Достапни линкови

Изборите во Србија како референдум за владеењето на Вучиќ


Во србија се гласа на вонредни парламентарни, покраински и локални избори во повеќе од 60 градови и општини.
Во србија се гласа на вонредни парламентарни, покраински и локални избори во повеќе од 60 градови и општини.

Се очекува клучната битка да се води за Белград, каде анкетите покажуваат дека обединетата проевропска опозиција е во тесна трка со коалицијата на претседателот Александар Вучиќ.

Во Србија денеска (17 декември) се одржуваат вонредни парламентарни, покраински и локални избори во повеќе од 60 градови и општини.

Локалните избори се одржуваат и во главниот град Белград.

Гласачките места, како што кажа утрово претседателот на Републичката изборна комисија (РИК) Владимир Димитриевиќ на првата прес-конференција, биле отворени на време – во 7 часот.

„Изборниот материјал е целосно исправен и сите гласачки места се отворени во 7 часот“, рече Димитриевиќ кој ја потсети српската јавност дека сè уште трае изборниот молк кој ќе заврши во 20 часот кога ќе се затворат гласачките места.

До 18 часот, според податоците од РИК, гласале 51,93 отсто од гласачите. Во споредба со истиот временски период на изборите во април 2022 година, излезноста е малку повисока. Лани до 18 часот гласаа 50,82 отсто.

Во досегашниот тек од изборниот ден, медиумите забележаа автобуси од Република Српска, Босна и Херцеговина, кои превезуваат гласачи до пред Штарк арената во Белград. Претседателот на РИК се прогласи за ненадлежен бидејќи таму немало избирачки места, а претставници на опозицијата кои се членови на комисијата, пробаа да влезат во арената, но беа спречени од обезбедувањето кое им рече дека внатре „се снима филм“.

Гласањето се одвива на вкупно 8 273 избирачки места, а своето право на глас на парламентарните избори ќе можат да го остварат 6 500 666 запишани избирачи. Во Белград бројот на гласачи изнесува 1 613 190.

Граѓаните на Србија на вонредните парламентарни избори бираат 250 пратеници за српскиот парламент.

На парламентарните избори учествуваат 18 изборни листи, 13 покраински, а на локалните во Белград свои претставници кандидираа 14 листи.

Клучната битка ќе се води во Белград

На овие избори, според многумина, се гледа како на референдум за владеењето на националистичкиот претседател Александар Вучиќ наспроти обединетата опозиција од прозападната коалиција.

Вучиќ, кој не е на гласачкото ливче, се обидува да ја зајакне поддршката на владејачката Српска напредна партија (СНС) во услови на, како што велат многу набљудувачи, кампања нарушена со заплашување и медиумска пристрасност.

Во текот на неговото претседателствување, кое започна во мај 2017 година, Вучиќ одржува блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин, дури и во услови на инвазијата на Москва во февруари 2022 година на Украина и додека се обидува да ги балансира односите со Западот.

Клучна битка ќе се случи во главниот град Белград, каде што гласачите ќе избираат претставници и во 110-членото Градско собрание, кое избира градоначалник за четиригодишен мандат, и во помалите, конститутивни совети на градот.

Три „незгодни“ прашања за власта и опозицијата пред изборите во Србија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:38 0:00

Последните анкети таму покажаа дека обединетата, проевропска опозиција, коалицијата Србија против насилството, е во тесна трка со истоимената коалиција на претседателот Александар Вучиќ – Белград не смее да запре и нејзиниот поранешен градоначалник.

Ќе бидат ли изборите фер и слободни?

Вучиќ на 1 ноември го распушти парламентот на земјата – на помалку од половина од неговиот четиригодишен мандат – распишувајќи предвремени општи избори и гласања за локалната власт.

Вучиќ, кој се соочува со зголемен притисок по двете масовни убиства во мај, кои предизвикаа лути протести и повици до претседателот и лидерите на земјата да поднесат оставки, имаше рок до 2 ноември да ги распише изборите за 250-членото собрание за да може парламентарните избори да се одржат во тандем со локалните избори во околу 60 општини.

Откако СНС одби да спроведе многу од барањата искажани на протестите предводени од опозицијата, главните проевропски опозициски партии во земјата потпишаа пакт да заедничко учество на изборите под слоганот Србија против насилството.

На последните избори во април 2022 година СНС освои најмногу гласови, додека самиот претседател удобно доби нов петгодишен мандат.

Сепак, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соопшти дека гласањето било нарушено поради „отсуство“ на еднакви услови за игра.

За време на таа кампања, критичарите на Вучиќ се жалеа дека претседателот ја засилил својата моќ преку неговата контрола врз медиумите и владата до таа мера што некои истражувања на јавното мислење покажаа дека речиси половина од земјата не верува дека изборите ќе бидат слободни или фер.

Србија, традиционален сојузник на Русија, се обиде да одржи блиски врски со Москва по нејзината инвазија на Украина, а во исто време се обидува да продолжи со своите надежи за евентуално пристапување во Европската унија.

Србија официјално се изјасни дека го почитува територијалниот интегритет на Украина, но исто така, се спротивстави на притисокот на ЕУ да се приклучи на западните санкции кон Москва поради нејзиниот целосен напад врз Украина.

XS
SM
MD
LG