Достапни линкови

Во Украина се исцртуваат нови борбени линии: поглед кон југ

Украинските сили се распоредуваат за контраофанзива против Русија на југот на земјата.
Украинските сили се распоредуваат за контраофанзива против Русија на југот на земјата.

Војната на Русија против Украина е на пат да влезе во нова фаза, ако веќе не е влезена, со најтешките борби кои се префрлија на приближно 350 километри фронтовската линија која се протега југозападно од близина на Запорожје до Керсон, паралелно со реката Днепар. Мајк Екел

Долги конвои руски воени камиони, тенкови, артилерија и друго оружје се оддалечуваат од украинскиот регион Донбас, и се упатуваат југозападно -- и во барем еден случај, северозападно од пристаништето Мариупол, окупирано од Русите.

Мостовите, складиштата за муниција и железничките врски се цел на се поголема фреквенција во јужните региони на Украина, погодени од украинските сили со моќно оружје испорачано од Западот. Само битката за градот Керсон „може да се покаже како одлучувачка во одредувањето на крајниот исход на војната“. „Југот е клучен“, вели Питер Цвак, пензиониран генерал на американската армија, кој служеше како одбранбен аташе во американската амбасада во Москва.

Тешки борби во источна Украина - Киев и Москва се обвинуваат за нападите на нуклеарната централа

„Ова е повеќе од само тест, од перспектива на Киев. Борбата на југ е егзистенцијална. Секако Украинците ги усовршуваат своите сили, внесуваат нови луѓе, опрема, но пред сè, тоа е егзистенцијално. Тие треба да ги извлечат Русите од југот сега - пред сè да се утврдат“, вели тој за РСЕ. Украинските власти веќе посочуваат на зголемен број на села и градови во регионот Керсон кои се повторно заземени.

Секојдневниот живот во Украина под руската офанзива

Роднините и поддржувачите на 53 украински воени заробеници кои загинаа во затворскиот логор Оленивка, под контрола на Русија, се собраа на 4 август во Киев, барајќи Русија да биде назначена како државен спонзор на тероризмот. Додека Москва се обидува да ги обвини украинските сили за смртните случаи, американските разузнавачки извештаи велат дека Русија планира да лажира докази за напад однадвор и дека уништувањето во затворот се чини дека било предизвикано од запаливо оружје „однатре“.
1/14 Роднините и поддржувачите на 53 украински воени заробеници кои загинаа во затворскиот логор Оленивка, под контрола на Русија, се собраа на 4 август во Киев, барајќи Русија да биде назначена како државен спонзор на тероризмот. Додека Москва се обидува да ги обвини украинските сили за смртните случаи, американските разузнавачки извештаи велат дека Русија планира да лажира докази за напад однадвор и дека уништувањето во затворот се чини дека било предизвикано од запаливо оружје „однатре“.
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Жени во воена обука во регионот Лвив на 3 август.
2/14 Жени во воена обука во регионот Лвив на 3 август.
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Брачен пар на местото на експлозијата што го потресе градот Миколајев во раните утрински часови на 3 август, предизвикувајќи пожар и уништувајќи супермаркет.
3/14 Брачен пар на местото на експлозијата што го потресе градот Миколајев во раните утрински часови на 3 август, предизвикувајќи пожар и уништувајќи супермаркет.
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Во затворениот забавен парк во Краматорск на 3 август.
4/14 Во затворениот забавен парк во Краматорск на 3 август.
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Семејство турка количка за бебиња покрај кратер по ракетниот напад врз градот Харкив на 3 август. Руската артилерија продолжува да го напаѓа разурнатиот град, додавајќи му повеќе мизерија на неговите жители, од кои многумина се принудени да живеат со месеци под земја.<br />
<br />
&nbsp;
5/14 Семејство турка количка за бебиња покрај кратер по ракетниот напад врз градот Харкив на 3 август. Руската артилерија продолжува да го напаѓа разурнатиот град, додавајќи му повеќе мизерија на неговите жители, од кои многумина се принудени да живеат со месеци под земја.

 
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Жителите чекаат да земат торби со храна во малото село Малаја Рохан на 4 август. Селото, кое се наоѓа источно од Харкив, беше тешко оштетено откако претрпе неколку недели руско гранатирање и окупација.<br />
&nbsp;
6/14 Жителите чекаат да земат торби со храна во малото село Малаја Рохан на 4 август. Селото, кое се наоѓа источно од Харкив, беше тешко оштетено откако претрпе неколку недели руско гранатирање и окупација.
 
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Брачен пар носи шишиња со вода откако ги наполни во продавница во Покровск на 4 август. Многу делови од регионот Доњецк се без редовно снабдување со вода.
7/14 Брачен пар носи шишиња со вода откако ги наполни во продавница во Покровск на 4 август. Многу делови од регионот Доњецк се без редовно снабдување со вода.
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Девојче држи кукла додека луѓето чекаат да се качат во возот за евакуација за Днипро од Покровск на 4 август. Наредбата за евакуација е особено потресна бидејќи семејствата се принудени да се разделат.
8/14 Девојче држи кукла додека луѓето чекаат да се качат во возот за евакуација за Днипро од Покровск на 4 август. Наредбата за евакуација е особено потресна бидејќи семејствата се принудени да се разделат.
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Една жена поминува преку мост делумно обновен од украинската војска во близина на селото Малаја Рохан, во близина на Харков на 4 август. Керсон.
9/14 Една жена поминува преку мост делумно обновен од украинската војска во близина на селото Малаја Рохан, во близина на Харков на 4 август. Керсон.
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Тела на луѓе убиени од руски воен напад се видени во близина на станицата за јавен превоз во градот Торецк на 4 август.
10/14 Тела на луѓе убиени од руски воен напад се видени во близина на станицата за јавен превоз во градот Торецк на 4 август.
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Припадник на украинската национална гарда јаде јаболка за време на затишје во борбите на позиција во близина на линијата на фронтот во регионот Харков на 3 август.
11/14 Припадник на украинската национална гарда јаде јаболка за време на затишје во борбите на позиција во близина на линијата на фронтот во регионот Харков на 3 август.
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Луѓе гледаат како &bdquo;Разони&ldquo;, првиот брод натоварен со украинско жито што тргна од украинско пристаниште од почетокот на руската инвазија, заминува од Одеса на 1 август.&nbsp;
12/14 Луѓе гледаат како „Разони“, првиот брод натоварен со украинско жито што тргна од украинско пристаниште од почетокот на руската инвазија, заминува од Одеса на 1 август. 
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Украински војници истрелаа ракетен систем со повеќекратно лансирање БМ27 Ураган врз руските позиции во регионот Харкив на 4 август.
13/14 Украински војници истрелаа ракетен систем со повеќекратно лансирање БМ27 Ураган врз руските позиции во регионот Харкив на 4 август.
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Украинската армија на 2 август ја прикажа својата &bdquo;Армија на беспилотни летала&ldquo;, која ја набави благодарение на странски донации од 20 милиони долари. Авионите на далечински управувач ќе се користат и за надзор и за воздушни напади. Тие летаат зад руските линии, пренесувајќи ги целните координати за артилериски напади и фрлајќи гранати врз непријателските сили.
14/14 Украинската армија на 2 август ја прикажа својата „Армија на беспилотни летала“, која ја набави благодарение на странски донации од 20 милиони долари. Авионите на далечински управувач ќе се користат и за надзор и за воздушни напади. Тие летаат зад руските линии, пренесувајќи ги целните координати за артилериски напади и фрлајќи гранати врз непријателските сили.
Жестоките борби продолжуваат во источниот украински регион Доњецк додека сепаратистите поддржани од Москва и руските сили се обидуваат да ги заземат клучните градови Бахмут и Авдијевка. Руските артилериски и ракетни напади продолжуваат неселективно да убиваат и осакатуваат цивили.
Previous slide
Next slide

Шефот на регионот, Дмитро Бутриј, на 2 август изјави дека 53 населби таму биле повторно заземени од почетокот на инвазијата. Украинските команданти наведоа дека руските сили се собираат на југ како подготовка за напад - веројатно како одговор или очекување на украинска контраофанзива.

Украинската артилерија и ракетите со долг дострел, исто така, погодуваат се поголем број цели од стратешко значење за Русија во Керсонската област, вклучително и мостови, а од неодамна и железничка пруга што ја поврзува со окупираниот од Русија Крим.

„Тие не се големи, џиновски напредоци, но секако се напредува против Русите. Не знам дали тоа е дел од контраофанзива. Знам дека тие прават офанзивни придобивки. И тие го прават тоа, знаете, против руските сили кои...изгледа дека се лошо подготвени за тоа“, изјави висок американски функционер на Пентагон.

Каква е состојбата

Во првите недели по инвазијата на Русија на 24 февруари, голем дел од борбите беа концентрирани на север, во близина на Киев и на југ по брегот на Азовското Море, околу Мариупол. Украина победи на север, враќајќи ги руските сили преку границата. Русија постигна значителни придобивки на југ, вклучително и заземање на Керсон, кој имаше население пред инвазијата од околу 300.000 и беше првиот голем украински град што беше заземен.

Мариупол беше заземен по брутална опсада. Фокусот потоа се префрли на исток, на Донбас, каде што Русија ги прегрупираше, а потоа ги нападна украинските трупи со артилерија и ракетен оган и брутална урбана војна. Украинските сили беа принудени да се повлечат. Русија ги зазеде главните градови во регионот Луганск, пред да направи „оперативна пауза“.

На југ, сепак, со недели, украинските сили постигнуваат мали, поединечни придобивки во регионот Керсон, кој се протега низ Днепар. Реката е природна одбранбена бариера, а напредокот што го направија украинските сили беше на северната страна, односно десниот брег.

