Достапни линкови

Агецијата за спорт и млади недоволно видлива во јавноста


Илустративна фотографија. Директорот на Агенцијата за спорт и млади Дарко Каевски.

Дел од невладините организации велат Агенцијата за спорт и малди се уште несразмерно става акцент врз спортот наспроти младите , иако забележуваат нејзино вклучување во разни инцијативи. Директорот Дарко Каеввски вели дека имаат многу проекти кои се препознаени од младите.

Агенцијата за млади и спорт во последните неколку години станува повидлива затоа што пројавува различни иницијативи, но сепак, треба уште многу да се работи за да ги решава вистинските проблеми на малдите, велат дел од невладините организации.

Мартина Илиевска од Младинскиот образовен форум вели дека за разлика од порано позитивно е што Агенцијата се вклучува во разни иницијативи како отворање на грантови за младински организации, што е важно за активности во кои ќе се вклучуваат млади луѓе. Таа го истакнува и вклучување на младинските организации во разни активности, а исто така и вклучувањето на Агенцијата во изработка на предлог законот за младинско учество, но вели дека се уште агенцијата е повеќе агенција за спорт, а во втор план се други важни работи.

„Се уште несразмерно се става акцент на спортот, наспроти младите. Има спортски стипендии, но многу е помала поддршката на млади кои учествуваат на натпревари по физика, хемија, математика и други научни области. Има поместување, но ќе треба уште многу да се работи на секторот млади“ вели Илиевска.

Таа ,од друга страна, како позитивно го истакнува тоа што за прв пат во нашата држава се донесе предлог Закон за младинско учество и младински политики, со вклученост на сите засегнати страни.

Директорот на Агенцијата за спорт и млади Дарко Каевски вели дека во изминативе две години имале доста голем број на проекти кои ги спроведуваат или се во фаза на спроведување. Има проекти кои се најавени и кои ќе се имплементираат во периодот кој следи, вели Каевски и дополнува дека тие проекти се препознатливи како кај младите така и кај спортистите и го помагаат нивното секојдневно делување.

Инаку, буџетот на Агенцијата за 2019 е 9 милиони евра од кои над 7 милиони се за спорт, а 500 илјади евра за млади.

„Од година во година добро е што го зголмувaмe буџетот во делот на млaди. Тоа е врз основа на голем број прокти кои ги имаме за млади. Од 2017 па до денес е 10 пати поголем буџетот со интенција за зголемување на буџетот и изедначување на оној з а спорт и секако за млади“ вели Дарко Кевски во неделното интервју на "Радио Слободна Европа".

Од МОФ велат дека во наредниот период за Агенцијата е важно прашање и нејзиниот приод кон националната стратегија за млади која се смета за најзначајниот документ, зашто е единствен документ кој се однесува на стратешки проблеми. Петгодишната стратегија за млади беше донесена во 2016 година, но повеќе младински организации сметаат дека донесениот документ бил избрзан. Илиевска вели дека тогаш проблем било што документот не бил достапен за младите пред изгласувањето и оти биле изоставени два важни документи, а тоа се акциските планови и немало предвидено буџет за спроведување на активностите. Поради овие пропусти тие побараа ревизија. Оваа година година конечно започна ревизијатата на акцискиот план.

Каевски очекува ревизијата да заврши до крајот на оваа година.

„Жално е што во 2016 е донесена стратегија која не ги отсликува реалните потреби. Од таа намена влеговме во еден процес на ревизија Голем број младински организации негодуваа и кажуваа дека проблемите кои ги истакнале не се согледани со таа стратегија. Тоа ни е мотив плус процесите кои ги правиме да ги правиме со младинските организации на зедничка маса за во иднина да нема документи кои се спротивни од потребите на младите туку се во интерес на размислувањата на младите“ вели Каевски.

Од Младинскиот Образовен Форум дополнуваат дека е важно е да не се повторуваат грешките од минатото. Тие велат дека кога документот ќе биде готов, треба да има и јавни настани во дрважата во кои ќе се вклучат што повеќе млади, за да дадат придонес кон овој важен документ.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG