Достапни линкови

Тахири: Изјавите на Стефановиќ се провокација


Едита Тахири

Едита Тахири

Шефот на приштинскиот тим во преговорите со Белград Едита Тахири ја оцени како провокативна изјавата на нејзиниот српски колега Борислав Стефановиќ дека поделбата на Косово може да биде тема на дијалогот, отфрлајќи ја таквата можност. „Нашиот став е јасен, концептот е дека дијалогот е за технички прашања и дека никогаш нема да бидат прифатени политички теми. Можам да кажам дека таквите идеи доаѓаат од Србија и дека изјавите на господинот Стефановиќ го дестабилизираат регионот“ изјави Тахири за приштинскиот весник „Експрес“. Таа смета дека „косовската Влада доведе до прогресивна политика, јакнење на мирот и стабилноста во регионот, добрососедство, како и патот кон евроатланските интеграции“. Тахири демантираше дека во текот на трите рунди разговори со белградската делегација имало тенденции за дискусија околу темата за поделба.
XS
SM
MD
LG