Достапни линкови

Албанија, адвокати и судии како брокери


Во зградата на албанскиот Врховен суд, ѕидниот часовник престана да работи. Тоа е симпатичен симбол за еден трибунал што не одржал расправа од мај. До тоа дојде откако сите, освен двајца судии, беа отпуштени како дел од опсежна истрага за чистење на озлогласените корумпирани судови. Но, тоа во истовреме го онеспособи албанскиот судски систем.

Портпаролката на Врховниот суд Ида Водица објаснува:

„Во 2014 година имаше 17 судии, во 2019 година останаа само двајца“.

Албанската правда на пауза, сите судии под истрага
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:58 0:00

Еден од преостанатите двајца епретседателот на судот кој е исто така под истрага.

Земјата започна интензивен процес на проверка пред три години под притисок на Европската унија.

Независното тело има задача да ги провери судиите и обвинителите по три критериуми: нивните приходи, врските со моќните организирани криминални групи и нивното професионално и етичко однесување во минатото.

Станува збор за длабоко чистење на системот каде што самите адвокати велат дека во најголемиот дел од нивната работа изгледаат како „брокери“ кои преговараат за големината на поткупот.

Но, тоа исто така ја остави земјата, чија влада е заглавена во политичка криза, без клучниот столб на демократијата.

Досега се испитани 140 од 800 судии и обвинители.

Од нив 88 или се отпуштени - главно за прашања поврзани со неоправдан прием на пари - или поднесоа оставка непосредно пред да бидат испитани.

Во мрежата се фати дури и поранешниот јавен обвинител Адриатик Лала, чии средства се запленети додека тој е под истрага за перење пари.

32.000 недопрени досиеа

ЕУ ги поздрави резултатите од истрагата како „клучна за враќање на довербата на јавноста во судството“.

Но, обичните луѓе како 62-годишната Рузе Исо се жртви на судската стагнација.

Од лани таа бара од Врховниот суд да го поништи одземањето на нејзината куќа поради долг, тврдејќи дека пресудата била заснована врз документи фалсификувани од корумпирани правни лица.

Сега живеат во напуштена гаража.

„Сакаме да биде ургентно, бидејќи мојот сопруг е болен, има епилепсија и е во многу тешка ситуација“.

Нејзиниот случај е меѓу планините документи кои ги пополнуваат архивски простории, празните канцеларии и темните судници собирајќи прашина.

„Во моментов во Врховниот суд има 32.000 случаи кои чекаат да бидат испитани, а ова предизвика проблем во врска со нивното сместување во нашите простории“, вели Водица.

Претседателот на судот Џезаир Загањори уверува дека наскоро се ќе може повторно да профункционира.

„Мислам дека овој процес ќе потрае, но мислам дека кон крајот на летото и почетокот на септември можеби ќе биде можно да се изберат 4 или 5 нови судии кои ќе го преземат испитувањето на случаите“.

Во моментов, само еден од деветмина судии ја избегна истрагата.

Во меѓувреме, судиите имаат едно право на кое може да сметаат.

За да го намалат апетитот за мито, платите на високите судии се зголемени од 1.300 на 2.200 и од 1.700 на 2.800 евра месечно.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG