Достапни линкови

БОШ Фестивалот по 12 пат во Гевгелија


БОШ Фестивал, 2020
БОШ Фестивал, 2020

Фестивалот за современа независна уметност започнува утре во Гевгелија и ќе трае до 10 септември.

Со изворно музички перформанс од 20 часот во Народен Театар, Гевгелија ќе започне БОШ - фестивалот за современа независна уметност.

„12 години фестивал на современа независна уметност. 12 години БОШ визуелна, перформативна и музичка нормалност во Гевгелија. Овој пат во радикално поинакви, но есенцијално важни услови за безусловно да се испрати порака дека е неопходно да се продолжи слободно да се твори, да се создава, разменува, прифаќа и обединува. За новата генерација, новите мерки и новата нормала на старата локација. Да се собереме на дистанца, да се одбереме од нормален, понормален до најнормално ненормален, сè НАЈ!“, стои во најавата за фестивалот.

По музичкиот преформанс, програма првиот фестивалски ден продолжува со самостојни изложби од 20:30 часот, а потоа од 22 часот со инсталација наречена „Смрт за кралицата“. На крајот од денот ќе се одржи мултимедијален книжевен перформанс, групна изложба и мини концерт, со почеток од 22:30 часот.

Вториот фестивалски ден ќе започне на ракометното игралиште со промоција на муралот „Човек-природа-цивилизација“, чиј автор е Вангел Срнаков. Од 20 часот пак ќе се одржи регионален саем на независно издаваштво, а од 20:30 часот самостојни изложби. Фестивалот ќе заврши со музички концерти на „Искра“, потоа „Филч“, диџејот Ишчан Твин и диџејот Видео Подгорец.

XS
SM
MD
LG