Сега, според воените експерти, извештаите на очевидците, социјалните мрежи и западното разузнавање, и Украина и Русија се подготвуваат за нова концентрација на борби долж Днепар. Во регионите Керсон и Запорожје, руската јужна групација е составена од 49-та армија за комбинирано вооружување, заедно со механизирани и падобрански бригади, како и некои единици кои се мобилизирани од окупираните делови на регионите Доњецк и Луганск.

Украинската воена разузнавачка агенција соопшти дека нова тактичка група која се состои од 800 до 1.000 војници, се распоредила на Крим и ќе биде испратена во регионот Керсон во наредните денови. Руските позиции на северниот брег на Днепар беа неодржливи и ранливи, според Микола Бјељесков, научен соработник во Националниот институт за стратешки студии, тинк-тенк на украинската влада. Тоа во голем дел се должи на употребата на Украина на артилериските ракетени системи со висока подвижност М142, познати како ХИМАРС, испорачани од САД.

Борбите во Доњецк продолжуваат, руски воздушни напади врз украински региони кај Црното Море

„За нив би било чудно да не одговорат на прогласената - во широка смисла - можна украинска контраофанзива, со некои мерки за зајакнување на нивната групација. Но, движењето како такво не ја решава оваа руска неволја кога нивното групирање на силите на десниот брег на Днепар зависи од мостовите“ загрозени од артилеријата на Украина“, изјави тој.

Три клучни мостови на Днепар, вклучувајќи го и Антоновски мост, беа тешко оштетени и станаа непроодни од украинскиот пожар. Русија побрза да ги поправи мостовите и инсталираше привремен понтонски траект, за да им овозможи на војниците и опремата да ја преминат реката.

„Голем тест“

Важноста на регионите Керсон и Запорожје доаѓа од нивната географија. Претежно рамното пространство има огромни полиња на фарми и електрани. И, како што е сега, украинските земји окупирани од руските сили го вклучуваат целиот брег на Азовското Море, Кримскиот Полуостров и брегот на Црното Море до устието на реките Днепар. Тоа ја става Русија опасно блиску до блокирање на целото крајбрежје на Украина.

Зголемувањето на темпото во борбите и движењето на војниците, исто така, може да потекнуваат од намерите на Кремљ. Руските власти сигнализираа планови за одржување референдуми во двата региона, веројатно за нивно припојување, слично на она што се случи на Крим во 2014 година. За таа цел, Украина може да притиска напред за да ги спречи руските референдуми што Москва ќе ги искористи за да ја зацврсти својата контрола, велат експертите.

„Тоа ќе биде голем тест за воената способност на Украина“, вели Ник Рејнолдс, аналитичар за копнена војна од Лондон, додавајќи: „Досега тие не беа во можност успешно да извршат контранапад во длабочина, освен кога руската војска спроведе дискреционо повлекување за да ги консолидира своите сили“.

Украинските команданти, исто така, веројатно ќе се обидат да ја преземат иницијативата кога руските трупи сè уште ги надополнуваат и реконструираат силите, изјави во минатиот месец Ричард Мур, шеф на британската агенција за надворешни работи МИ6.

„На Русите ќе им снема сила. На самите Украинци им е важно да ја покажат својата способност да возвратат и тоа ќе биде многу важно за нивниот континуиран висок морал. Исто така, мислам дека ќе биде важен потсетник за остатокот од Европа дека ова ќе биде победничка кампања за Украинците“, вели Мур.

Украина на тест, Русија на тест

Новата контраофанзива, исто така, ќе тестира колку Украина може да ги користи софистицираните системи за оружје обезбедени од западните земји: американските ХИМАРС, хаубиците Цезар од француско производство и Панцер хаубиците од германско производство.

Војната во Украина влезе во шестиот месец, борбите се интензивираат

„Ќе биде интересно да се види дали системите како што е HIMARS резултираат со значително подобри перформанси на украинските оклопни и механизирани сили. Ова е причината зошто битката за Керсон е важна“, напиша Лоренс Фридман, почесен професор по воени студии на Кралскиот колеџ во Лондон.

Руски војници одбиваат да се борат во Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:02 0:00

„Украина сака да ја врати својата територија и да ја оправда довербата на својот народ дека оваа војна може да се добие. Во тој процес, таа се обидува да ги охрабри своите западни партнери да ја задржат верата“.

Новата контраофанзива, исто така, ќе ја тестира издржливоста на двете страни, кои според сите сметки се соочуваат со проблеми на исцрпеност, намален број, а во случајот на Русија, извештаи за зголемени проблеми со дисциплината, моралот и непослушноста.

„Проблемот со подготовката за напад -- и мислам дека ова ги загрижува НАТО и американските планери -- е тоа што тие не се сигурни дека Украинците имаат доволно луѓе, материјал и муниција за навистина да го извршат нападот тоа може да ги пробие руските линии“, вели Крис Догерти, поранешен функционер за одбрана на САД и аналитичар во Центарот за нова американска безбедност, тинк-тенк со седиште во Вашингтон, во интервју за РСЕ. „На југ се чини дека тие, ако читаат како нас, ја очекуваат украинската контраофанзива“, заклучува Цвак.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

This item is part of
XS
SM
MD
LG