Овие денови се одбележуваат 25 години кога силите на босанските срби го покренаа она што се претвори во 1425 дневна опсада на босанскиот главен град Сараево. Над 10 илјади жители на Сараево загинаа од гранатирањето или од снајперски оган за време на блокадата која беше најдолга на еден град во поновата историја.
Опсадата на Сараево
1
Познатата фотографија од Сараво кога врз демонстрантите за мир било стрелано со снајперски оган на 6 април 1992 година. Тогаш беа убиени две жени.
2
Облакодери горат во Сараево откако беа погодени со гранати од околните планини, 08.06.1992.
3
Човек ја придржува главата на една жена ранета во гранатирањето на Сараево 27.06.1992,
4
Рането девојче во болница во Сараево. 03.08.1992. Според ООН, за време на опсадата секојдневно биле истрелувани по 3 илјади гранати.