Достапни линкови

Бугарија тешко се бори со свинската чума


Во Бугарија беснее африканската свинска чума
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:21 0:00

Во Бугарија беснее африканската свинска чума

Ветеринарните служби во Бугарија, поради свинската чума наредија колење на огромен број свињи. Станува збор за различни региони во целата земја.

Во обид да го ограничат ширењето на африканската свинска чума бугарските власти наредија да бидат погубени голем број свињи.

Епидемијата била забележана во последните два месеца.

Со неа биле зафатени свињите во седум големи индустриски фарми и десетици капацитети за производство на месо, но и по дворовитена индивидуалните одгледувачи на свињи.

африканската свинска чума во Бугарија
африканската свинска чума во Бугарија

Властите велат дека токму свињите што се чуваат во дворовите на индивидуланите земјоделци придонесуваат за брзо ширење на епидемијата.

Таквата оценка не ја делат и селаните.

Вања Димитрова, сопственичка на фарма за свињи вели:

„Во нашиот регион не се појавила чумата и не се согласувам со овие превентивни мерки во зона од 20 километри околу големите индустриски фарми што тие ги најавија за да ги заштитат. За мене, овие се несоодветни мерки. Ние немаме африканска свинска чума и не гледам причина да ги заколам моите здрави животни, едноставно не гледам“.

Таа исто така изрази сомневање дека колењето на свињите во вакви прилики е стандаризирано од Европската унија.

„Не знам дали го прават тоа во Европа. Не верувам дека имаат практика да се справат со оваа болест - преку масовно убиство на сите животни. Тоа мора да се направи на поинаков начин“.

Одгледувачите на свињи особено се лутат на наредбата за убивање на свињите околу местата каде што воопшто немало појава на инфицирани животни.

Од друга страна Николај Валканов, земјоделски аналитичар смета дека без убивање на свињите е невозможно справување со оваа болест, која како што додава тешко се искоренува.

„Нема да биде возможно да се запре болеста. Очекувам дека ќе трае многу години“.

Изворот на вирусот на оваа опасна болест која ги погодува домашните и дивите свињи се заразените, болните или угинати животни, заразената храна и отпадоци од храна, опрема, возила, облека и мекиот крлеж како биолошки преносител на болестa.

Африканската свинска чума, освен во Бугарија, е потврдена и во Романија и во Србија.

Ја има и во уште дваесеттина други земји, а се шири и зема се поголеми размери.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG