Погребот на починатиот опозициски лидер, Алексеј Навални, ќе се одржи на 1 март во московска црква во близина на неговиот дом. Во своето обраќање пред Европскиот парламент на 28 февруари, Јулија Навалнаја, неговата вдовица, рече дека телото на Навални било „злоупотребувано“ по неговата смрт.
Две години откако Русија ја започна целоснаta инвазија на Украина, дописниците на „Current Time“ Борис Сачалко, Андриј Кузаков и Олексиј Продајвода, ги пренесуваат нивните воени искуства заедно со снимателите и возачите кои се составен дел од тимовите за известување.
Физичките пресметки меѓу млади гo полнат билтенот на македонското Министерство за внатрешни работи. Но, младите се повредуваат меѓусебно и со зборови. За тоа каде е коренот на агресијата и што може да се направи за сликата да се подобри, зборувавме со млади, со родители и со психолог Никола Дукоски.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за РСЕ вели дека НАТО членките се посветени да направат повеќе за да обезбедат Украина да победи во битка за протерување на руските сили, при што Алијансата „значително го променила“ својот став за обезбедување понапредно оружје за Киев.
Во исчекување на првите два километри од автопатот од Скопје до граничниот премин Блаце кој води кон Косово во должина од 12 километри, власта минатиот месец се пофали дека ги „закрпила“ дупките на магистралниот пат Скопје - Блаце.
Матични броеви, фотографии, броеви на лични карти и пасоши може да се видат во видеата објавени од министерот за надворешни работи Бујар Османи и заменик министерот за внатрешни Митко Бојмацалиев. МНР за два дена ја поправи грешката, МВР ги тргна видеата од Фејсбук, но се уште стојат на Јутуб.
Бројот на заболени од рак во Северна Македонија постојано се зголемува, а на Клиниката за онкологија во Скопје ниту има доволно лекови, ниту персонал. Регионални онколошки центри нема, па сите пациенти патуваат во Скопје. Скандалот со злоупотреба на цитостатиците сеуште нема судски епилог.
Возот сообраќа од Киев до Краматорск, последната станица пред линијата на фронтот во источна Украина. Вагоните се полни со војници кои се враќаат од отсуство, кои ги разменуваат последните бакнежи со семејството. Емотивното збогување доаѓа кога руската инвазија влегува во втора година.
Екипа на РСЕ снимаше десетина километри од линијата на фронтот во украинската област Доњецк, кога ненадејно одекнаа експлозии. Новинарите Јевхенија Китаива и Ана Кудријавцева не беа повредени и се обидоа да им пружат прва помош на ранетите украински војници.
Репортерите на РСЕ беа следени со дрон и испрашувани од полицијата откако се приближија до суперјахта вредна 700 милиони долари за која се верува дека е во сопственост на рускиот претседател Владимир Путин. Луксузната јахта „Шехерезада“ запленета од Италија во мај 2022 година.
На граничниот премин Блаце, најголемиот дел од граѓаните кои ја напуштаат државата веќе ги промениле личните документи, а државата ја напуштаа со лични карти или патни исправи со новото име на државата. Сепак, затекнавме и граѓани кои со старата лична карта ја минуваа границата.
Припадниците на српската заедница од различни делови на Косово на 12 февруари протестираа во Северна Митровица поради одлуката на Централната банка на Косово еврото да стане единствена валута за плаќање, со што се укина употребата на српскиот динар.
Вчитај повеќе