Достапни линкови

Балканските шпиони од поранешна Југославија


Дали некогаш сте се запрашале како било на одмор во поранешна Југославија? Во познат хотел во словенечкиот регион Постојна е откриена и отворена за јавност шпионска просторија, скриена од падот на комунизмот.

Скриените простории за тајно набљудување се своевидно сведоштво за минатото на словенечкиот регион Постојна.

Хотелот каде што УДБА ги прислушувала туристите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:44 0:00

Уредите за прислушување датираат од времето на комунизмот, кога под специјален надѕор беа и локалното население и посетителите.

Старите мапи сè уште лежат на правливите маси заедно со пластичните кабелски телефони и ламбите.

Никола Симиќ, пензиониран експерт за телекомуникации вели:

„Оваа опрема овде се користеше за координирање на одредени активности, воени дејствија, за собирање информации од теренот од каде што можеби доаѓаше непријателот или нешто слично, а исто така беше користена и за комуникација меѓу врвните функционери на владата, врвните политичари, цивилната заштита и војската“.

Регионот е туристички центар поради пештерата која се наоѓа до хотелот.

Директорот на пештерата и на хотелот Марјан Батагељ вели дека за време на реновирањето билооткриено дека во хотелот Јама постоел паралелен свет, свет на прислушување.

„Постојна беше стратешка точка за Југославија. Таа беше најлесната рута од Западна Европа кон Исток. Исто така, пештерата Постојна беше најпосетуваната локација во Источна Европа. Некои државници ја посетија пештерата, имаше многу туристи, беа достапни многу информации“.

Овој хотел со четири ѕвездички беше отворен во 1971 година.

Тогашната Управа за државна безбедност, познатата УДБА ја користела Постојна како стратешка локација. Игор Омерц, словенечки политичар и публицист вели:

„УДБА беше тајна политичка полиција, таа не беше разузнавачка служба како во демократските земји, како сегашната разузнавачка служба во Словенија. Таа првенствено беше тајна политичка полиција на комунистичките функционери“.

Марјан Батагељ пак, додава дека околу Постојна имало распоредно околу 7.000 војници и оти постоела апсолутна контрола врз локалното население, но и оти биле собирани разузнавачки информации на државно ниво.

„Секој треба да си донесе став за овие времиња - дали ова беше само центар за информации или локација за прислушување? Мислам дека и двете.“

Пештерата е една од најубавите во регионот и една од главните туристички атракции на Словенија.

Туристите кои сакаат да ја видат скриената просторија можат тоа да го сторат во групи од шест луѓе.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG