Достапни линкови

Бислимовски: Ако државата гради во енергетика, страв ми е од корупција


Бислимовски: Жалбите за повисоките сметки за струја ќе ги уважиме
please wait

No media source currently available

0:00 0:16:29 0:00

Бислимовски: Жалбите за повисоките сметки за струја ќе ги уважиме

Ако можела и сакала државата до сега ќе изградела енергетски капацитет, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски. Се плашам од корупција ако државата реши да гради во енергетиката, приватниот инвеститор повеќе се грижи за парите од државата, додава тој.

Господин Бислимовски, во Собранијето по скратана постапка влегува предлог закони за стратегшки инвестиции во енергетиката, вредни над 700 милиони евра во предизборен период. Како вие гледате на ова сега?

Jас секогаш ќе ги поддржувам инвестициите во енергетскиот сектор. За овие инвестиции се преговара, се договара некаде од 2019 година и од премиерот Заев и од премиерот Ковачевски, инвестициите како како Митилинеос, Стипион и другите две веќе беа спомнувани повеќе пати во јавноста. Можеме да кажуваме дека сега до крај не е соодветен периодот, но секоја Влада, претпоставувам дека при крајот на својот мандат сака да ги усвои овие инвестиции, кои што се во вредност од речиси 800 милиони евра и со еден од такви проекти да оди на изборите.

Значи, во однос на стратешките инвестиции, тоа е еден од начините како може да се реализираат овие инвестиции. Кај две од тие, кај Стипион и Митилинеос, за одреден период им се гарантира цена и тој концепт во Македонија веќе се применува во изминатите 15 до 16 години. Тоа е класичен концепт на фидинг тарифа.

Ние со тој концепт на фидинг тарифа, до сега во државата ни се направија 130/140 мегавати мали хидроелектрани, кои што имаат повластена тарифа, се направија ветерни електрани од 72 мегавата и се направија 17 мегавати фотоволтаици, значи тоа се фотоволтаици кои што користат повластена тарифа.

Тој концепт на повластена тарифа не се применува само во Македонија, се применува насекаде во Европската Унија за да може да се привлечат инвеститори.

Со децении во земја се ветува и до сега не е изграден ниту еден грандиозен енергетски капацитет во ваква вредност, а сега некако се турка набрзинапред избори, колку се реални очекувањата дека ќе се достигнат роковите пред распишувањето на изборите, навистина се донесат овие закони за да можат да започнат инвеститорите со работа?

За 30 години независна Македонија изградила само, како држава кажувам, преку државната компанијата ЕСМ, изградила нешто меѓу 140 и 150 мегавати. Сето тоа останато што се изгради во енергетскиот сектор, се приватни инвестиции од приватниот сектор. Домашни компании, има и странски компании направија повеќе од 900 мегавати во овие 30 и нешто години, од кои само во последните две години се направени 600 мегавати.
Сега што треба да им кажеме на овие приватни инвестиции што се изградени? Да ги затвориме? Да идеме со чекани да ги кршиме фотоволтаиците? Да ги рушиме малите хидроелектрани? Тие се тука, наши електрани кои што и помагаат на Македонија.

Државата во изминатите 30 години, заради кусогледи политики, заради евтин популизам, од аспект- не можеме да градиме, ако градиме ќе ни расте цената, ако направиш нешто да, тоа има влијание и на цената. И се доведовме во ситуација да потрошиме речиси 400 милиони евра со разни субвенции во најголем дел за домаќинствата и да го изгаснеме пожарот. Додадената вредност ни е нула.

Во тие 30 години, ако сме сакале, ако сме можеле, ако сме биле мудри, ќе сме направеле и гасна електрана, ќе сме го направиле и Чебрен. Не го направивме. Ние треба да кажеме во државава, дали ќе живееме во пазарна економија или ќе живееме во една утопија која што ни се случуваше до 90.

Кога сме кај пазарната економија и тоа државата дали да инвестира или не, најголемата критика до сега во јавноста се однесуваше на една од четирите стратешки инвестиции, а тоа е за когенеративната централа на Метилинеос во Гази Баба. Зошто државата да не изгради еден баков објект во оваа ситуација? Државата ќе ја даде на грчката фирма 50 милиони евра, а нема да има никаков удел во централата.

Тие пари, преку данокот на добивка што ќе ги даде државата како помош, ќе се вратат назад во буџетот. Сега во однос на Митилинеос, покрај Митилинеос апсолутно, да земеме, треба да направи и ЕСМ. Но, да видиме за колку краток период може да го направи тоа државната компанија.

Ние сега дискутираме ЕСМ да гради, односно државата, ама јас ви тврдам. Ако една проектирана вредност на една инвестиција почне да ја прави ЕСМ, пред се ЕСМ работи по Закон за јавни набавки. Само да нема корупција, да нема мито, да нема ништо, само заради начинот на кој што ни функционира нашиот Закон за јавни набавки, ние ќе имаме сериозен проблем да го имплементираме.

Втора работа, од која што се плашам, и на сите ние јасно го гледаме, е корупцијата. Јас тврдам дека приватниот инвеститор, било кој, за било што, многу повеќе води сметка за своите пари, отколку што е државата.

Да се вратиме сега кај Митиленеос. Прва невистина која што се кажува е во делот на цената за топлинска енергија. Значи, со самиот договор е предвидено да се применува методологијата која што ја утврди Регулаторната комисија за енергетика во однос на определување на цена на топлинска енергија произведена од когенеративна постројка. Речиси, повеќе од дупло, цената на когенеративната постројка, Те-То за топлинска енергија, е поевтина од цената на топланите. Истата таа методологија ќе ја примениме и за Митиленеос. На место да имаме цена од 5,3 денари, ќе имаме цена од 2,5 денари.

Оваа топлинска енергија ќе води во централниот систем на топлинска енергија на градот Скопје, каде што имаме 58-59.000 потрошувачи. Апсолутно не вистина е дека ќе одела само во еден дел во Железара, во Автокоманда и во Маџари. А бе, луѓе, не можеме повеќе да го издржиме ова со лаги. Не е нормално.

Што кај се случува во ситуација во Те-То?

Те-То ќе си работи. Те-То е добар проект. Јас сум експерт, не навлегувам дали била руска, шпанска, италијанска. Тука е во Скопје, бисер ни е од технички аспект. Исклучиво ни помага во делот на стабилизирање на напонот на нашата мрежа и Те-То е одлична термоелектрана. Дај Боже да направевме уште 10 такви Те-Товци големи, мали, насекаде низ Македонија. Не ги направиме.

Доста живееме во некоја илузија дека ќе направевме, дека државата ќе направела. Кога била државата организирана, каква и да била од 1945 до 1990, тие кои што викаа дека не чинеле, тие направиле 1500 мегавати во енергетиката, особено во Македонија.

Ние увезуваме природен гас, увезуваме нафта, увезуваме и електрична енергија.

Значи, ние имаме неколку проекти кои што се извесни и треба да ги реализираме.Тоа е Чебрен, изградба на нова интерконективна со Грција врска и ширење на мрежи за природен гас на државата, развојно обновливи извори кои што не можат да дадат бесконечно. Нашата преносна мрежа, дистрибутивна, има капацитети, тоа ќе заврши, и сега треба да ги гледаме начинот како да ги развиваме батериите.

И сега не успевам да разберам како сите политички елити во државата за овие проекти не се договорат и да кажат „да, ќе ги тераме“.

Чебрен не може да се заврши една влада за еден мандат од 4 години, не е тоа како Скопје 2014. Значи, треба време, ама треба да се постигне општ политички консензус.

Дека овие инвестиции за да ни се развива македонската економија, мора да се случат. Следната енергетска криза, како ова е што ја имавме, ние ќе немаме електрична енергија. До таму ја отиде на работата, да не се лажеме.

Дел од граѓаните се жалат дека добија изминати од месец по високи сметки за струја. Веќе е пристигнале над 30 жалби до Регулатурната комисија.А се уште не се поделени сите сметки. На што се должи ова покачување во сметките на струјата? Дали е поради тоа што ЕВН Хоум сега сама си пресметува или пак станува збор за некоја друга причина?

Јасно е дека има зголемен број на домаќинства од вообичаеното каде што претпоставката за потрошена електрична енергија очигледно е превисока. Кај најголем дел од жалбите кои што се водат кај нас, ние ќе ги прифатиме.

И тоа ќе ги прифатиме на следниот начин. Доколку периодот на отчитувањето е 90 дена, ќе се направи една конечна пресметка, каде што, бидејќи периодот на отчитување е 90 дена, а првиот блок го сведуваме на дневно ниво, иако е за еден месец тоа е 210 киловат часови, а ако е за 90 дена е 90 по 7, 630 киловат часови.

Значи ќе направат ЕВН Хоум конечна пресметка, таму каде што не е отчитано во изминатиот период редовно, точно за периодот помеѓу две отчитувања и тоа што го пратил граѓанинот предходно, ќе му биде земено во предвид.

На тој начин ќе му обезбедиме, непотребни количини на електрична енергија да не му одат во четвртиот блок и заради тоа велам дека блоковите, наместо периодот, ако е 90 дена на отчитување, првиот блок нема да биде 210 кило часови, туку ќе биде 630 кило часови, вториот блок ќе биде исто така како што е сега од 630 помножен до 3, така да за да имаат граѓаните реална пресмета, и во наредниот период ќе ги носиме ние нашите одлуки во однос на жалбите на граѓаните и ќе бидат базирани на ова. Се разбира, ако отчитувањето било точно и одредено во периодот 30 дена, тоа е тоа.

Ова важи само за тие што поднеле жалба?

Па, да тие што се незадоволни од своите сметки.

Повеќе од разговорот со Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика Марко Бислимовски може да погледнете во видеото погоре.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG