Достапни линкови

Буџет, плати и синдикати - вие коментирате


Илустрација
Илустрација

Џим Глиг прашува: „Кој ќе ги враќа парите?“, а Билјана Хајхурст Анна му одговара: „Ќе се јадат фасади, галии, споменици. Тоа ли е проблем?“. Ова се само дел од вашите коментари на темата Буџет, Народна Банка и платите.

ССМ бара средба со Владата бидејќи во ребалансот на Буџетот не е предвидено зголемување на платите, „како што бевме убедувани“, реагираат Синдикатите. Реакциите на нашата ФБ страница се и кон Владата и кон раководството на ССМ. Пеце Крстев напишал: „Ве изиграја, шо мислевте вие, дека ќе се договорите? Оставка одма од тебе Димовски“. Вулнет Селмани и Кристина Ампева паѓаат од смеење, првиот со смешковци, втората со ’хахахаха‘, а Петре Николовски смета: „Штрајк е идеално решение, оваа влада ве изеде живи“. И Виктор Еманоски со негативен коментар: „Со арамии нема договор, во генот му е да лажат и да крадат“.

Редовното неделно интервју на РСЕ е со гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска - Бежоска, која покрај другото зборува за економската и енергетсаката криза што го зафати целиот свет и вели дека сега реално гасиме пожари и дека македонските граѓани ги очекува тешка економска година по растот на инфлацијата.

Црнo сценарио на Народна Банка - Инфлација од 10 и раст над еден процент
please wait

No media source currently available

0:00 0:12:28 0:00

Редовната Анна Јакимова коментирала: „Секаде е тешко, но кај нас е тешко постојано, па ништо ново. Можеби потешко од што сме навикнати“. И тука, на некои што ја следат РСЕ и ФБ страницата им е до шега, па Горге Коцев напишал: „Евааа, пожарникар стана гувернерката“, а Дејан Димковски сериозно пресметал: „Реално, само СМк е должна колку бивша Југославија“. „Не гасите пожар, туку ги крпите и прикривате тендерите и лоповлукот!!!“ – смета Зоран Ставров, а Дафина Тодоровска ја кара гувернерката: „Не се вадете на светот, гледајте овде што правите“.

Инаку, министерот за финансии Фатмир Бесими на прес конференција објасни дека со ребалансот на Буџетот „се обезбедени средства и за покачување на пензиите, на платите на наставниците... како и повеќе средства за социјални надоместоци.

Економскиот раст е проектиран на 3,2 %, а инфлацијата на 7,2 %“. Потпишан со Доналд Трамп краток: „Сус бре“, а Бобан Пикси Герасимовски веројатно на својот дијалект коментира: „Не сам знај дека од 75 денара зејтин на 150 е покачување од 9%. У мое време тој беше 100%. Што ти значи модернизација и технологија па чак и у математику“. Џим Глиг прашува: „Кој ќе ги враќа парите?“, а Билјана Хајхурст Анна му одговара: „Ќе се јадат фасади, галии, споменици. Тоа ли е проблем?“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG