Достапни линкови

Воена придружба за танкерите во Персискиот залив


Пентагон соопшти дека ќе покрене систем на воена придружба на бродовите во Персискиот залив откако Лондон обелодени дека ирански вооружени бродови се обиделе да запленат британски танкер. Вашингтон го обвинува Иран за серијата напади врз бродови во една од најважните нафтени транзитни рути. Техеран ги отфрла ваквите обвинувања.

Пентагон објави дека развива планови за воена придружба на бродови во Персискиот залив откако вооружени ирански бродови се обиделе да принудат еден британски танкер за нафта да влезе во иранските територијални води.

САД планираат воена придружба за бродовите во Заливот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00

Номинираниот кандидат на Белата куќа за нов шеф на Здружениот генералштаб, генерал Марк Мили изјави дека Вашингтон се обидува да формира коалиција за обезбедување воена придружба на комерцијалниот превоз.

„Мислам дека тоа ќе биде во текот на следните неколку недели“, рече Мили во сенатскиот Комитет за вооружените служби.

„Слободата на навигацијата е фундаментален принцип и норма за меѓународниот поредок веќе седум децении и имаме клучна улога за да ја спроведеме таа норма“.

Дека се подготвува акција на сојузниците во Персискиот залив потврди и портпаролката на американскиот Стејт департмент Морган Ортагус.

„Ние ќе продолжиме тесно да соработуваме со Обединетото Кралство и нашите сојузници за да осигуриме малигните активности на иранскиот режим да не ги нарушуваат меѓународното право, поморската безбедност и глобалната трговија“.

Тензиите во Заливот се зголемија во изминатите неколку недели по серијата напади врз бродови во една од најважните нафтени транзитни рути.

До ова доаѓа во моменти кога економијата на Иран е во слободен пад по повторното наметнување на американските санкциите, откако претседателот Доналд Трамп се повлече од меѓународниот договор од 2015 година кој имаше за цел запирање на иранската нуклеарна програма.

Брзиот развој на настаните уште повеќе ги искомплицира напорите на Британија и другите европски сојузници за спасување на нуклеарниот договор и покрај повлекувањето на САД.

Изјавата на Мили дојде откако Лондон го обвини Техеран дека три ирански вооружени бродови сакале да го „попречат преминувањето“ на танкерот „Британско наследство“ долг 274 метри.

На овој ирански обид се гледа како на знак на одмазда за британското запленување на иранскиот танкер кај Гибралтар пред неколку денови.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG