сиљановска Давкова скоро 45 отсто.
09:33 5.5.2019

Втор круг од претседателските избори

Во вториот круг победник е оној што добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи. Доколку и во вториот круг ниту еден од кандидатите не го добил потребниот број гласови, се повторува целата изборна постапка, согласно Изборниот законик. Ако нема цензус од 40 отсто, тогаш според Уставот, функцијата претседател на државата ќе ја врши претседателот на Собранието Талат Џафери. Повеќе информации тука: https://www.slobodnaevropa.mk/a/29920858.html

09:37 5.5.2019
МОСТ лого
МОСТ лого

МОСТ: досега без забележани неправилности во гласањето

09:40 5.5.2019

Изборите ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи

​Претседателските избори во земјава ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи, како и 289 преведувачи и 60 странски новинари акредитирани од ДИК.

09:42 5.5.2019

Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

​Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска, на денот на одржувањето на вториот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид и Ново Село, во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG